ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/4 стр. 9-14
  • Верата и твојата иднина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Верата и твојата иднина
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Какво било минатото?
  • Нема човечки решенија
  • Како Јеховините сведоци гледаат на иднината
  • Иднината на човечкото владеење
  • Положи вера во Јеховините ветувања
  • Имај доверба дека Јехова ќе ја исполни својата намера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Божјата намера наскоро ќе се оствари
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Божјето Царство — новото владетелство над Земјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Јехова ги исполнува своите ветувања на верните
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/4 стр. 9-14

Верата и твојата иднина

„Верата е загарантирано очекување на работи на кои се надеваме“ (ЕВРЕИТЕ 11:1, NW).

1. Каква иднина сакаат повеќето луѓе?

ДАЛИ си заинтересиран за иднината? Повеќето луѓе се. Она на кое тие се надеваат е иднина на мир, слобода од стравот, пристојни услови за живеење, продуктивна и пријатна работа, добро здравје и долг живот. Без сомнение, секоја генерација во историјата ги сакала тие работи. А денес, во овој свет кој е толку исполнет со неволји, таквите околности се попожелни од кога и да било порано.

2. Како еден државник изнел едно гледиште за иднината?

2 Како што човештвото се движи кон 21 век, дали постои некаков начин да се одреди каква ќе биде иднината? Еден начин изнел американскиот државник Патрик Хенри пред повеќе од 200 години. Тој рекол: „Не знам ниеден друг начин да се просуди иднината освен преку минатото“. Според ова гледиште, иднината на човечкото семејство во прилична мера може да се знае преку она што го правел човекот во минатото. Многумина се сложуваат со таа идеја.

Какво било минатото?

3. Што покажува записот на историјата во врска со изгледите за иднината?

3 Доколку иднината треба да биде одраз на минатото, дали увидуваш дека тоа е охрабрувачки? Дали иднината на претходните генерации се подобрила низ вековите? Всушност не. И покрај надежите што луѓето ги имале со илјадници години и покрај материјалниот напредок во некои места, историјата била исполнета со угнетување, криминал, насилство, војна и сиромаштија. Овој свет доживувал една несреќа по друга, воглавно нанесена од незадоволителната човечка влада. Библијата точно наведува: „Човекот господари над човек на своја штета“ (Проповедник 8:9).

4, 5. а) Зошто луѓето имале надеж во почетокот на 20 век? б) Што се случило со нивните надежи за иднината?

4 Факт е дека лошата историја на човештвото се повторува — само во уште поголем и попогубен размер. Овој 20 век е доказ за тоа. Дали човештвото научило од грешките во минатото и дали ги избегнувало? Па, во почетокот на овој век, многу имале доверба во една подобра иднина поради тоа што постоел еден релативно долг период на мир и поради напредокот во индустријата, науката и образованието. Еден универзитетски професор рекол дека во раните 1900-ти се верувало дека војната повеќе не е возможна бидејќи „луѓето се прецивилизирани“. За гледиштето на луѓето во тоа време, еден поранешен британски премиер рекол: „Сѐ ќе биде подобро и подобро. Тоа беше светот во кој бев роден јас“. Но потоа, тој навел: „Одеднаш, неочекувано, едно утро во 1914 сето тоа заврши“.

5 И покрај тоа што во тоа време преовладувала верата во една подобра иднина, новиот век тукушто почнал кога светот бил проголтан во најлошата катастрофа која некогаш ја предизвикал човекот — I светска војна. Како пример за нејзината природа, разгледај што се случило во 1916 во една битка кога британските трупи ги нападнале германските позиции кај реката Сома во Франција. За само неколку часови, Британците претрпеле загуба од 20.000 лица, а биле убиени многумина и на германската страна. Тој четиригодишен колеж ги одзел животите на скоро десет милиони војници и на многу цивили. Некое време француското население опаднало поради тоа што биле изгубени толку многу мажи. Стопанството било уништено, што водело до Големата Депресија во 1930-тите. Не е ни чудо што некои рекле дека денот кога започнала I светска војна бил денот кога светот полудел!

6. Дали животот се подобрил после I светска војна?

6 Дали тоа било иднината на која се надевала таа генерација? Не, далеку од тоа. Нивните надежи биле разбиени; ниту, пак, сето тоа водело кон нешто подобро. Само 21 година после I светска војна, односно во 1939, започнала една многу полоша катастрофа предизвикана од човекот — II светска војна. Таа ги одзела животите на околу 50 милиони мажи, жени и деца. Масовните бомбардирања ги претвориле градовите во прав. Во I светска војна, во една битка за само неколку часови биле убиени неколку илјади војници додека, пак, во II светска војна, само две атомски бомби убиле преку 100.000 луѓе за само неколку секунди. Она што некои го сметаат за уште полошо било систематското убивање на милиони во нацистичките концентрациони логори.

7. Каква е реалноста за целиот овој век?

7 Неколку извори наведуваат дека доколку ги вклучиме војните меѓу нациите, цивилните конфликти и смртта, кои владите им ги задале на сопствените граѓани, оние кои се убиени во овој век би броеле околу 200 милиони. Еден извор дури проценува бројка од 360 милиони. Замисли со го ужасот на сето тоа — болката, солзите, маката и уништените животи! Освен тоа, од причини поврзани со сиромаштијата секој ден умираат просечно по околу 40.000 луѓе, претежно деца. Трипати повеќе од тој број секој ден се убивани со абортуси. Исто така, околу една милијарда луѓе се премногу сиромашни за да ја набават храната која им е потребна за да работат една нормална секојдневна работа. Сите овие состојби се доказ за она што е претскажано во библиското пророштво дека живееме во „последните денови“ од овој злобен систем на ствари (2. Тимотеј 3:1—5, 13; Матеј 24:3—12; Лука 21:10, 11; Откровение 6:3—8).

Нема човечки решенија

8. Зошто човечките водачи не можат да ги решат светските проблеми?

8 Како што овој 20 век се приближува кон својот крај, неговото искуство можеме да го додадеме кон искуството од изминатите векови. И, што кажува таа историја? Таа ни кажува дека човечките водачи никогаш не ги решиле главните проблеми во светот, дека не ги решаваат сега и дека нема да ги решат ни во иднина. Едноставно, вон нивната способност е да обезбедат таква иднина каква што сакаме ние, без разлика на тоа колку можеби се добронамерни. А некои кои се на власт не се баш толку добронамерни; тие бараат позиција и моќ заради сопствените егоистични и материјални цели, а не заради доброто на дугите.

9. Зошто постои причина да се сомневаме во тоа дали науката ги има одговорите за човековите проблеми?

9 Дали науката ги има одговорите? Не, ако го земеме предвид минатото. Владините научници потрошиле огромна сума пари, време и напор развивајќи страшно деструктивни хемиски, биолошки и други видови оружје. Нациите, вклучувајќи ги и оние кои најмалку можат да го купат, трошат над 700 милијарди долари годишно за вооружување! Исто така, ‚научниот прогрес‘ е делумно одговорен за хемиските материи кои придонесуваат за загадување на воздухот, почвата, водата и храната.

10. Зошто дури и образованието не осигурува една подобра иднина?

10 Можеме ли да се надеваме дека образовните институции на светот ќе помогнат да се изгради една подобра иднина со тоа што ќе поучуваат за високи морални мерила, обѕир кон другите и љубов кон ближниот? Не. Наместо тоа, тие се сосредоточуваат на кариерата, на печалењето пари. Тие предизвикуваат еден многу натпреварувачки дух, а не дух на соработка; ниту, пак, училиштата учат за моралот. Наместо тоа, многу од нив преминуваат преку сексуалната слобода, која довела до огромен пораст на тинејџерски бремености и сексуално преносливи болести.

11. Како досието на деловните претпријатија фрлило сомневање за иднината?

11 Дали големите стопански претпријатија на светот ненадејно ќе бидат мотивирани добро да се грижат за нашата планета и да покажуваат љубов кон другите произведувајќи продукти кои ќе бидат од вистинска корист а не само за профит? Тоа е неверојатно. Дали ќе престанат да произведуваат телевизиски програми исполнети со насилство и неморал кои придонесуваат за деградирањето на умовите на луѓето, особено кај младите? Неодамнешното минато воопшто не е охрабрувачко бидејќи, во најголем дел, телевизијата станала канализација на неморал и насилство.

12. Каква е човечката состојба што се однесува до болеста и смртта?

12 Понатаму, колку и да се искрени лекарите, тие не можат да ги победат болеста и смртта. На пример, на крајот од I светска војна, тие не можеле да го запрат шпанскиот грип; тој одзел околу 20 милиони животи ширум светот. Денес земаат замав срцевите заболувања, ракот и други смртоносни болести. Медицинскиот свет не ја победил ни современата чума — СИДА-та. Напротив, еден извештај од ОН објавен во ноември 1997 заклучил дека стапката со која се шири вирусот на СИДА е удвоен во однос на претходните проценки. Веќе милиони умреле од неа. Во една од претходните години се инфицирале уште три милиони лица.

Како Јеховините сведоци гледаат на иднината

13, 14. а) Како Јеховините сведоци гледаат на иднината? б) Зошто луѓето не можат да донесат подобра иднина?

13 Меѓутоа, Јеховините сведоци веруваат дека човештвото има светла иднина, најдобрата! Но, тие не очекуваат таа подобра иднина да дојде преку човечки напори. Наместо тоа, тие се ослонуваат на Творецот, Јехова Бог. Тој знае каква ќе биде иднината, а таа ќе биде прекрасна! Исто така, тој знае дека луѓето не можат да донесат една таква иднина. Бидејќи Бог ги создал нив, тој ги знае нивните ограничувања далеку подобро од кој и да е друг. Во својата Реч, тој јасно ни кажува дека не ги создал луѓето со способност успешно да владеат без божествено водтсво. Божјето долготрајно допуштање на човечкото владеење независно од Него, ја демонстрирало таа неспособност, вон секакво сомнение. Еден автор признал: „Човечкиот ум ги испробал сите можни комбинации на сувереност, и — напразно“.

14 Во Јеремија 10:23 ги читаме зборовите на инспирираниот пророк: „Знам, Господи, дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои“. Исто така, Псалм 145:3 наведува: „Не надевајте се на кнезовите и на синовите човечки, во нив нема спасение“. Всушност, бидејќи сме родени несовршени, како што покажува Римјаните 5:12, Божјата Реч нѐ предупредува да немаме доверба ниту во себе. Јеремија 17:9 (NW) вели: „Срцето е поподмолно од сѐ друго“. Затоа, Изреки 28:26 изјавува: „Кој се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ќе биде спасен“.

15. Каде можеме да ја најдеме мудроста која ќе нѐ води?

15 Каде можеме да ја најдеме таа мудрост? „Почеток на мудроста е стравот Господов, и познавањето на светиот е разум“ (Изреки 9:10). Само Јехова ја има мудроста која може да нѐ води низ овие страшни времиња. И тој може преку Светото писмо да ни даде пристап кон неговата мудрост, кое го инспирирал за наше водство (Изреки 2:1—9; 3:1—6; 2. Тимотеј 3:16, 17).

Иднината на човечкото владеење

16. Кој ја одредил иднината?

16 Тогаш, што ни кажува Божјата Реч за иднината? Таа ни кажува дека иднината сигурно нема да го одразува она што го правеле луѓето во минатото. Затоа, гледиштето на Патрик Хенри било погрешно. Иднината на оваа Земја и на луѓето на неа треба да биде одредена, не од луѓето, туку од Јехова Бог. На Земјата ќе се врши неговата волја, а не волјата на кои и да било луѓе или нации од овој свет. „Во срцето на човекот има многу мисли, но се извршува само определената од Господа“ (Изреки 19:21).

17, 18. Каква е Божјата волја за нашево време?

17 Која е Божјата волја за нашево време? Тој има намера да донесе крај на овој насилен, неморален систем на ствари. Вековното лошо владеење на луѓето наскоро ќе биде заменето со едно владетелство на Божјето создавање. Пророштвото кое се наоѓа во Даниил 2:44 наведува: „И во деновите на тие царства [што постојат денес] небесниот Бог ќе подигне царство [на небото], кое нема да се разруши никогаш, и тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно“. Царството ќе го отстрани и злото влијание на Сатана Ѓаволот, нешто што луѓето никогаш не би можеле да сторат. Неговото владетелство над овој свет ќе престане засекогаш (Римјаните 16:20; 2. Коринтјаните 4:4; 1. Јованово 5:19, NW).

18 Забележи дека небесната влада ќе ги избрише од постоење сите облици на човечко владеење. Управувањето со оваа Земја нема да им биде оставено на луѓето. На небото, оние кои го сочинуваат Божјето Царство ќе ги контролираат сите земни работи за доброто на човештвото (Откровение 5:10; 20:4—6). На Земјата, луѓето ќе соработуваат со директивите од Божјето Царство. Тоа е владетелството за кое Исус нѐ научил да се молиме, кога рекол: „Да дојде Царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото така и на Земјата“ (Матеј 6:10).

19, 20. а) Како Библијата го опишува уредувањето на Царството? б) Што ќе направи неговото владеење за човештвото?

19 Јеховините сведоци ја полагаат својата вера во Царството на Бог. Тоа е ‚новото небо‘ за кое пишувал апостол Петар: „Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се настани правда“ (2. Петрово 3:13). ‚Новата земја‘ е новото човечко општество со кое ќе владее новото небо, Божјето Царство. Тоа е уредувањето кое Бог во една визија му го открил на апостол Јован, кој напишал: „Видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина . . . И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:1, 4).

20 Забележи дека новата земја ќе биде праведна. Сите неправедни елементи ќе бидат отстранети преку едно Божје дело — битката Армагедон (Откровение 16:14, 16). Пророштвото во Изреки 2:21, 22 го наведува тоа вака: „Зашто праведните ќе живеат на земјата, и непорочните ќе опстанат на неа; а беззакониците ќе бидат истребени од земјата“. И Псалм 36:9 ветува: „Оние, што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господа, ќе ја наследат земјата“. Зарем не би сакал да живееш во еден таков нов свет?

Положи вера во Јеховините ветувања

21. Зошто можеме да положиме вера во Јеховините ветувања?

21 Можеме ли да положиме вера во Јеховините ветувања? Слушај што наведува тој преку својот пророк Исаија: „Спомнете си за она што било порано, од крајот на векот; земете го тоа при срце, зашто Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене. Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: ‚Мојата одлука ќе се изврши, и сѐ што Ми е угодно — ќе го направам‘“. Последниот дел од стих 11 вели: „Јас реков — и ќе го извршам тоа; замислив — и ќе го направам“ (Исаија 46:9—11). Да, ние можеме да имаме вера во Јехова и во неговите ветувања со толкава сигурност како тие ветувања да се веќе обистинети. Библијата го изразува тоа на овој начин: „Верата е загарантирано очекување на работи на кои се надеваме, очигледен доказ за стварности, иако не се гледаат“ (Евреите 11:1, NW).

22. Зошто можеме да имаме доверба дека Јехова ќе ги исполни своите ветувања?

22 Понизните луѓе покажуваат таква вера бидејќи знаат дека Бог ќе ги исполни своите ветувања. На пример, во Псалм 36:29 читаме: „Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“. Можеме ли да веруваме во тоа? Да, бидејќи Евреите 6:18 вели: „Не е можно Бог да излаже“. Дали Бог ја поседува Земјата, така што може да им ја даде на понизните? Откровение 4:11 изјавува: „Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено“. Затоа, Псалм 23:1 вели: „Господова е земјата и она што ја исполнува“. Јехова ја создал Земјата, ја поседува и им ја дава на оние кои имаат вера во него. За да ни помогне да ја изградиме својата доверба во ова, следната статија ќе покаже како Јехова ги одржувал своите ветувања на својот народ во изминатите времиња, како и во наше време, и зошто можеме да имаме апсолутна доверба дека ќе го стори тоа и во иднина.

Точки за повторување

◻ Што се случило со надежите на луѓето низ историјата?

◻ Зошто не треба да се ослонуваме на луѓето за подобра иднина?

◻ Која е Божјата волја во врска со иднината?

◻ Зошто имаме доверба дека Бог ќе ги исполни своите ветувања?

[Слика на страница 10]

Библијата точно наведува: ‚Не е во власта на човекот . . . да ги исправа стапките свои‘ (Јеремија 10:23)

[Извор на слика]

Бомба: U.S. National Archives photo; изгладнети деца: WHO/OXFAM; бегалци: UN PHOTO 186763/J. Isaac; Мусолини и Хитлер: U.S. National Archives photo

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели