ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/2 стр. 2-4
  • Внимавај на предупредувањето!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Внимавај на предупредувањето!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали си ти во опасна зона?
  • Остани надвор од опасната зона!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Во сенката на заспаниот џин
    Разбудете се! 2007
  • Дали си буден за нашите времиња?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Како избегавме од страшната река лава!
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/2 стр. 2-4

Внимавај на предупредувањето!

БУМ! На 3 јуни 1991 година, планината Фуген во Јапонија со одекнувачки татнеж исфрли облак од вулкански гасови и пепел. По падината се излеа вжештена смеса. Од ерупцијата загинаа 43 луѓе. Многумина, кои едвај преживеаја, имаа тешки изгоретини. „Вода, вода, ве молам“, извикуваа некои. Пожарникарите и полицајците избезумено трчаа за да им помогнат.

КУПОЛАТА од лава беше забележана на врвот од планината Фуген околу две седмици пред тоа, па така властите и жителите беа на штрек. Повеќе од една седмица пред катастрофата, беше дадено соопштение со препорака да се евакуира подрачјето. Само ден пред ерупцијата, полицијата ги замоли претставниците на печатот да не влегуваат во ограниченото подрачје. Сепак, тоа фатално попладне во опасната зона се наоѓаа 43 жртви.

Зошто толку многу луѓе се осмелија да појдат или да останат таму? Некои земјоделци кои ги имале евакуирано своите домаќинства, се вратиле назад за да ги проверат имотите и нивите. Тројца вулканолози се обидувале да дојдат колку што е можно поблизу до вулканот за да го задоволат својот академски интерес. Извесен број репортери и фотографи се осмелиле да ја преминат линијата на забранет пристап бидејќи сакале први да добијат информации за вулканската активност. На сцената се наоѓале и тројца таксисти изнајмени од печатот. На должност имало полицајци и некои пожарникари доброволци. Сите тие си имале своја причина да одат во опасната зона — и како последица од тоа го изгубиле животот.

Дали си ти во опасна зона?

Можеби сите не живееме во близината на некој активен вулкан. Сепак, што ако се соочуваме со некоја глобална катастрофа, која сите нас нѐ става во опасна зона што ја опфаќа целата Земјина топка? Една книга која се докажала како веродостоен извор на пророчки информации нѐ предупредува на една претстојна светска катастрофа и ја опишува вака: „Сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите ќе попаѓаат од небото, и силите небески ќе попуштат . . . ќе се расплачат сите земни племиња“ (Матеј 24:29, 30). Овде се опишува дека „сите земни племиња“ ќе бидат погодени од „небесни феномени со универзален размер“. Со други зборови, ова пророштво се однесува на една катастрофа која ќе нѐ погоди сите нас.

Оваа книга на веродостојни пророштва е Библијата. Интересно е тоа што контекстот на гореспоменатиот стих дава детален опис на работите што ќе водат до глобалната несреќа. Исто како што куполата од лава и другите показатели за вулканот им дале на градските службеници од Шимабара причини да означат една опасна зона така и Библијата ни дава причини да бидеме будни и да се подготвиме за преживување. Можеме да извлечеме поука од трагедијата на планината Фуген и да согледаме колку е сериозно она што лежи пред нас.

[Извор на слика на страница 2]

НАСЛОВНА СТРАНИЦА: Yomiuri/Orion Press/Sipa Press

[Извор на слика на страница 3]

Yomiuri/Orion Press/Sipa Press

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели