Се сеќаваш ли?
Уживаше ли додека ги читаше неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:
• Што бил Complutensian Polyglot, и зошто бил важен?
Тоа била печатена, повеќејазична Библија во која во паралелни, едно до друго колони бил изложен најдобриот текст што тогаш бил достапен на хебрејски, грчки и латински, и некои делови на арамејски. Оваа повеќејазична Библија била голем чекор кон создавањето на еден поточен текст на оригиналните јазици (15.4., страници 28—31).
• Како можат луѓето да го радуваат Бог?
Како вистинска личност, Јехова може да размислува, да дејствува и да чувствува. Тој е „среќниот Бог“ и наоѓа задоволство во исполнувањето на неговата намера (1. Тимотеј 1:11; Псалм 104:31). Колку подобро ги познаваме чувствата на Бог толку посвесни ќе бидеме за она што можеме да го правиме за да го радуваме неговото срце (15.5., страници 4—7).
• Зошто Давид ѝ дозволил на својата жена Михала да има куќен кип?
Кога цар Саул сковал завера да го убие, Михала му помогнала на Давид да избега така што ставила во креветот еден идол што веројатно бил во облик на човек. Можеби имала куќен кип зашто срцето не ѝ било во потполност со Бог. Давид или не знаел за кипот или го толерирал зашто таа му била ќерка на цар Саул (1. Летописи 16:25, 26; 1.6., страница 29).
• Што нагласувале Божјите одредби во врска со крвта?
Со она што го кажал по Потопот, во Мојсеевиот закон и во одредбата што се наоѓа во Дела 15:28, 29, Бог укажал на жртвата во која била вклучена пролеаната крв на Исус. Само преку таа крв можеме да добиеме простување и да имаме мир со Бог (Колошаните 1:20; 15.6., страница 14—19).
• Колку чуда на Исус се спомнати во Библијата?
Извештаите од евангелијата се осврнуваат на околу 35 чуда на Исус. Но, вкупниот број на Исусовите чуда, вклучувајќи ги и оние за кои не е известено, не е откриен (Матеј 14:14; 15.7., страница 5).