ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/10 стр. 5-7
  • Како да го запознаеме Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да го запознаеме Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Во потрага по вистината
  • Преку кого Бог дава упатства
  • „Самиот Јехова дава мудрост“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Јехова — Бог со намера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Јехова — Бог кој открива тајни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • На човештвото му е потребно спознание за Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/10 стр. 5-7

Како да го запознаеме Бог?

Некои можеби не веруваат дека Бог навистина сака да им се открие на луѓето. Па дури и да сака, како ќе го стори тоа?

ВО 16 ВЕК, протестантскиот реформатор Џон Калвин исправно заклучил дека човекот не може сам од себе да го запознае Бог, туку само ако Тој му се открие на човештвото. Меѓутоа, некои можеби се прашуваат дали Бог навистина сака да им се открие на луѓето. Па дури и да сака, како ќе го стори тоа?

Јехова, Величествениот Творец, има причина за сѐ што прави. Освен тоа, како Семоќен Бог, тој е потполно во состојба да ги исполни своите намери (Проповедник 12:1; 2. Мојсеева 6:3). Можеме да бидеме сигурни дека тој сака да им ги открие своите намери на луѓето, бидејќи пророкот Амос бил инспириран да напише: „Зашто, Севишниот Господар Јехова не прави ништо ако не им ги открие своите тајни на своите слуги, пророците“. Но сепак, како што може да се забележи, за Бог се вели дека им ги открива своите намери само на своите слуги, односно на оние што искрено го сакаат. Зарем не е логично да биде така? Кому ти му ги откриваш своите тајни? На кој било или на своите најблиски пријатели? (Амос 3:7; Исаија 40:13, 25, 26).

Мудроста и знаењето на Бог им влеваат страхопочит на понизните луѓе, и тоа со право. Но сепак, ако сакаме ние лично да имаме корист од мудроста и знаењето на Бог, не е доволно само да имаме страхопочит. Библијата нагласува дека, за да дознаеме што мисли Бог за работите, треба да имаме понизно срце: ‚Зачувај ги во себе моите заповеди. Слушај ја со увото мудроста. Приклони го срцето кон разборитоста. Повикај го разумот и викни ја проникливоста. Побарај го сето тоа како сребро‘ (Изреки 2:1-4).

Еден понизен човек што се труди да го стори ова, навистина ќе може да го запознае Бог. Пасусот од Изреки продолжува со следниве зборови: „Јехова дава мудрост, од неговата уста доаѓаат знаењето и проникливоста“. Да, оние што искрено ја бараат вистината можат ‚да разберат што значи праведност и исправно просудување и справедливост, сето она што е на патот на добротата‘ (Изреки 2:6-9).

Во потрага по вистината

The Encyclopedia of Religion забележува: „Карактеристично за животот на човекот е неговата потреба да прави разлика меѓу реалното и нереалното, силното и слабото, вистинското и лажното, чистото и валканото, јасното и нејасното, како и да ги проценува работите што се во сива зона“. За да ја задоволат оваа потреба, луѓето долго трагаат по вистината. Оние што ја насочиле својата потрага кон Јехова, кого псалмистот го нарекува ‚Бог на вистината‘, тие се на добар пат да ја најдат (Псалм 31:5).

Името Јехова буквално значи „Оној што предизвикува да стане“ (1. Мојсеева 2:4, фуснота). Така, самото значење на Божјето име ги истакнува неговата творечка моќ и неговата намера. Всушност, карактеристично обележје на вистинската религија е да го познава и да го користи името Јехова. Исус сосема го признал тој факт. Кога му се обратил на Бог во молитва, имајќи ги на ум своите следбеници, рекол: „И им го објавив твоето име и ќе го објавувам, за љубовта со која ме сакаше ти да биде во нив и јас во единство со нив“ (Јован 17:26).

Еден Евреин од старо време, кој се викал Јосиф, бил сигурен дека Бог му е пријател. Затоа, кога добил задача да го открие значењето на некои соништа, со сигурност рекол: „Зарем не е Бог тој што ги толкува соништата?“ (1. Мојсеева 40:8; 41:15, 16).

Неколку векови подоцна, Навуходоносор, царот на Вавилон, сонил сон кој неговите мудреци не можеле да го протолкуваат. Пророкот Даниел му рекол на царот: „Има Бог на небото, кој ги открива тајните, и тој му објавува на цар Навуходоносор што ќе се случи во последните денови“ (Даниел 2:28).

Примерите на Јосиф и Даниел покажуваат дека мудроста и знаењето за Бог можат да ги добијат само оние што му служат на Јехова Бог. Се разбира, за да ја придобиеме Божјата милост, можеби ќе треба да се откажеме од некои свои гледишта што сме ги имале порано. Евреите кои во првиот век станале христијани морале да го сторат токму тоа. Бидејќи биле воспитувани да го почитуваат и да го слушаат законот што постоел во еврејскиот поредок, ним им било потребно време за да го прифатат Исус како Месија. Тој дошол да го исполни Мојсеевиот закон, кој, пак, служел како „сенка на идните благослови“ (Евреите 10:1; Матеј 5:17; Лука 24:44, 45). На негово место дошол „законот Христов“, кој е далеку подобар од Мојсеевиот закон (Галатите 6:2; Римјаните 13:10; Јаков 2:8).

Сите ние сме се родиле во свет кој е отуѓен од Бог. Поради гревот што сме го наследиле од првите луѓе, ние сме родени како непријатели на Бог и не ги знаеме точно неговите намери. Освен тоа, имаме измамливо срце (Еремија 17:9; Ефешаните 2:12; 4:18; Колошаните 1:21). За да му станеме пријатели на Бог, мораме да научиме да размислуваме како него, а тоа воопшто не е лесно.

Може да ни биде тешко да ги отфрлиме лажните религиозни сфаќања или обичаи, особено оние што ни се врежани уште од детството. Но, дали е разумно да продолжиме да го правиме она што е погрешно? Воопшто не! Сигурно е помудро да го промениме својот начин на размислување, и така Бог да биде задоволен од нас.

Преку кого Бог дава упатства

Кој ќе ни помогне да ја разбереме Речта на вистината, и потоа да живееме според неа? Бог го водел стариот Израел преку доверливи и лојални поединци, кои ги поставил на одговорни положби. Христос, Главата на денешното христијанско собрание, исто така ги води оние што искрено ја бараат вистината. Тој го прави тоа преку доверливи и лојални следбеници, кои имаат одговорност да ги водат и да ги штитат оние што вистински ја бараат вистината (Матеј 24:45-47; Колошаните 1:18). Но, како да откриеме преку кого Бог дава упатства?

Вистинските следбеници на Исус Христос се трудат да ги покажуваат истите особини што тој ги покажувал кога бил човек. Во еден свет што станува сѐ позлобен, лесно е да се препознаат овие следбеници затоа што ги покажуваат тие извонредни духовни особини. (Види ја рамката на страница 6.) Дали овие особини се гледаат во религијата со која ти си поврзан или во религијата на твоите соседи? Вреди да се потрудиш да ја испиташ таа работа во светлина на Светото писмо.

Ти предлагаме, драг читателу, да го сториш тоа преку еден курс за проучување на Библијата. Минатата година, во просек, преку 6.000.000 поединци или семејства, во 235 земји, ја проучуваа Библијата со Јеховините сведоци. Стекнувањето на мудрост и знаење за Бог е една постојана, задоволителна и корисна активност. Зошто да не го прифатиш тој предизвик да стекнеш мудрост и знаење за Бог? Тоа е како да тргнеш на пат за кој никогаш нема да зажалиш што си тргнал. Да, ние навистина можеме да го запознаеме Бог!

[Рамка на страница 6]

ОНИЕ ШТО ПОСТАПУВААТ ВО СОГЛАСНОСТ СО БОГ...

остануваат неутрални во политичките судири (Исаија 2:4);

даваат добри плодови затоа што ја вршат Божјата волја (Матеј 7:13-23);

покажуваат вистинска љубов меѓу себе (Јован 13:35; 1. Јованово 4:20);

сите зборуваат за истите работи (Михеј 2:12);

не ги прифаќаат погрешните ставови и постапки на светот околу нив (Јован 17:16);

сведочат за вистината и прават ученици (Матеј 24:14; 28:19, 20);

со задоволство се состануваат редовно и меѓусебно се охрабруваат (Евреите 10:25);

го фалат Бог како една меѓународна група (Откровение 7:9, 10).

[Слики на страница 7]

Знаењето за Бог можеш да го стекнеш ако проучуваш лично, со семејството и во собранието

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели