ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/10 стр. 3
  • Дали дејствуваат зли сили?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали дејствуваат зли сили?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сличен материјал
  • Дали доброто некогаш ќе го победи злото?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Доброто против злото — вековна борба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Зошто некои луѓе се добри, а други лоши?
    Разбудете се! 2010
  • Кој навистина владее со светот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/10 стр. 3

Дали дејствуваат зли сили?

„Светот е зашеметен, како окултните сили внимателно да се обиделе да ги блокираат сите излези за итни случаи“ (Жан Клод Сулери, новинар).

‚Чувствата на немоќ кај поединецот имаат тенденција да предизвикаат чувство како да дејствува огромно зло‘ (Џозеф Бартон, историчар).

АПСОЛУТНИОТ ужас од терористичките напади од 11 септември 2001, натера многумина сериозно да се замислат. Пишувајќи за англискиот Financial Times, Мајкл Прауз изјавил: „Ниедно животно не би постапувало ниту би можело да постапува на толку варварски начин“. Во еден уреднички осврт во New York Times се коментира дека освен за планирањето што било потребно за нападот, „исто толку важно е да се размисли и за јачината на омразата што била потребна за да се изврши нападот. Тоа е омраза што го надминува конвенционалното војување, што не знае за граници, што не подлежи на никаков договор“.

Луѓе со различни уверувања размислувале за можноста од тоа да дејствува некоја злобна сила. Еден бизнисмен од Сараево што бил сведок на ужасот на етничката омраза во Босна, изјавил: „По една година од Босанската војна, верувам дека Сатана ги влече конците. Ова е чисто лудило“.

Кога бил запрашан дали верува во Ѓаволот, историчарот Жан Делумо одговорил: „Како можам да ја порекнувам силата на злото кога гледам што се случува сега и што се случува откако сум роден: Втората светска војна со повеќе од 40 милиони жртви; Аушвиц и логорите на смртта; геноцидот во Камбоџа; крвавата тиранија на режимот на Чаушеску; тортура како систем на владеење во многу места во светот. Списокот со ужаси е бескраен . . . Затоа верувам дека имаме право да ги наречеме таквите дела ‚ѓаволски‘, не дека тие се инспирирани од Ѓавол со рогови и расцепени стапала туку од Ѓавол кој е симбол на духот и силата на злото што дејствува во светот“.

Како Жан Делумо, многу луѓе ги означуваат како „ѓаволски“ ужасните работи што денес се случуваат во човечкото општество, почнувајќи од семејството па сѐ до меѓународната сцена. Но, што значи ова? Дали треба таквите ужаси да се припишат на апстрактни сили на зло или, пак, постојат злобни сили што се личности и што дејствуваат, кои ги тераат луѓето да вршат одвратни злосторства што ја надминуваат вообичаената човечка злоба? Дали таквите сили се управувани од еден принц на злото — Сатана Ѓаволот?

[Извор на слика на страница 3]

Деца: Фотографија на Крајбрежната стража на САД

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели