ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/1 стр. 13-22
  • Благословите на добрата вест

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Благословите на добрата вест
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Евангелизмот денес
  • Добра вест што донесува вечни благослови
  • Добрата вест ги менува луѓето
  • Добрата вест — благослов за кротките
  • „Да ги тешат ужалените“
  • Благослов за средината
  • Сите вистински христијани се евангелизатори
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • ,Теши ги сите што тагуваат‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Дај им утеха на оние што жалат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/1 стр. 13-22

Благословите на добрата вест

„Господ Ме помаза, Ме испрати да им донесам Радосна вест на бедните [добра вест на кротките, NW], да ги излечам скршените срца . . . да ги развеселам натажените [да ги утешам ужалените, NW]“ (ИСАИЈА 61:1, 2).

1, 2. а) Како што се открил Исус, и на кој начин? б) Какви благослови донела добрата вест што ја објавувал Исус?

ЕДЕН сабатен ден, во почетокот на својата служба, Исус бил во синагогата во Назарет. Според извештајот, ‚му го подале свитокот на пророкот Исаија, а тој го отворил свитокот и го нашол местото каде што било напишано: „Јеховиниот дух е врз мене, зашто ме помаза да објавувам добра вест“‘. Исус прочитал уште нешто од тие пророчки стихови. Потоа седнал и рекол: „Денес се исполни овој стих од Писмото кој штотуку го чувте“ (Лука 4:16—21).

2 На тој начин Исус се открил како проречениот евангелизатор, оној што ја кажувал добрата вест и носел утеха (Матеј 4:23). И каква само добра вест имал Исус! Своите слушатели ги информирал: „Јас сум светлината на светот. Кој ме следи мене, никако нема да оди во темнина, туку ќе ја поседува светлината на животот“ (Јован 8:12). Исто така рекол: „Ако останете во мојата реч, навистина сте мои ученици, и ќе ја спознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:31, 32). Да, Исус имал „зборови на вечен живот“ (Јован 6:68, 69). Светлина, живот, слобода — сигурно дека тоа се благослови што треба високо да се ценат!

3. Која добра вест ја проповедале Исусовите ученици?

3 По Пентекост 33 н.е., учениците го продолжиле Исусовото дело на евангелизирање. Ја проповедале ‚добрата вест за царството‘ и на Израелците и на луѓето од нациите (Матеј 24:14; Дела 15:7; Римјаните 1:16). Оние што се одѕвале, го запознале Јехова Бог. Биле ослободени од религиозното ропство и станале дел од новата духовна нација, „Израелот Божји“, чии членови имаат изглед да владеат засекогаш на небото со нивниот Господ, Исус Христос (Галатите 5:1; 6:16; Ефешаните 3:5—7; Колошаните 1:4, 5; Откровение 22:5). Тоа биле навистина богати благослови!

Евангелизмот денес

4. На кој начин се извршува денес налогот да се проповеда добрата вест?

4 Денес, помазаните христијани, поддржувани од растечкото „големо мноштво“ на „други овци“, продолжуваат да го извршуваат пророчкиот налог што во почетокот му бил даден на Исус (Откровение 7:9; Јован 10:16). Како резултат на тоа, добрата вест се проповеда во досега невидени размери. Во 235 земји и подрачја, Јеховините сведоци одат ‚да им ја носат Радосната Вест на бедните [добрата вест на кротките, NW] . . . да ги лечат скршените срца; да им проповедаат слобода на заробените и ослободување на оние што се во темница; да ја навестуваат годината на Господовата милост и денот на одмаздата на нашиот Бог, да ги веселат тажните [тешат ужалените, NW]‘ (Исаија 61:1, 2). Затоа христијанското дело на евангелизирање продолжува да им донесува благослови на многумина и вистинска утеха на „оние кои се во каква и да е неволја“ (2. Коринќаните 1:3, 4).

5. Во врска со проповедањето на добрата вест, како се разликуваат Јеховините сведоци од црквите на христијанскиот свет?

5 Точно е дека црквите на христијанскиот свет спонзорираат некои облици на евангелизам. Многу од нив испраќаат мисионери за да прават прозелити во други земји. На пример, The Orthodox Christian Mission Center Magazine (Списание на мисионерскиот центар на православните христијани) известува за активноста на православните мисионери во Зимбабве, јужна Африка, Мадагаскар и Танзанија. Меѓутоа, во Православната црква, како и во другите цркви на христијанскиот свет, повеќето членови не учествуваат во тоа дело. За разлика од нив, сите предадени сведоци на Јехова настојуваат да учествуваат во евангелизирањето. Тие сфаќаат дека објавувањето на добрата вест е доказ за вистинитоста на нивната вера. Павле рекол: „Човек со срцето практикува вера за праведност, а со устата дава јавна изјава за спасение“. Онаа вера што не мотивира на акција е, всушност, мртва (Римјаните 10:10; Јаков 2:17).

Добра вест што донесува вечни благослови

6. Која добра вест се проповеда денес?

6 Јеховините сведоци ја проповедаат најдобрата од сите вести. Тие ја отвораат Библијата и им покажуваат на приемливите дека Исус си го жртвувал животот за да му овозможи на човештвото пристап до Бог, простување на гревовите и надеж за вечен живот (Јован 3:16; 2. Коринќаните 5:18, 19). Тие објавуваат дека на небото е воспоставено Божјето Царство под помазаниот Цар, Исус Христос, и дека наскоро тоа ќе ја отстрани злобата од Земјата и ќе го надгледува обновувањето на Рајот (Откровение 11:15; 21:3, 4). Во исполнување на пророштвото на Исаија, тие ги информираат своите ближни дека сега е „годината на Господовата милост“, кога човештвото сѐ уште може да се одѕвие на добрата вест. Исто така, тие предупредуваат дека наскоро ќе дојде „денот на одмаздата на нашиот Бог“ кога Јехова ќе им стави крај на непокајничките грешници (Псалм 37:9—11).

7. Кое искуство ја покажува обединетоста на Јеховините сведоци, и зошто тие уживаат такво единство?

7 Во свет измачуван со трагедии и катастрофи, ова е единствената добра вест што донесува вечни користи. Оние што ја прифаќаат стануваат дел од едно обединето, светско братство на христијани, кои не дозволуваат националните, племенските или економските разлики да ги делат. Тие ‚се облекле во љубов зашто таа е совршена врска на единство‘ (Колошаните 3:14; Јован 15:12). Ова можеше да се види минатата година во една африканска земја. Едно утро главниот град бил разбуден од пукотници. Во тек бил обид за државен удар. Кога настаните добиле етнички карактер, едно семејство Сведоци било критикувано заради тоа што засолнило Сведоци од поинаква етничка група. Семејството одговорило: „Во нашата куќа има само Јеховини сведоци“. За нив етничките разлики не биле важни; важна била христијанската љубов — давањето утеха на оние што биле во оскудица. Една роднина, која не е Сведок, коментирала: „Членовите на сите религии ги предаваа сообожавателите. Само Јеховините сведоци не го правеа тоа“. Многу слични настани за кои биле добиени извештаи од земји што се растргнати од граѓански конфликти покажуваат дека Јеховините сведоци навистина ‚имаат љубов кон целата заедница од браќа‘ (1. Петрово 2:17).

Добрата вест ги менува луѓето

8, 9. а) Какви промени прават оние што ја прифаќаат добрата вест? б) Кои искуства ја илустрираат моќта на добрата вест?

8 Добрата вест е поврзана со она што Павле го нарекол ‚сегашниот живот и оној кој ќе дојде‘ (1. Тимотеј 4:8). Таа не само што нуди прекрасна, сигурна надеж за иднината туку донесува и подобрување во „сегашниот живот“. Како поединци, Јеховините сведоци се водат според Божјата реч, Библијата, за да го доведат животот во согласност со Божјата волја (Псалм 119:101). Самите нивни личности стануваат нови додека ги негуваат особините како што се праведност и лојалност (Ефешаните 4:24).

9 Разгледај го примерот на Франко. Тој имал проблем со гневот. Секогаш кога нешто ќе тргнело наопаку, станувал насилнички лут и почнувал да крши. Неговата сопруга ја проучувала Библијата со Јеховините сведоци, и нивниот христијански пример постепено му помогнал на Франко да увиди дека мора да се менува. Почнал да ја проучува Библијата со нив и на крајот можел да ги покажува плодовите на духот — мир и самосовладување (Галатите 5:22, 23). Тој бил еден од 492-та крстени во Белгија во 2001 службена година. Размисли и за Алехандро. Овој млад човек станал до толкав степен зависен од дрога што паднал толку ниско да живее во една депонија, собирајќи сѐ што можел да продаде за да ја поддржува својата навика со дрога. Кога имал 22 години, Јеховините сведоци му понудиле да ја проучува Библијата, и се сложил. Ја читал Библијата секој ден и почнал да присуствува на христијанските состаноци. Толку брзо го исчистил животот што за помалку од шест месеци можел да учествува во делото на евангелизирање — еден од 10.115-те лица што учествувале во него минатата година во Панама.

Добрата вест — благослов за кротките

10. Кој се одѕива на добрата вест, и како се менува нивното гледиште?

10 Исаија прорекол дека добрата вест ќе им се проповеда на кротките. Кои се овие кротки? Тоа се оние што се опишани во книгата Дела како „исправно наклонети кон вечниот живот“ (Дела 13:48). Тоа се понизни поединци од сите слоеви на општеството, кои ги отвораат срцата за пораката на вистината. Таквите учат дека вршењето на Божјата волја донесува благослови што се далеку побогати од сѐ што нуди световниот систем (1. Јованово 2:15—17). Но, како Јеховините сведоци ги достигнуваат срцата во своето дело на евангелизирање?

11. Според Павле, како треба да се проповеда добрата вест?

11 Па, разгледај го примерот на апостол Павле, кој на коринќаните им напишал: „И така јас, кога дојдов кај вас, браќа, не дојдов да ви ја објавам Божјата света тајна со некаква претераност во говорот или со мудрост. Зашто решив меѓу вас да не знам ништо освен Исуса Христа, и тоа прикован“ (1. Коринќаните 2:1, 2). Павле не се обидувал да ги импресионира слушателите со својата ученост. Тој не поучувал за ништо друго освен за фактите што биле божествено потврдени, факти што денес се запишани во Библијата. Забележи го и охрабрувањето што Павле му го упатил на еден друг евангелизатор, Тимотеј: „Проповедај ја речта, итно прави го тоа“ (2. Тимотеј 4:2). Тимотеј требало да ја проповеда „речта“, Божјата порака. Исто така, Павле му напишал на Тимотеј: „Дај сѐ од себе да се покажеш како одобрен пред Бог, како работник кој нема од што да се срами, кој исправно ракува со речта на вистината“ (2. Тимотеј 2:15).

12. На кој начин Јеховините сведоци денес внимаваат на зборовите и примерот на Павле?

12 Јеховините сведоци внимаваат на Павловиот пример, како и на зборовите што тој му ги кажал на Тимотеј. Тие ја признаваат моќта на Божјата реч и добро ја користат додека настојуваат да им ги покажат на своите ближни пригодните зборови на надеж и утеха (Псалм 119:52; 2. Тимотеј 3:16, 17; Евреите 4:12). Точно, тие добро ја користат библиската литература така што заинтересираните можат да стекнат повеќе библиско спознание кога ќе сакаат и ќе можат. Но, секогаш настојуваат да им ги покажат на луѓето зборовите од Писмото. Знаат дека Божјата инспирирана реч ќе ги поттикне срцата на понизните. А кога ја користат на таков начин, ја зајакнуваат и сопствената вера.

„Да ги тешат ужалените“

13. Кои настани од 2001 година ја наметнаа потребата нашироко да се тешат ужалените?

13 И во 2001 година се случија катастрофи, и како последица од тоа, на многу поединци им беше потребна утеха. Минатиот септември, впечатлив пример за тоа имаше во Соединетите Држави, кога беа извршени терористички напади врз Светскиот трговски центар во Њујорк и врз Пентагон, во близина на Вашингтон, Д.К. Каков само шок беа тие напади за целата земја! Со оглед на тие настани, Јеховините сведоци настојуваат да го извршат својот налог да ги ‚тешат ужалените‘. Неколку искуства илустрираат како го прават тоа.

14, 15. Како можеле Сведоците во две различни прилики делотворно да употребат стихови за да ги утешат ужалените?

14 Една жена Сведок, полновремен евангелизатор, ѝ пристапила на една госпоѓа на тротоар и ја прашала што мисли за неодамнешните терористички напади. Госпоѓата заплакала. Рекла дека ѝ е многу жал и дека би сакала да можела некако да помогне. Жената Сведок ѝ кажала дека Бог е многу заинтересиран за сите нас, и ѝ прочитала од Исаија 61:1, 2. Овие божествено инспирирани зборови имале смисла за госпоѓата, која рекла дека сите се ужалени. Зела трактат и ја замолила жената Сведок да ја посети дома.

15 Двајца Сведоци, кои учествувале во делото на евангелизирање, сретнале некој човек што работел во својата шупа. Понудиле да му покажат некои зборови на утеха од Писмото со оглед на неодамнешната трагедија во Светскиот трговски центар. Со негова согласност прочитале од 2. Коринќаните 1:3—7, каде што стојат зборовите: ‚Се умножува утехата преку Христос‘. Човекот го ценел тоа што неговите ближни, Сведоците, споделувале нешто утешително со другите и рекол: „Нека Бог го благослови прекрасното дело што го вршите“.

16, 17. Кои две искуства ја покажуваат моќта на Библијата да им помогне на поединци што се ожалостени или вознемирени од трагедии?

16 Еден Сведок, додека навраќал кај заинтересираните, наишол на синот на една жена што претходно покажала интерес и објаснил дека е заинтересиран за тоа како се ближните по неодамнешната трагедија. Човекот се изненадил што Сведокот одвојувал време да ги посетува луѓето за да види како се. Рекол дека кога се случил нападот, тој работел многу близу до Светскиот трговски центар и видел како се одвива целиот настан. Кога прашал зошто Бог ги допушта страдањата, Сведокот му прочитал некои стихови од Библијата, меѓу кои бил Псалм 37:39, каде што се вели: „Од Господа доаѓа спасение на праведните, Тој им е засолниште во лоши времиња“. Човекот љубезно прашал како е Сведокот и неговото семејство, го поканил пак да наврати и изразил искрено ценење за посетата.

17 Некоја госпоѓа, која Сведоците ја сретнале додека ги посетувале ближните, била уште една од илјадниците ужалени што биле утешени од Јеховините сведоци во деновите по терористичките напади. Таа била крајно вознемирена од она што се случило и слушала додека ѝ читале од Псалм 72:12—14: „Тој ќе го спаси бедниот што воздивнува, угнетуваниот, што нема помошник; ќе им се смилува на немоќните и бедниот, и ќе му го спаси животот на страдалецот: Ќе ги ослободи од неправдата и насилствата, зашто нивната крв е скапоцена во неговите очи“. Колку биле само значајни овие зборови! Госпоѓата ги замолила Сведоците повторно да ѝ ги прочитаат тие стихови и ги поканила внатре за да ја продолжат дискусијата. До крајот на разговорот, веќе била започната библиска студија.

18. Како им помогнал еден Сведок на ближните кога бил замолен да се моли во нивно име?

18 Еден Сведок работи во ресторан во една прилично богата средина, каде што луѓето претходно не покажувале голем интерес за добрата вест за Царството. По терористичките напади, средината изгледала потресена. Во петокот вечерта по нападот, сопственичката на ресторанот ги замолила сите да излезат надвор и да запалат свеќи во краток момент на молчење во знак на сеќавање на жртвите. Од почит кон нивните чувства, Сведокот излегол надвор и застанал молчешкум на тротоарот. Сопственичката знаела дека тој е министер на Јеховините сведоци, па затоа по молчењето го замолила да се помоли во името на сите присутни. Сведокот се согласил. Во својата молитва ја спомнал распространетата ужаленост, но рекол дека ужалените не треба да жалат без надеж. Зборувал за времето кога веќе нема да се случуваат такви ужасни настани и рекол дека сите би можеле да му се приближат на Бог барајќи утеха преку точното спознание од Библијата. Откако кажала „амин“, сопственичката — како и оние над 60 луѓе што биле надвор од ресторанот — дошла кај Сведокот, му се заблагодарила и го прегрнала, напомнувајќи дека тоа е најдобрата молитва што ја слушнала дотогаш.

Благослов за средината

19. Кое искуство покажува дека некои ги признаваат високите мерила на Јеховините сведоци?

19 Особено во овие денови, средините каде што Јеховините сведоци се активни извлекуваат корист од нивното присуство — како што забележале многумина. Како би можеле луѓе, кои унапредуваат мир, чесност и чист морал да не бидат сила на добро? Во една централноазиска земја, Сведоците наишле на еден пензиониран офицер од поранешната агенција за државно обезбедување. Тој рекол дека порано имал задача да ги испитува различните религиозни организации. Кога вршел истражување за Јеховините сведоци, бил импресиониран од нивната чесност и добро однесување. Им се восхитувал на цврстата вера и на фактот дека нивните учења се темелат на Писмото. Овој човек се сложил на библиска студија.

20. а) Што покажува активноста за која известија Јеховините сведоци минатата година? б) Што покажува дека има уште многу работа, и како гледаме на нашата предност на евангелизирање?

20 Од неколкуте искуства што се раскажани во оваа статија, од илјадниците што би можеле да се раскажат, јасно е дека Јеховините сведоци биле многу зафатени во текот на 2001 службена година.a Тие разговарале со милиони луѓе, утешиле многумина што биле ужалени, и нивното дело на евангелизирање било благословено. Своето предание го симболизирале со крштавање 263.431 лице. Низ целиот свет бројот на евангелизатори пораснал за 1,7 проценти. А фактот што 15.374.986 луѓе присуствувале на годишниот Меморијал на Христовата смрт покажува дека има уште многу работа (1. Коринќаните 11:23—26). Да продолжиме да ги бараме кротките што се одѕиваат на добрата вест. И додека Јеховината година на милост продолжува, и понатаму да ги тешиме „скршените срца“. Каква само благословена предност имаме! Секако дека сите ние ги одгласуваме зборовите на Исаија: „Со голема радост се радувам во Господа, мојата душа воскликнува кон мојот Бог“ (Исаија 61:10). Нека Бог и понатаму нѐ користи додека ги исполнува овие пророчки зборови: „Господ ќе направи да никне правдата и пофалбата пред сите народи“ (Исаија 61:11).

[Фуснота]

a Во табелата на страници 19 до 22 е даден извештајот за активноста на Јеховините сведоци во текот на 2001 службена година.

Се сеќаваш ли?

• Како биле благословени кротките од добрата вест што ја проповедал Исус?

• Какви благослови добиле оние што се одѕвале на делото на евангелизирање на Исусовите ученици во првиот век?

• Како приемливите денес се благословени од добрата вест?

• Како гледаме на нашата предност да бидеме евангелизатори?

[Табела на страници 19-22]

ИЗВЕШТАЈ НА ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ ЗА 2001 СЛУЖБЕНА ГОДИНА

(Види во публикацијата)

[Слики на страница 15]

Јеховините сведоци секогаш се сеќаваат на својата одговорност да евангелизираат

[Слики на страница 17]

Оние што се одѕиваат на добрата вест стануваат дел од едно обединето, светско братство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели