ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/11 стр. 8
  • Сали на Царството отворени за секого

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сали на Царството отворени за секого
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сличен материјал
  • Места на кои го славиме Јехова
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • На ова место го славиме Бог!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Феноменалниот пораст налага брза експанзија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Што е Сала на Царството?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/11 стр. 8

Објавителите на Царството известуваат

Сали на Царството отворени за секого

ДОДЕКА ги обучувал своите ученици за јавната служба, Исус Христос ги охрабрил да ‚проповедаат од покривите‘ (Матеј 10:27). Да, тие требало да ја извршуваат својата христијанска служба отворено, пред очите на целата јавност. Во духот на овој совет, активноста на Јеховините сведоци исто така се извршува отворено. Оваа отвореност им овозможила на Сведоците да го надминат противењето и да добијат поволни забелешки.

Иако собраниските состаноци на Јеховините сведоци се отворени за јавноста, предрасудите прават некои луѓе да се колебаат да влезат во Салата на Царството. Ова е случај и во Финска. Други, пак, едноставно се плашливи кога станува збор за одење на нови места. Кога ќе се изгради нова Сала на Царството или кога постоечката ќе се реновира, обично се организира разгледување. Може да се направи посебен напор да се поканат соседите да ја посетат Салата на Царството и да се запознаат со активноста на Јеховините сведоци.

Во една област, Сведоците организирале кампања со списанија истиот ден кога имало разгледување на нивната нова Сала на Царството. Двајца Сведоци сретнале еден постар човек кој рекол дека ужива да ги чита списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Браќата му кажале за разгледувањето и се понудиле да го однесат до Салата на Царството. Човекот рекол дека ќе му биде мило да оди со нив. Неговата сопруга го слушнала разговорот и повикала: „Чекајте ме и мене!“

Кога влегол во Салата на Царството, човекот погледнал наоколу и рекол: „Овде воопшто не е темно. Па овде е многу убаво и светло. Ми рекоа дека Салата на Царството ќе биде темна!“ Овој брачен пар останал некое време и побарал од литературата што била изложена.

Едно собрание сакало да објави во локалниот весник за разгледувањето што било организирано кога нивната Сала на Царството била свечено отворена. Кога добила известување за настанот, главната уредничка предложила да се напише статија на таа тема. Браќата се согласиле и по кратко време во весникот излегла поволна статија на половина страница, која зборувала за настанот и ги опишувала активностите на локалното собрание на Јеховините сведоци.

Откако излегла статијата, една постара жена Сведок се сретнала со една сосетка која ѝ рекла: „Денес во весникот имаше убава статија за Јеховините сведоци!“ Сестрата можела да ѝ посведочи и подоцна да ѝ ја даде брошурата Јеховините сведоци во дваесеттиот век.

Освен што расчистиле некои погрешни сфаќања за Јеховините сведоци, таквите подготовки во врска со разгледувањето и програмата за свеченото отворање на новите Сали на Царството ги поттикнале објавителите охрабрувајќи ги да поканат повеќе луѓе да присуствуваат на состаноците. Да, во многу земји, вклучувајќи ја и Финска, луѓето дознале дека Салите на Царството на Јеховините сведоци се отворени за секого.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели