ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/11 стр. 21-24
  • Кои биле Макавејците?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кои биле Макавејците?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Плима на хеленизам
  • Расипаност на свештениците
  • Антиох презема акција
  • Макавејците реагираат
  • Храмот е повратен
  • Политиката над побожноста
  • Хасмонејците и нивната оставина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Јудаизам — потрага по Бог преку Писмо и традиција
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Два цара во конфликт
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Светлината става крај на едно време на темнина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/11 стр. 21-24

Кои биле Макавејците?

ЗА МНОГУМИНА периодот на Макавејците е како една црна кутија која е скриена меѓу довршувањето на последните книги од Хебрејските списи и доаѓањето на Исус Христос. Исто како што со проучувањето на црната кутија после некоја авионска несреќа се откриваат извесни детали, така може да се добие извесен увид преку едно внимателно испитување на макавејската ера — ера на преод и преобразување на еврејската нација.

Кои биле Макавејците? Како влијаеле врз јудаизмот пред да дојде претскажаниот Месија? (Даниил 9:25, 26).

Плима на хеленизам

Александар Велики ги освоил подрачјата од Грција па сѐ до Индија (336—323 пр. н. е.). Неговото огромно царство било причина за ширење на хеленизмот — јазикот и културата на Грција. Службениците и војниците на Александар се женеле со мештанките, предизвикувајќи претопување на грчката култура со странските. Откако умрел, неговото царство било поделено меѓу неговите генерали. Во почетокот на вториот век пр. н. е. Антиох III од грчката селевкиска династија во Сирија го презел Израел од контролата на Птоломеевите Грци од Египет. Како влијаела хеленистичката влада врз Евреите во Израел?

Еден историчар пишува: „Бидејќи Евреите не можеле да го избегнат контактот со нивните хеленизирани соседи, а уште помалку со своите браќа кои биле во странство, впивањето на грчката култура и на грчкиот начин на размислување било неизбежно . . . Самото дишење во хеленистичкиот период вклучувало впивање на грчката култура!“ Евреите си усвоиле грчки имиња. До различни степени усвоиле грчки обичаи и начини на облекување. Едвај забележливата моќ на асимилацијата била во подем.

Расипаност на свештениците

Најподложни на хеленистичкото влијание меѓу Евреите биле свештениците. За многумина од нив, прифаќањето на хеленизмот значело дозволување јудаизмот да оди во чекор со времето. Еден таков Евреин бил Јасон (на хебрејски наречен Исус Навин), братот на првосвештеникот Ониј III. Додека Ониј бил отсутен во Антиохија, Јасон им понудил мито на грчките власти. Зошто? За да ги наведе да го назначат него како првосвештеник на местото на Ониј. Грчкиот селевкиски владетел Антиох Епифан (175—164 пр. н. е.) спремно ја прифатил таа понуда. Грчките владетели претходно не се плеткале со еврејското првосвештенство, но на Антиох му биле потребни пари за воени кампањи. Исто така, му било драго да има некој еврејски водач кој поактивно би ја унапредувал хеленизацијата. На барање на Јасон, Антиох му дал на Ерусалим статус на грчки град (полис). Јасон, пак, изградил фискултурна сала каде што во игрите се натпреварувале младите Евреи па дури и свештениците.

Предавството зачнува предавство. Три години после тоа, Менелај, кој можеби не бил од свештеничка лоза, понудил уште поголемо мито, а Јасон побегнал. За да му плати на Антиох, Менелај ја зел огромната сума пари од ризницата на храмот. Бидејќи Ониј III (во изгнанство во Антиохија) отворено зборувал против тоа, Менелај средил да биде убиен.

Кога се раширил гласот дека Антиох умрел, Јасон се вратил во Ерусалим со илјада мажи во обид да го преземе првосвештенството од Менелај. Но, Антиох не бил умрен. Откако чул за акцијата на Менелај и за метежот меѓу Евреите во пркос на неговата политика на хеленизација, Антиох реагирал со сета сила.

Антиох презема акција

Во својата книга The Maccabees, Моша Перлмен пишува: „Иако записите не се јасни, изгледа Антиох заклучил дека дозволувањето религиозна слобода на дејствување на Евреите е политичка грешка. Според него, неодамнешната побуна во Ерусалим не потекнала чисто од религиозни мотиви, туку од преовладувањето на проегипетско расположение во Јудеја. Овие, пак, политички чувства биле изразени на еден опасен начин баш затоа што единствено Евреите, од сиот негов народ, побарале и им бил дозволен религиозен сепаратизам во голема мера . . . Тој решил да се запре сето тоа“.

Израелскиот државник и изучувач Аба Ебан резимира што следувало после тоа: „Во еден брз редослед во текот на 168 и 167 година [пр. н. е.], Евреите биле масакрирани, храмот бил опљачкан, а практикувањето на еврејската религија забрането. Обрежувањето станало казниво со смрт, како што било и одбележувањето на Сабатот. Крајната навреда дошла во декември 167 година, кога по наредба на Антиох во храмот бил подигнат олтар на Зевс, а од Евреите се барало да жртвуваат месо од свиња — се разбира, нечиста според еврејскиот закон — на богот на Грците“. Во текот на тој период, Менелај и другите хеленизирани Евреи останале на своите позиции, вршејќи ја должноста во еден сега извалкан храм.

Иако многу Евреи го прифатиле хеленизмот, една нова група кои се нарекле Хасиди — побожни — охрабриле на построга послушност кон Мојсеевиот Закон. Сега, гадејќи се на хеленизираните свештеници, обичниот народ сѐ повеќе застанувал на страна на Хасидите. Настапило време на мачеништво додека Евреите во целата земја биле присилувани да се повинуваат на паганските обичаи и жртви или, пак, да умрат. Апокрифните книги на Макавејците даваат бројни извештаи за мажи, жени и деца кои претпочитале смрт отколку компромис.

Макавејците реагираат

Претераните акции на Антиох предизвикале многу Евреи да се борат за својата религија. Во центарот на градот Модин, северозападно од Ерусалим, во близина на современиот град Лод, бил повикан еден свештеник по име Мататија. Бидејќи Мататија бил почитуван од локалното население, претставникот на царот се обидел да го убеди да учествува во една паганска жртва за да си го спаси животот и да му даде пример на останатото население. Кога Мататија одбил, истапил еден друг Евреин, спремен да направи компромис. Исполнет со огорченост, Мататија грабнал оружје и го убил. Зашеметени од насилничката реакција на овој постар човек, грчките војници споро реагирале. За неколку секунди, Мататија го убил и грчкиот службеник. Петте синови на Мататија и жителите на градот ја совладале грчката војска пред таа да може да се одбрани.

Мататија извикал: ‚Секој кој е ревен за Законот, нека ме следи‘. За да избегнат репресалии, тој и неговите синови избегале во брдовитиот регион. И како што веста за неговите акции се ширела, Евреите (вклучувајќи и многу Хасиди) им се придружувале.

Над воените операции Мататија го назначил својот син Јуда. Можеби поради воената брилијантност, Јуда бил наречен Макавеј, што значи „чекан“. Мататија и неговите синови биле наречени Хасмонејци, име кое е изведено од градот Хасмон или од некој предок со истото име (Исус Навин 15:27, NW). Меѓутоа, бидејќи Јуда Макавеецот станал угледен лик за време на побуната, целото семејство било наречено Макавејци.

Храмот е повратен

Во првата година од револтот, Мататија и неговите синови биле во можност да организираат една мала војска. Во повеќе од една прилика, грчките војски нападнале групи хасидски борци за време на Сабат. Иако способни да се одбранат, тие не го прекршиле Сабатот. Поради тоа дошло до масовни колежи. Мататија — на кого сега се гледало како на религиозен авторитет — вовел едно правило кое им дозволувало на Евреите да се бранат на Сабат. Ова правило не само што ја оживеало побуната туку и поставило образец во јудаизмот кој им дозволувал на религиозните водачи да го адаптираат еврејскиот закон според променливите околности. Талмудот го одразува тој тренд во следнава изјава: „Дозволете им да осквернат еден Сабат за да можат да посветат многу Сабати“ (Јома 85б).

После смртта на својот стар татко, Јуда Макавеецот станал неоспорен водач на револтот. Увидувајќи дека не е способен да го порази непријателот во отворена битка, тој измислил нови методи, како што е герилската борба во денешно време. Ги напаѓал силите на Антиох во подрачја каде што не можеле да прибегнат кон вообичаените методи на одбрана. Така, во една битка по друга, Јуда успеал да ги порази силите кои биле убедливо поголеми од неговите.

Соочени со внатрешно соперништво и со растечката моќ на Рим владетелите на селевкиското царство биле помалку загрижени за зајакнувањето на антиеврејските декрети. Тоа го отворило патот Јуда да се пробие со нападот до самите порти на Ерусалим. Во декември 165 пр. н. е. (или можеби 164 пр. н. е.) тој и неговите трупи го освоиле храмот, ги исчистиле неговите садови и повторно го предале во употреба — после три години од денот на неговото сквернавење. Евреите го одбележувале тој настан секоја година во текот на Ханук — празникот на свеченото отворање.

Политиката над побожноста

Целите на револтот биле постигнати. Забраните против практикувањето на јудаизмот биле симнати. Обожавањето и жртвите во храмот биле обновени. Задоволни сега, Хасидите ја напуштиле војската на Јуда Макавеецот и се вратиле во своите домови. Но, Јуда имал други идеи. Имал добро обучена војска, па тогаш зошто да не ја искористи за да основа една независна еврејска држава? Религиозните причини кои го покренале револтот сега биле заменети со политички поттик. Затоа, борбата продолжила.

Барајќи поддршка во борбата против селевкиската доминација, Јуда Макавеецот направил договор со Рим. Иако тој бил убиен во една битка во 160 пр. н. е., неговите браќа ја продолжиле борбата. Братот на Јуда, Јонатан, маневрирал со работите, па така селевкиските владетели се сложиле да го назначат за првосвештеник и владетел на Јудеја, иако сѐ уште под нивни суверенитет. Кога Јонатан бил измамен, фатен и убиен како последица на една сириска завера, настапил неговиот брат Симеон — последниот од макавејските браќа. Под владеењето на Симеон биле отстранети последните остатоци од селевкиската доминација (во 141 пр. н. е.). Симеон го обновил сојузот со Рим, а еврејското раководство го прифатило како владетел и првосвештеник. На тој начин, била основана независната хасмонејска династија во рацете на Макавејците.

Макавејците повторно го воспоставиле обожавањето во храмот пред да дојде Месијата. (Спореди Јован 1:41, 42; 2:13—17.) Но, токму како што довербата во свештенството била скршена со постапките на хеленизираните свештеници, таа и понатаму била разнишувана под Хасмонејците. Навистина, владата под политички настроените свештеници, наместо под цар од лозата на верниот Давид, не му донела вистински благослови на еврејскиот народ (2. Царства 7:16; Псалм 88:3, 4, 35, 36).

[Слика на страница 21]

Мататија, таткото на Јуда Макавеецот, извикал: ‚Секој кој е ревен за Законот, нека ме следи‘

[Извор на слика]

Мататија упатува апел до еврејските бегалци/The Doré Bible Illustrations/Dover Publications

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели