ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 15/3 стр. 3-4
  • Како Исус влијаел врз човештвото

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како Исус влијаел врз човештвото
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Сличен материјал
  • Исус Христос — кој е тој?
    Исус Христос — кој е тој?
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Дали христијанството претрпело неуспех?
    Разбудете се! 2007
  • Вистинскиот Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 15/3 стр. 3-4

Како Исус влијаел врз човештвото

„СЕТО она што го кажал Исус — било да зборувал насамо со учениците или пред мноштвата — а е запишано во евангелијата, би можело да се каже за два часа“, напишал Едгар Гудспид, преведувач на Библијата. „Сепак, она малку што го кажал имало толку силен и продорен ефект врз луѓето што слободно може да се каже дека ниеден друг човек немал поголемо влијание врз светот од него.“

Во 33 од н.е., кога Исус Христос ја завршил својата служба на Земјата, неговите следбеници броеле околу 120 мажи и жени (Дела 1:15). Денес, повеќе од две милијарди луѓе тврдат дека се христијани. Стотици милиони други го признаваат Исус за пророк. Неговите учења навистина имале извонредно влијание врз човештвото.

Дури и некои нехристијански водачи признаваат дека Исус има влијание врз целиот свет. На пример, еврејскиот рабин Химан Енелоу напишал: „Исус станал најпознатиот, најпроучуваниот и највлијателниот лик во религиозната историја на човештвото“. Енелоу исто така изјавил: „Кој може да измери колку многу му значел Исус на човештвото? Љубовта што ја вдахнал, утехата што ја дал, доброто што го направил, надежта и радоста што ги распламтел — сето ова е без преседан во човечката историја. Од сите големи и добри луѓе што ги произвела човечката раса, ниеден не може ни оддалеку да се спореди со Исус во однос на привлечноста и влијанието што тој го има во светски рамки. Исус е најфасцинантниот лик во историјата“. А индискиот водач Махатма К. Ганди рекол: „Не знам кој друг направил за човештвото повеќе од Исус. Всушност, во христијанството нема ништо лошо“. Сепак, тој додал: „Проблемот е во вас христијаните. Вие ни оддалеку не живеете во склад со вашите сопствени учења“.

Христијанскиот свет во многу работи пропуштил да живее во склад со учењата на Исус. Сесил Жан Каду, кој ја изучува историјата на христијанството, забележал дека „уште во 140 од н.е. христијанските водачи забележале дека постои постепен но постојан пораст на извесна морална лабавост во целата Црква“. Тој напишал: „Ваквото постепено згаснување на моралната строгост според која живееле првите христијани придонело да се забрза процесот на прифаќање и приспособување кон патиштата на светот“.

Овој процес достигнал кулминација во четвртиот век, кога римскиот цар Константин го прифатил христијанството. Каду напишал: „Историчарите не пропуштиле да го забележат — во некои случаи и со жалење — огромниот компромис што го направила Црквата со тоа што склучила сојуз со Константин“. Во столетијата што следеле оттогаш, наводните христијани извршиле многу мрачни дела што го обесчестуваат името на Христос.

Тогаш, прашањата што се од интерес за нас се: За што, всушност, поучувал Исус? И, какво влијание треба да имаат неговите учења врз нас?

[Слика на страница 3]

„Не знам кој друг направил за човештвото повеќе од Исус“ (Махатма К. Ганди)

[Слика на страница 3]

„Ниеден друг човек немал поголемо влијание врз светот од [Исус]“ (Едгар Гудспид)

[Извор на слика]

Culver Pictures

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели