ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/7 стр. 6-7
  • „Оди измиј се во езерцето Силоам“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Оди измиј се во езерцето Силоам“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Исус лекувал во сабота
    Исус — патот, вистината и животот
  • Како ќе одговориш?
    Разбудете се! 2006
  • Правење добри дела на Сабат
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/7 стр. 6-7

„Оди измиј се во езерцето Силоам“

ОТКАКО со кал му ги намачкал очите на еден слеп човек, Исус му рекол: „Оди измиј се во езерцето Силоам“. Човекот го послушал, и ‚се вратил гледајќи‘ (Јован 9:6, 7). Каде се наоѓало езерцето Силоам? Едно поново археолошко откритие фрла нова светлина врз ова место.

Многу туристи го посетиле местото во Ерусалим што е познато како езерцето Силоам и мислеле дека е истото езерце што е спомнато во Јован 9:7. Тоа место се наоѓа на крајот од тунелот на Езекија, тунел за вода кој е долг 530 метри и е изграден во 8 век пр.н.е. Но, ова езерце потекнува од четвртиот век од н.е. Го изградиле византиските „христијани“, кои погрешно мислеле дека езерцето што се спомнува во Евангелието според Јован требало да се наоѓа на крајот од овој тунел.

Но, археолозите заклучиле дека вистинското езерце Силоам од времето кога Исус бил на Земјата го откриле дури во 2004 год. Тоа се наоѓа на околу 100 метри југоисточно од местото за кое погрешно се мислеше дека е езерцето Силоам. Како го откриле? Градските власти требало да поправат една канализациска цевка во тоа подрачје, и затоа испратиле работници со тешка механизација. Еден археолог што работел во близината го гледал копањето и забележал дека се појавуваат две скалила. Работата била запрена и Израелското министерство за старини дало дозвола да се вршат ископувања на тоа место. Досега е ископана едната страна на езерцето, во должина од околу 70 метри, како и две ќошиња.

Некои ковани пари што биле пронајдени за време на ископувањето потекнуваат од втората, третата и четвртата година од еврејската побуна против Рим. Побуната се случила меѓу 66 и 70 год. од н.е. Монетите се доказ дека езерцето се користело до 70 год. од н.е., кога Ерусалим бил уништен од страна на Римјаните. Списанието Biblical Archaeology Review заклучува: „Езерцето, значи, се користело до крајот на побуната, а потоа било напуштено. Ова подрачје, кое е најниска точка во целиот Ерусалим, не било повторно населено до византискиот период. Зимските дождови што течеле по долината, секоја година таложеле уште по еден слој кал во езерцето. А откако Римјаните го уништиле градот, езерцето повеќе не било чистено. Дебел слој кал се насобрал низ вековите, и езерцето постепено исчезнало. Археолозите на некои места копале и до 3 метри пред да стигнат до него“.

Зошто луѓето што искрено ја проучуваат Библијата се заинтересирани за местото на кое се наоѓало езерцето Силоам? Затоа што тоа им помага подобро да ја разберат географијата на Ерусалим од првиот век, кој толку често се спомнува во евангелиските извештаи за животот и службата на Исус.

[Слика на страница 7]

Новооткриеното езерце Силоам

[Извор на слика]

© 2003 BiblePlaces.com

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели