ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/12 стр. 4-7
  • По што треба да се памети Исус Христос?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • По што треба да се памети Исус Христос?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Идеален празник за веселба и бизнис
  • Ни се роди Дете
  • Божиќ — зошто е толку популарен во Јапонија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Корените на современиот Божиќ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Божиќ — зошто дури и на Ориентот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/12 стр. 4-7

По што треба да се памети Исус Христос?

Исус Христос „навистина бил еден од највлијателните луѓе што некогаш живееле“ (The World Book Encyclopedia).

ГОЛЕМИТЕ луѓе обично се паметат по она што го направиле. Тогаш, зошто мнозина го паметат Исус по неговото раѓање а не по она што го правел? Низ целиот христијански свет, повеќето луѓе можат да ги раскажат настаните поврзани со неговото раѓање. Но, колкумина си спомнуваат и се трудат да ги применуваат извонредните поуки што се запишани во Проповедта на гората?

Точно, раѓањето на Исус било значајно, но неговите први ученици му придавале поголема важност на она што тој го правел и на она што го поучувал. Бог сигурно немал намера раѓањето на Исус да го фрли во сенка неговиот живот како зрел човек. Па сепак, Божиќ успеал да ја сокрие личноста на Христос во мрачниот лавиринт од легенди и народни приказни за Христовото Рождество.

Се покренува уште едно вознемирувачко прашање во врска со начинот на кој се слави Божиќ. Ако Исус би се вратил на Земјата денес, како би гледал на крајната комерцијализација на Божиќ? Пред 2.000 години, Исус влегол во храмот во Ерусалим. Тој многу се разгневил кога ги видел менувачите на пари и продавачите што го искористувале еврејскиот верски празник за да печалат пари. „Носете ги одовде овие работи!“, извикал тој. „Престанете од домот на мојот Татко да правите дом за тргување!“ (Јован 2:13—16). Јасно е дека Исус не го одобрувал мешањето на трговијата и религијата.

Многу искрени католици во Шпанија изразуваат загриженост поради сѐ поголемата комерцијализација на Божиќ. Но, ваквиот тренд веројатно е неизбежен кога ќе се земат предвид корените на многу божиќни обичаи. Новинарот Хуан Ариас истакнува: „Оние што, иако и самите се христијани, го критизираат ‚паганизирањето‘ на Божиќ и тоа што поголем акцент се става на веселбата и трошењето отколку на религијата, обично не се свесни дека веќе во самиот почеток Рождеството Христово . . . во себе содржело многу обележја на римскиот пагански празник [на сонцето]“ (El País, 24 декември 2001).

Во последниве години, многу шпански новинари и енциклопедии коментираат во врска со паганското потекло на традиционалните божиќни прослави, како и на нивната комерцијална обоеност. Во врска со датумот на кој се слави Божиќ, Enciclopedia de la Religión Católica отворено изјавува: „Се чини дека причината зошто римската црква решила овој празник да се слави на тој датум, лежи во нејзината склоност да ги заменува паганските празници со христијански . . . Познато ни е дека во тогашниот Рим паганите го посветиле 25 декември на слава на natalis invicti, односно раѓањето на ‚непобедливото сонце‘ “.

На сличен начин, Enciclopedia Hispánica забележува: „Датумот 25 декември на кој се слави Божиќ не е резултат на точното пресметување на роденденот на Исус, туку на похристијанувањето на празниците посветени на зимската краткоденица што биле славени во Рим“. Како го прославувале Римјаните изгревањето на сонцето на зимското небо? Со гоштевање, лумпување и разменување подароци. Бидејќи црковните власти не биле баш спремни да укинат еден таков популарен празник, тие го „похристијаниле“ нарекувајќи го раѓање на Исус наместо раѓање на сонцето.

Во почетокот, во четвртиот и петтиот век, не можело лесно да се искорени приврзаноста кон обожавањето на сонцето и обичаите поврзани со него. Католичкиот „Свети“ Августин (354—430 н.е.) се чувствувал обврзан да ги опомене соверниците да не го слават 25 декември како што го славеле паганите во чест на сонцето. Се чини дека, дури и денес, сѐ уште преовладуваат обичаите поврзани со древните римски прослави.

Идеален празник за веселба и бизнис

Низ вековите, неколку фактори одиграле пресудна улога за Божиќ да стане најпопуларна, меѓународна прослава наменета за веселба и бизнис. Исто така, обичаите поврзани со другите зимски празници, особено оние што се славеле во северна Европа, со текот на времето навлегле во римскиот начин на славење.a А во 20⁠-тиот век, продавачите и стручњаците за маркетинг со воодушевеност го поддржувале секој обичај кој можел да им донесе голем профит.

Каков бил резултатот? Од најголема важност станало славењето на Христовото раѓање наместо неговото значење. Во многу случаи, Христос практично престанал дури и да се спомнува за време на традиционалниот Божиќ. „[Божиќ] е светски празник со семеен карактер, и секој си слави на свој начин“, забележува шпанскиот весник El País.

Овој коментар е одраз на сѐ пораширената тенденција во Шпанија и во многу други земји низ целиот свет. Како што прославите на Божиќ стануваат сѐ пораскошни, така спознанието за Христос сѐ повеќе се намалува. Всушност, божиќните свечености во голема мера се свеле на она што биле во почетокот, за време на Римјаните — лумпување, гоштевање и разменување подароци.

Ни се роди Дете

Ако традиционалниот Божиќ нема скоро никаква врска со Христос, тогаш како треба вистинските христијани да го паметат раѓањето и животот на Христос? Седум века пред да се роди Исус, во врска со него Исаија прорекол: „Ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото“ (Исаија 9:6). Зошто Исаија навестил дека раѓањето на Исус и улогата што потоа ќе ја имал ќе биде толку значајна? Затоа што Исус ќе станел моќен владетел. Тој требало да биде наречен Кнез на Мирот, и немало да има крај на мирот ниту на неговата власт. Освен тоа, владеењето на Исус требало да биде утврдено „во правина и во праведност“ (Исаија 9:7).

Ангелот Гавриел ја повторил оваа објава на Исаија кога ѝ кажал на Марија дека ќе го роди Исус. „Тој ќе биде голем и ќе биде наречен Син на Највишиот“, прорекол. „И Јехова Бог ќе му го даде престолот на Давида, неговиот татко, и тој ќе владее како цар над Јакововиот дом засекогаш, и неговото царство нема да има крај“ (Лука 1:32, 33). Јасно, главното значење на раѓањето на Исус е поврзано со делото што тој требало да го изврши како наименуван Цар на Божјето Царство. Од владеењето на Христос можат да имаат корист сите, вклучувајќи те и тебе и твоите блиски. Всушност, ангелите покажале дека неговото раѓање ќе донесе „мир за луѓето над кои почива [Божјата] благонаклоност“ (Лука 2:14, Радосна вест).

Кој од нас не копнее да живее во свет на мир и правда? Но, за да уживаме во мирот што ќе го воспостави Христовата влада, треба да му угодиме на Бог и да имаме добар однос со него. Исус рекол дека првиот чекор кон еден таков однос е да учиме за Бог и за Христос. „Ова значи вечен живот“, рекол Исус, „да примаат спознание за тебе, единствениот вистински Бог, и за оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

Откако добро ќе го запознаеме Исус, веќе не треба да се прашуваме како тој би сакал да се сеќаваме на него. Дали така што ќе јадеме, ќе пиеме и ќе си разменуваме подароци на истиот датум на кој се славел еден древен пагански празник? Тешко. Ноќта пред да умре, Исус им кажал на своите ученици што сака да прават. „Кој ги има моите заповеди и ги држи, тој е оној кој ме љуби. А кој ме љуби мене, ќе биде љубен од мојот Татко, и јас ќе го љубам“ (Јован 14:21).

Јеховините сведоци детално го проучуваат Светото писмо и тоа им помогнало да разберат кои се заповедите на Бог и на Исус. Ќе им биде мило да ти помогнат и ти да ги разбереш тие многу важни заповеди за да можеш да го паметиш Исус како што тој треба да биде запаметен.

[Фуснота]

a Впечатливи примери за ова се божиќната елка и ликот на Дедо Мраз.

[Рамка/слики на страници 6 и 7]

Дали Библијата има нешто против веселбите и давањето подароци?

Давање подароци

Библијата нема ништо против давањето подароци, а и самиот Јехова е наречен Дарител на „секој добар дар и секој совршен подарок“ (Јаков 1:17). Исус кажал дека добрите родители им даваат дарови на своите деца (Лука 11:11—13). Пријателите на Јов и членовите на неговото семејство му дале подароци кога оздравел (Јов 42:11). Но, за ваквото давање не биле потребни посебни празници. Тоа извирало од срце (2. Коринќаните 9:7).

Семејни собири

Семејните собири можат многу да придонесат за да се зближат членовите на семејството, посебно ако веќе не живеат во иста куќа. Исус и неговите ученици присуствувале на свадбена гозба во Кана — без сомнение, се работело за голем собир на семејството и пријателите (Јован 2:1—10). А во Исусовата илустрација за расипничкиот син, таткото го прославил враќањето на синот со семејна веселба, што вклучувала музика и играње (Лука 15:21—25).

Да се ужива во вкусен оброк

Библијата на повеќе места зборува за тоа како Божјите слуги уживале во вкусна храна заедно со семејството, пријателите и сообожавателите. Кога три ангели дошле кај Авраам, тој им подготвил гозба со телешко, млеко, маст и погачи (Битие 18:6—8). Соломон рекол дека ‚јадењето, пиењето и веселбата‘ се дар од Бог (Проповедник 3:13; 8:15).

Очигледно, Бог сака да уживаме во вкусна храна во друштво на пријателите и семејството, и го одобрува давањето подароци. Имаме многу прилики да го правиме ова во кое и да било време во текот на целата година.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели