ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 15/8 стр. 8
  • На Галилејското Море

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На Галилејското Море
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Сличен материјал
  • Галилејскиот чамец — скапоценост од библиски времиња
    Разбудете се! 2006
  • Исус може да нѐ заштити нас
    Учи од Големиот Учител
  • Бродолом на еден остров
    Мојата книга со библиски приказни
  • Исус смирил силна бура
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 15/8 стр. 8

На Галилејското Море

ЕДЕН извештај запишан во Марко 4:35-41 ни кажува дека Исус и неговите апостоли се качиле во чамец за да го преминат Галилејското Море. Читаме: „Тогаш се крена голем, силен бурен ветар, и брановите удираа во чамецот, така што чамецот скоро ќе се потопеше. Но, тој [Исус] беше на крмата и спиеше на перница[-та]“.

Ова е единственото место во Библијата каде што се појавува зборот „перница“. Затоа на изучувачите не им е познато точното значење на зборот што е употребен овде. Во повеќето Библии тој е преведен како „перница“ или „возглавница“. Но, за каква перница станува збор? Тоа што Марко го кажал зборот во членувана форма, перницата, води до заклучокот дека станува збор за нешто што било составен дел од опремата во чамецот. Еден чамец откриен близу до Галилејското Море во 1986 година помогнал да се претпостави значењето на овој грчки збор што го употребил Марко.

Истражувањата покажуваат дека чамецот долг 8 метри бил придвижуван од едро и весла. Се користел за рибарење, а на крмата имало палуба на која стоела големата и тешка рибарска мрежа. Остатоците од чамецот датираат меѓу 100 година пр.н.е. и 70 година од н.е. и можат да ни дадат претстава каков вид на чамец користеле Исус и неговите ученици. Шели Вексман, кој учествувал во ископувањето на чамецот, ја напишал книгата The Sea of Galilee Boat—An Extraordinary 2000 Year Old Discovery (Чамецот од Галилејското Море — извонредно откритие старо 2000 години). Тој смета дека „перницата“ на којашто спиел Исус била вреќа со песок која се користела како баласт за да му даде стабилност на чамецот. Еден рибар од Јафа, искусен во ловењето со рибарска мрежа, рекол: „Кога бев млад, на чамците од средоземноморскиот дел на коишто работев секогаш имаше по вреќа — две песок . . . Вреќите се чуваа за чамецот да биде стабилен. Но кога не се користеа, ги стававме под палубата на крмата. Така, ако некој беше уморен, ќе доползеше таму, ќе си ставеше под главата една вреќа да му служи како перница, и ќе заспиеше“.

Многу изучувачи веруваат дека она што Марко го опишал значело дека Исус спиел на вреќа со песок ставена под палубата на крмата, најзаштитениот дел од еден чамец во време на бура. Но, за каква и перница да станува збор, поважно е она што се случило потоа. Со Божја поддршка и помош, Исус го смирил морето разбранувано од бура. Дури и неговите ученици прашале: „Кој е, всушност, овој што дури и ветрот и морето го слушаат?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели