ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/12 стр. 4-7
  • Давање што донесува радост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Давање што донесува радост
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Давањето десеток и Законот
  • Христијанско давање
  • „Како што решил во своето срце“
  • Доброволно давање денес
  • Дали Јеховините сведоци даваат десеток?
    Најчесто поставувани прашања
  • Како можеме да му се оддолжиме на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Што вели Библијата за давањето десеток?
    Одговор на библиски прашања
  • Давање до бесвест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/12 стр. 4-7

Давање што донесува радост

ЖЕНИВАУ, кој живее во едно сиромашно гратче во североисточен Бразил, ги издржувал сопругата и децата со малата плата што ја добивал како чувар во болницата. И покрај бедата, Женивау совесно давал десеток. „Понекогаш моето семејство ќе останеше гладно“, се сеќава триејќи си го стомакот, „но, сакав да му го дадам на Бог најдоброто што го имав, сеедно каква жртва беше потребна.“

Откако ја изгубил работата, Женивау продолжил да дава десеток. Неговиот свештеник го поттикнал да го стави Бог на испит така што ќе даде голем прилог. Свештеникот гарантирал дека Бог сигурно ќе излее благослов. И така, Женивау решил да го продаде својот дом и добиените пари да ѝ ги даде на црквата.

Женивау не е единствениот што е толку искрен во давањето. Мнозина очајно сиромашни луѓе верно даваат десеток зашто нивните цркви ги поучуваат дека давањето десеток е библиско барање. Дали е навистина така?

Давањето десеток и Законот

Заповедта да се дава десеток била дел од Законот што Јехова Бог им го дал на 12-те племиња на древниот Израел пред повеќе од 3.500 години. Тој Закон одредувал да се дава на Левиевото племе десеток од полските посеви и од плодовите на дрвјата и десеток од порастот во добитокот како поддршка за нивната служба во храмот (Левит 27:30, 32; Броеви 18:21, 24).

Јехова ги уверил Израелците дека Законот ‚нема да биде премногу тежок за нив‘ (Второзаконие 30:11, NW). Сѐ додека верно ги држеле Јеховините заповеди, вклучувајќи го и давањето десеток, го имале неговото ветување за обилни жетви. Како заштита, редовно бил ставан настрана додатен годишен десеток што обично се користел кога нацијата се собирала на своите религиозни празници, за да можат на тој начин да бидат задоволени ‚придојденикот, сиракот и вдовицата‘ (Второзаконие 14:28, 29; 28:1, 2, 11—14).

Законот не одредувал конкретна казна за пропуст да се даде десеток, но секој Израелец имал силна морална обврска да го поддржува вистинското обожавање на ваков начин. Всушност, Јехова ги обвинил Израелците, што во времето на Малахија го занемариле давањето десеток, ‚дека краделе од него од десетокот и од приносите‘ (Малахија 3:8, ПСП). Може ли истото обвинение да се изнесе и против христијаните што не даваат десеток?

Па, размисли. Националните закони обично не се полноважни надвор од границите на земјата. На пример, законот што ги обврзува возачите во Британија да возат на левата страна не важи за возачите во Франција. На сличен начин, законот што барал да се дава десеток бил дел од еден завет кој бил склучен само помеѓу Бог и израелската нација (Излез 19:3—8; Псалм 147:19, 20). Само Израелците биле обврзани со тој закон.

Освен тоа, иако е вистина дека Бог никогаш не се менува, неговите барања понекогаш се менуваат (Малахија 3:6). Библијата категорички кажува дека жртвената смрт на Исус, во 33 н.е., го ‚избришала‘ или го ‚укинала‘ Законот, а со него и ‚заповедта да се собираат десетоци‘ (Колошаните 2:13, 14; Ефешаните 2:13—15; Евреите 7:5, 18).

Христијанско давање

Меѓутоа, прилозите за поддршка на вистинското обожавање сѐ уште биле потребни. Исус им дал налог на своите ученици да му ‚бидат сведоци сѐ до најоддалечениот дел од земјата‘ (Дела 1:8). Како што се зголемувал бројот на верниците така растела и потребата од христијански учители и надгледници кои ќе ги посетуваат и зајакнуваат собранијата. Одвреме навреме требало да се згрижат вдовици, сираци и други што имале потреба. Како христијаните од првиот век ги покривале трошоците што биле вклучени во тоа?

Околу 55 н.е, до нееврејските христијани во Европа и Мала Азија била упатена една молба во корист на сиромашното собрание во Јудеа. Во своето писмо до собранието во Коринт, апостол Павле опишува како било организирано ова ‚собирање за светите‘ (1. Коринќаните 16:1). Можеби ќе бидеш изненаден од она што зборовите на Павле го откриваат во врска со христијанското давање.

Апостол Павле не ги наговарал соверниците да даваат. Всушност, македонските христијани што биле „под неволја“ и во „крајно сиромаштво“ морале ‚постојано да го молат за предноста љубезно да даваат и да учествуваат во службата наменета за светите‘ (2. Коринќаните 8:1—4).

Точно, Павле ги охрабрил побогатите коринќани да ги имитираат своите великодушни браќа во Македонија. Дури и тогаш, забележува еден прирачник, тој ‚одбил да издаде упатства, претпочитајќи наместо тоа да побара, да предложи, да охрабри или да замоли. Ако имало принуда, ќе немало спонтаност и срдечност во давањето на коринќаните‘. Павле знаел дека „Бог љуби весел дарител“, а не некој што дава ‚безволно или под принуда‘ (2. Коринќаните 9:7).

Изобилната вера и спознание, заедно со искрената љубов кон сохристијаните требало да ги поттикне коринќаните да даваат спонтано (2. Коринќаните 8:7, 8).

„Како што решил во своето срце“

Наместо да одреди сума или процент, Павле едноставно предложил „секој прв ден од седмицата секој . . . да одвои настрана сума пари според она што го заработил“ (курзивот е од нас; 1. Коринќаните 16:2, New International Version). Со тоа што ќе планирале и редовно ќе одвојувале некоја сума, коринќаните немало да се чувствуваат принудени да даваат безволно ниту затоа што биле водени од емотивен нагон кога пристигнал Павле. За секој христијанин, одлуката колку ќе даде била приватна работа, одлука што ја „решил во своето срце“ (2. Коринќаните 9:5, 7).

За да жнеат великодушно, коринќаните морале да сеат великодушно. Никогаш не било предложено давање до бесвест. ‚Јас не мислам да ви биде тешко‘, ги уверил Павле. Прилозите биле ‚особено прифатливи според она што некој го имал, а не според она што некој го немал‘ (2. Коринќаните 8:12, 13; 9:6). Во едно подоцнежно писмо, апостолот предупредил: Ако некој не се грижи . . . за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од оној без вера“ (1. Тимотеј 5:8). Павле не охрабрувал на давање што го кршело ова начело.

Значајно е тоа што Павле надгледувал ‚собирање за светите‘ што имале потреба. Во Писмото не читаме дека Павле или другите апостоли организирале собирање или примање десеток за да ја финансираат својата служба (Дела 3:6). Секогаш благодарен за подароците што собранијата му ги испраќале, Павле совесно избегнувал да им наметне „скап товар“ на своите браќа (1. Солуњаните 2:9; Филипјаните 4:15—18).

Доброволно давање денес

Очигледно, во текот на првиот век, следбениците на Христос практикувале доброволно давање, а не давање десеток. Меѓутоа, можеби се прашуваш дали ова сѐ уште е делотворен начин за финансирање на проповедањето на добрата вест и за грижата за христијаните што имаат потреба.

Размисли за следново. Во 1879, уредниците на ова списание отворено изјавија дека ‚никогаш нема да просат ниту да бараат поддршка од луѓе‘. Дали таа одлука ги спречи напорите на Јеховините сведоци да ја шират библиската вистина?

Моментално, Сведоците дистрибуираат Библии, христијански книги и други публикации во 235 земји. Во почетокот, Стражарска кула, библиско образовно списание, имаше месечна дистрибуција од 6.000 примероци печатени на еден јазик. Оттогаш стана полумесечно списание со тираж од преку 24.000.000 примероци достапни на 146 јазици. За да го организираат своето глобално библиско образовно дело, Сведоците имаат изградено или купено административни центри во 110 земји. Освен тоа, имаат изградено илјадници локални места за состаноци како и големи собирни сали за оние што се заинтересирани да добијат понатамошни библиски упатства.

Иако грижата за духовните потреби на луѓето им е приоритет, Јеховините сведоци не ги занемаруваат материјалните потреби на соверниците. Кога нивните браќа страдаат како последица од војни, земјотреси, суши и невреме, тие брзо обезбедуваат медицински средства, храна, облека и други потребни работи. Тоа се финансира со донации од поединечни христијани и од собранијата.

Освен што е делотворно, давањето прилози на доброволна база го симнува товарот од грбот на оние со ограничени средства, како што е Женивау, спомнат претходно. За среќа, пред да го продаде својот дом, Женивау го посетила Марија, полновремен министер на Јеховините сведоци. „Тој разговор ја спаси мојата фамилија од непотребна беда“, си спомнува Женивау.

Женивау открил дека Господовото дело не зависи од давањето десеток. Всушност, давањето десеток повеќе не е библиско барање. Тој дознал дека христијаните се благословени кога великодушно даваат, но дека не се принудени да даваат повеќе од она што го имаат.

Практикувањето доброволно давање му донело вистинска радост на Женивау. Тој вака се изразува: „Можеби ќе дадам, а можеби и нема да дадам 10 проценти, но задоволен сум со мојот прилог, а сигурен сум дека и Јехова е задоволен“.

[Рамка/слики на страница 6]

Дали раните црковни отци поучувале за давање десеток?

„Богатите меѓу нас им помагаат на оние во оскудица . . . Оние што се имашливи и спремни, даваат колку што мислат дека е соодветно“ (The First Apology — Прва Апологија, Јустинијан Маченик, о. 150 н.е.).

„Евреите навистина му го посветувале десетокот од своите добра Нему, но оние што примиле слобода [христијаните] ги оставале настрана сите свои поседи за намерите на Бог . . . како што постапила и таа сиромашна вдовица што пуштила во Божјата ризница сѐ што имала “ (Against Heresies — Против ересот, Ирениј, о. 180 н.е.).

„Иако имаме ковчеже за пари, тоа не е направено за пари за откупување, небаре религијата има своја цена. Еднаш месечно, ако сака, секој пушта во него мала донација; но само ако сака, и само ако може: зашто нема принуда; сѐ е доброволно“ (Apology — Апологија, Тертулијан, о. 197 н.е.).

„Како што црквата се ширела и како што се појавувале разни институции, станало неопходно да се донесат закони што ќе ја осигураат исправната и трајна финансиска поддршка на свештенството. Плаќањето десеток било усвоено од Стариот завет . . . Изгледа дека најраното дефинитивно озаконување на овој предмет се наоѓа во писмото на бискупите собрани во Тур во 567 и [во каноните] на концилот во Макон во 585“ (The Catholic Encyclopedia).

[Извор на слика]

Монета, горе лево: Pictorial Archive (блискоисточна историја) Est.

[Слика на страници 4 и 5]

Доброволното давање донесува радост

[Слики на страница 7]

Со доброволните прилози се финансираат делото на проповедање, акциите за помош и градењето на места за состаноци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели