ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 29 стр. 72-стр. 73 пас. 8
  • Исус лекувал во сабота

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус лекувал во сабота
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Правење добри дела на Сабат
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Тој ги сакал луѓето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • „Оди измиј се во езерцето Силоам“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Исус ги лекува болните
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 29 стр. 72-стр. 73 пас. 8
Исус зборува со еден болен човек кај езерцето Витезда

ПОГЛАВЈЕ 29

Исус лекувал во сабота

ЈОВАН 5:1-16

  • ИСУС ПРОПОВЕДАЛ ВО ЈУДЕЈА

  • ИЗЛЕКУВАЛ БОЛЕН ЧОВЕК КАЈ ЕДНО ЕЗЕРЦЕ

Исус постигнал многу добри резултати додека проповедал низ Галилеја. Но, кога рекол: „И на другите градови морам да им ја објавам добрата вест за Божјето царство“, тој не мислел само на Галилеја. Затоа, отишол „да проповеда по синагогите во Јудеја“ (Лука 4:43, 44). Тоа што отишол во Јудеја донекаде е за очекување, затоа што било пролет и се ближел празникот во Ерусалим.

Евангелијата прилично детално ја опишуваат службата на Исус во Галилеја, но не зборуваат многу за она што го правел во Јудеја. Можно е неговата служба во тој крај да не наишла на добар одѕив. Но, и да било така, тоа не го спречило Исус да продолжи да проповеда и да прави добри дела каде и да се наоѓал.

Дошло времето за Пасхата во 31 год. од н.е., и Исус се упатил кон главниот град на Јудеја, Ерусалим. На едно раздвижено место во градот, близу Овчата Порта, имало едно езерце со пет тремови наречено Витезда. Таму доаѓале многу болни, слепи и сакати, затоа што се верувало дека, ако влезат во водата кога таа ќе се разбранува, ќе се излекуваат.

Било сабота, и крај езерцето Исус видел еден човек кој бил болен веќе триесет и осум години. Исус го прашал: „Сакаш ли да оздравиш?“ Човекот одговорил: „Господине, нема кој да ме спушти во езерцето кога водата ќе се разбранува, па додека јас да дојдам, друг веќе слегол пред мене“ (Јован 5:6, 7).

Она што Исус го кажал потоа сигурно многу го изненадило човекот, а и сите останати. Тој рекол: „Стани, земи си ја носилката и оди“ (Јован 5:8). Човекот така и направил. Бидејќи оздравел во истиот момент, си ја зел носилката и почнал да оди!

Евреите зборуваат со човекот што Исус го излекувал

Кога Евреите го виделе човекот со носилката в раце, наместо да се радуваат што бил излекуван тие го осудиле: „Сабота е, и не ти е дозволено да ја носиш носилката“. Но, тој им одговорил: „Оној што ме оздраве ми рече: ‚Земи си ја носилката и оди‘“ (Јован 5:10, 11). За тие Евреи, секој што лекувал во сабота заслужувал осуда.

„Кој е тој човек што ти рекол: ‚Земи ја и оди‘?“, прашале. Зошто сакале да го знаат тоа? Затоа што ‚Исус се тргнал поради мноштвото‘, а човекот не знаел како се вика тој што го излекувал (Јован 5:12, 13). По некое време, човекот повторно се сретнал со Исус во храмот и тогаш дознал кој бил тој што го излекувал кај езерцето.

Потоа човекот ги нашол Евреите кои го прашувале кој го излекувал и им кажал дека тоа бил Исус. Евреите веднаш почнале да го бараат Исус. Дали сакале да дознаат од каде му била способноста да прави такви прекрасни дела? Не. Наместо тоа, сакале да го обвинат дека го прекршил законот за саботата, и покрај тоа што направил добро дело. Дури почнале и да го прогонуваат!

  • Зошто Исус отишол во Јудеја, и што продолжил да прави?

  • Зошто многу луѓе оделе кај езерцето наречено Витезда?

  • Какво чудо направил Исус кај езерцето, и како реагирале некои Евреи?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели