ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 1/8 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Сличен материјал
  • Барајте го Јехова пред денот на неговиот гнев
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Барајте го Јехова пред да дојде денот на неговиот гнев
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • Кој ќе го избегне ‚времето на неволја‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • „Барајте го Јехова, сите кротки на земјата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 1/8 стр. 31

Прашања од читателите

Дали зборот „можеби“ во Софонија 2:3 значи дека Божјите слуги не можат да бидат сигурни дека ќе добијат вечен живот?

Во овој стих пишува: „Барајте го Господа, сите скромни на земјата, сите кои ги извршувате Неговите закони! Барајте ја правдата, барајте ја смиреноста: можеби вие ќе бидете заштитени во денот на Господовиот гнев“. Зошто стихот вели „можеби“?

За да сфатиме како ќе постапи Јехова во Армагедон со оние што му се верни, добро е да се потсетиме што вели Библијата за тоа што ќе стори Бог со оние што умреле пред времето на судот. Некои воскреснуваат во бесмртен живот како духовни суштества на небото, додека други ќе воскреснат на Земјата со изглед вечно да живеат во Рај (Јован 5:28, 29; 1. Коринќаните 15:53, 54). Ако Јехова не ги заборава и ги наградува своите лојални кои умираат пред Армагедон, тогаш сигурно ќе го направи истото и за своите слуги кои ќе бидат живи во денот на неговиот гнев.

Исто така, охрабрувачки се и инспирираните зборови на апостол Павле. Тој напишал: „[Бог] го сочува Ное, проповедникот на праведноста, со седуммина други кога донесе потоп на свет од безбожни луѓе; и ги осуди градовите Содом и Гомора претворајќи ги во пепел . . . и го избави праведниот Лот . . . знае Јехова како да ги избави од искушение луѓето со побожна оддаденост, а неправедните да ги чува за денот на судот за да бидат одрежани“ (2. Петрово 2:5-9). Иако во минатото Јехова ги уништувал злобните, сепак ги сочувал живи Ное и Лот, кои му служеле верно. Јехова исто така ќе ги спаси луѓето со побожна оддаденост кога ќе ги уништува злобните во Армагедон. „Едно големо мноштво“ праведни лица ќе преживее (Откровение 7:9, 14).

Според тоа, изгледа дека зборот „можеби“ во Софонија 2:3 не е употребен затоа што не е сигурно дали Бог може да ги сочува оние кои се одобрени од него. Наместо тоа, кога едно лице ќе почне да ги бара праведноста и смиреноста, односно кроткоста, тоа стои пред можноста да биде заштитено. Но само ако продолжи да ги бара, тогаш ќе биде сигурно заштитено (Софонија 2:3).

[Слика на страница 31]

„Знае Јехова како да ги избави од искушение луѓето со побожна оддаденост“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели