ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/5 стр. 26-29
  • Промена на доделбата на 80 години

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Промена на доделбата на 80 години
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиската вистина го менува нашиот живот
  • Примери кои нѐ зајакнуваа
  • Пионерење во Источна Англија
  • Време на војна и семејство
  • Нашата одлука да се преселиме во Шпанија
  • „Бидејќи ја имаме оваа служба . . . не се предаваме“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Мајки — учете од примерот на Евника
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Пионерите даваат, но и примаат благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Да се држат очите и срцето вперени кон наградата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/5 стр. 26-29

Промена на доделбата на 80 години

РАСКАЖАЛА ГВЕНДОЛАЈН МЕТЈУС

Кога наполнив 80 години, мојот сопруг и јас одлучивме да спакуваме сѐ што поседуваме во едно изнајмено комбе и од Англија да се преселиме во Шпанија. Не зборувавме шпански, а одевме во југозападна Шпанија, далеку од местата каде обично навраќаат туристите кои зборуваат англиски. Повеќето од нашите пријатели мислеа дека сме луди, но јас весело се потсетував на тоа дека Авраам имал 75 години кога го напуштил Ур.

КАКО што испадна, нашите години во Шпанија, откако пристигнавме овде во април 1992, се едни од најнаградувачките во нашиот живот. Но, пред да објаснам зошто се преселивме, дозволете ми да ви кажам како нашиот животен век во Јеховината служба нѐ наведе да донесеме една таква крупна одлука.

Библиската вистина го менува нашиот живот

Бев одгледана во религиозен дом во југозападен Лондон (Англија). Мајка ми имаше обичај сестра ми и мене да нѐ носи на различни места на обожавање додека трагаше по духовно задоволство. Татко ми, кој беше хронично болен од туберкулоза, не нѐ придружуваше. Но, беше страстен читател на Библијата, и секојпат кога ќе најдеше некој пасус кој го просветлил, тој го подвлекуваше. Еден од моите најдрагоцени поседи е таа излитена Библија која толку многу му значеше.

Во 1925, кога имав 14 години, под нашата врата беше оставен еден трактат кој нѐ покани на едно јавно предавање во градското собрание во Вест Хам. Мајка ми и една сосетка одлучија да присуствуваат на говорот, а сестра ми и јас ги придружувавме. Тој говор, „Милиони кои сега живеат нема никогаш да умрат“, го посеа семето на библиската вистина во срцето на мајка ми.

После неколку месеци умре татко ми, на возраст од 38 години. Неговата смрт беше страшен удар, бидејќи нѐ остави со скршено срце, како и лишени од основните средства. На погребната литургија одржана во локалната Англиканска црква, мајка ми беше шокирана кога чу како свештеникот тврди дека душата на татко ми е на небото. Таа од Библијата знаеше дека мртвите спијат во гробот и цврсто веруваше дека еден ден татко ми ќе воскресне за вечен живот на Земјата (Псалм 36:9—11, 29; 145:3, 4; Проповедник 9:5; Дела 24:15; Откровение 21:3, 4). Убедена дека мора да се поврзе со луѓето кои поучуваат за Божјата Реч, таа реши да го негува своето познанство со Меѓународните библиски студенти, како што тогаш се нарекуваа Јеховините сведоци.

Бидејќи немавме пари за превоз, секоја седмица по два часа одевме пеш од дома до состаноците на Јеховините сведоци. После тоа, поминувавме уште два часа макотрпно пешачејќи накај дома. Но, неизмерно ги ценевме тие состаноци и никогаш не пропуштавме ниту еден, па дури и кога ноторната лондонска магла ќе го завиткаше градот. Набрзо, мајка ми реши да му го предаде својот живот на Јехова и се крсти, а во 1927 се крстив и јас.

И покрај нашите економски потешкотии, мајка ми секогаш ме поучуваше за важноста на духовните приоритети. Матеј 6:33 беше еден од нејзините омилени стихови и таа навистина го ‚бараше најнапред Царството‘. Правеше планови да се јави на повикот за полновремени министри кои можеа да се преселат за да служат во Франција, кога умре предвреме од рак во 1935.

Примери кои нѐ зајакнуваа

Во тие рани години, некои кои беа присутни на состаноците во Лондон сакаа да прокламираат свои сопствени идеи, и тие луѓе подбуцнуваа кавги и груби изливи. Сепак, мајка ми секогаш велеше дека би било нелојално да се напушти Јеховината организација после сѐ што научивме од неа. Посетите од страна на Џозеф Ф. Ратерфорд, тогашниот претседател на Watch Tower Bible and Tract Society, нѐ стимулираа да продолжиме лојално да служиме.

Се сеќавам на брат Ратерфорд како на љубезен, пристаплив човек. Кога сѐ уште бев тинејџерка, лондонското собрание имаше еден излет на кој беше присутен и тој. Тој ме здогледа — некако срамежлива тинејџерка — со еден фотоапарат и ме праша дали би сакала да се сликам со него. Таа слика ми стана еден длабоко ценет спомен.

Подоцна, едно искуство ми остави впечаток за контрастот меѓу оние кои го преземаат водството во христијанското собрание и проминентните мажи во светот. Послужував како келнерка во една голема лондонска куќа, во која за ручек беше поканет Франц фон Папен, еден од Хитлеровите емисари. Тој одби да го симне својот дворски меч додека јадеше, и јас се спрепнав од него и ја истурив супата што ја носев. Тој налутено даде забелешка дека во Германија таква негрижа би водела до тоа да бидам стрелана. До крајот на оброкот се држев подалеку од него!

Еден значаен конгрес, каде што го чув брат Ратерфорд како зборува, беше одржан во Александра Палас во 1931. Таму одушевено го усвоивме нашето ново име, Јеховини сведоци (Исаија 43:10, 12). Две години подоцна, во 1933, стапив во пионерската служба, како што е наречена полновремената служба. Еден друг благослов на кој се сеќавам од тие години беше тоа што можев да се дружам со некои фини млади мажи кои подоцна станаа мисионери во распространети делови од Земјата. Во нив спаѓаа Клод Гудмен, Харолд Кинг, Џон Кук и Едвин Скинер. Таквите верни примери ме наведоа да сакам да служам на странското поле.

Пионерење во Источна Англија

Мојата пионерска доделба беше Источна Англија, каде што проповедањето бараше одушевеност и ревност. За да го обработиме нашето огромно подрачје, патувавме со велосипед од град до град и од село до село, а престојувавме во изнајмени соби. Во тоа подрачје едвај имаше по некое собрание, па затоа мојата партнерка и јас самите дискутиравме заедно за сите делови од редовните седмични состаноци. Во нашата служба дававме стотици книги и брошури кои ги објаснуваа Божјите намери.

Една значајна посета имавме во еден парохов дом каде што разговаравме со локалниот викар од Англиканската црква. Во повеќето подрачја, нашата посета кај англиканскиот викар ја одложувавме за на крај, бидејќи тој честопати ни правеше проблеми кога ќе дознаеше дека ја проповедаме добрата вест во тоа подрачје. Но, во тоа село секој добро зборуваше за викарот. Тој ги посетувал болните, им позајмувал книги на оние кои уживале во читањето, па дури и правел домашни посети кај своите парохијани за да им ја објаснува Библијата.

И навистина, кога го посетивме, тој беше крајно пријателски настроен и прифати извесен број книги. Исто така, тој нѐ увери дека ако некој во селото сака да има некои од нашите книги, но не би имал средства за нив, тој би го покрил трошокот. Дознавме дека неговите страшни искуства од I светска војна го направиле одлучен да унапредува мир и добра волја во својата епархија. Пред да си заминеме, тој ни го даде неговиот благослов и нѐ охрабри да продолжиме со нашето добро дело. Неговите проштални зборови беа оние од 4. Мојсеева 6:24: ‚Да ве благослови Господ и да ве чува!‘

Мајка ми умре по две години откако започнав со пионерењето, па така се вратив во Лондон без пари и без семејство. Една драга сестра, шкотски Сведок, ме зема под нејзина закрила, ми помогна да излезам на крај со смртта на мајка ми и ме охрабри да продолжам со полновремената служба. Така, се вратив во Источна Англија со Џулија Ферфакс, новата пионерска партнерка. Средивме една стара приколка за да ни служи како полуподвижен дом; користевме трактор или камион за да ја движиме од едно место до друго. Заедно со една постара двојка, Алберт и Етел Абот, која исто така имаше мала приколка, продолживме да проповедаме. Алберт и Етел ми станаа како родители.

Додека пионерев во Кембриџ, го запознав Џон Метјус, еден фин христијански брат кој веќе го имаше докажано својот интегритет кон Јехова под тешки околности. Се венчавме во 1940, недолго после почетокот на Втората светска војна.

Време на војна и семејство

Кога бевме нововенчана двојка, наш дом беше една малечка приколка со големина отприлика колку една мала кујна, а во нашата служба се движевме со еден сигурен мотоцикл. Една година после венчавката, на Џон му беше изречена казна да работи како физички работник на фарма кога поради своите библиски темелени убедувања одби да извршува воена служба (Исаија 2:4). Иако тоа значеше крај на нашето пионерење, казната на Џон се докажа како пратена од Господ, бидејќи јас очекував бебе и тој можеше да нѐ издржува.

Во текот на воените години, се радувавме на специјалните состаноци кои се одржуваа и покрај тешкотиите. Во 1941, нашиот мотоцикл нѐ однесе Џон и мене — бремена со нашето прво дете — во Манчестер, на далечина од 300 километри. По патот поминавме низ многу бомбардирани градови и се прашувавме дали состанокот би можел да се одржи под такви околности. Но, се одржа. Салата за Слободна трговија во центарот на Манчестер беше начичкана со Сведоци од многу делови на Англија, и беше изнесена целата програма.

Во заклучокот на својот говор, последниот говорник на конгресот им рече на присутните дека треба веднаш да ги напуштат просториите, зашто се очекува воздушен напад. Предупредувањето беше навремено. Бевме недалеку од салата кога чувме сирени и противавионско огнено оружје. Свртувајќи се, здогледавме десетици авиони кои испуштаа бомби во центарот на градот. На таа далечина, меѓу пожарите и чадот, можевме да ја видиме салата во која неодамна седевме — беше потполно уништена! Благодарни сме што не беше убиен ниту еден од нашите христијански браќа или сестри.

Додека ги подигавме нашите деца, не можевме да пионериме, но го отворивме нашиот дом за патувачките надгледници и за пионерите кои немаа сместување. Едно време, во нашиот дом неколку месеци престојуваа шест пионери. Без сомнение, дружењето со таквите лица беше една од причините поради која нашата ќерка Јунес избра да започне со пионерење во 1961, кога имаше само 15 години. За жал, нашиот син Дејвид, кога порасна, не продолжи да му служи на Јехова, а другата наша ќерка, Линда, умре за време на војната под трагични околности.

Нашата одлука да се преселиме во Шпанија

Примерот и охрабрувањето од мајка ми ја потстрекнаа во мене желбата да бидам мисионер, и никогаш потполно не ја изгубив од вид таа цел. Така, бевме многу восхитени кога во 1973 Јунес од Англија замина за Шпанија каде што имаше поголема потреба од објавители на Царството. Се разбира, ни беше жал што гледавме како си заминува, но бевме и горди што таа сакаше да служи во странска земја.

Низ годините ја посетувавме Јунес и добро ја запознавме Шпанија. Всушност, Џон и јас ја посетивме на четири од нејзините различни доделби. Потоа, како што годините одминуваа, нашата сила почна да нѐ напушта. Џон доживеа едно паѓање што сериозно влијаеше врз неговото здравје, а јас имав проблеми со срцето и со тироидната жлезда. Освен тоа, обајцата страдавме од артритис. Иако навистина ни беше потребна помошта од Јунес, не сакавме таа да ја напушти својата доделба заради нас.

Дискутиравме со Јунес за нашите алтернативи и се молевме за водство. Таа беше спремна да си дојде дома за да ни помогне, но ние одлучивме дека најдоброто решение би било Џон и јас да живееме со неа во Шпанија. Ако јас самата не можев да бидам мисионер, барем можев да ја поддржувам мојата ќерка и нејзините две пионерски придружнички во полновремената служба. Оттогаш, Џон и јас ги сметавме Нурија и Ана — двете пионерски партнерки на Јунес околу 15 години — како наши ќерки. И тие се среќни што одиме да живееме со нив секаде каде што би можеле да бидат доделени.

Поминаа повеќе од шест години откако ја донесовме таа одлука. Нашето здравје понатаму не се влоши, а нашиот живот секако стана поинтересен. Сѐ уште не можам многу да зборувам шпански, но тоа не ме спречува да проповедам. Џон и јас се чувствуваме како дома во нашето мало собрание во Екстремадура, југозападна Шпанија.

Од живеењето во Шпанија научив многу за меѓународната природа на нашето дело на проповедање на Царството, и сега многу појасно разбирам дека, како што рекол Исус Христос, „нивата е овој свет“ (Матеј 13:38).

[Слики на страница 28]

Пионерење во 1930-тите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели