ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/8 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Јехова му ветува прекрасна награда на Даниел
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Избрани стихови од книгата Даниел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Книгата Даниел и ти
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Испитани — но верни на Јехова!
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/8 стр. 31

Прашања од читателите

Каде бил Даниел кога тројцата Евреи биле испитани пред огромниот лик што Навуходоносор го подигнал во рамницата Дура?

Библијата не зборува за тоа, така што денес никој не може да утврди каде се наоѓал Даниел за време на испитот.

Некои сугерираат дека службениот ранг или позицијата на Даниел како привилегиран од Навуходоносор била повисока од позицијата на Седрах, Мисах и Авденаго и дека затоа Даниел не морал да оди во рамницата Дура. Даниел 2:49 покажува дека извесно време тој имал повисока положба од своите тројца другари. Но, не можеме да докажеме дека поради тоа бил изземен од тоа да биде заедно со другите кога се собрале пред ликот.

Обидувајќи се да објаснат зошто Даниел бил отсутен, други велат дека можеби бил заминат на некоја службена задача или дека бил болен и затоа не можел да присуствува. Меѓутоа, Библијата не го кажува тоа. Во секој случај, начинот на однесување на Даниел не бил изложен на критика, зашто ако бил, љубоморните вавилонски службеници несомнено ќе го искористеле тоа за да го обвинат (Даниел 3:8). И пред и по оваа епизода, Даниел се покажал како чувар на интегритетот, лојален на Бог без разлика на тоа со каков предизвик се соочувал (Даниел 1:8; 5:17; 6:4, 10, 11). Затоа, иако во Библијата не се кажува зошто Даниел не бил присутен во рамницата Дура, можеме да бидеме сигурни дека му бил бескомпромисно верен на Јехова Бог (Езекиел 14:14; Евреите 11:33).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели