ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/8 стр. 3
  • Ремек-дела без творечка рака?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ремек-дела без творечка рака?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Тука нешто недостасува!
  • Восхитувај се на творбите, но учи и за Творецот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Кој може да ни каже?
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Интервју со еден биохемичар
    Разбудете се! 2006
  • Несогласувања во врска со еволуцијата — зошто?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/8 стр. 3

Ремек-дела без творечка рака?

ПОМИНАА речиси 150 години откако Чарлс Дарвин ја изнесе идејата дека сложеноста и разновидноста на живиот свет се должат на природна селекција. Меѓутоа, неговата теорија на еволуција, како и нејзините понови варијанти, во последно време се најдоа на удар на оние што веруваат дека неверојатно прецизната градба на живите организми е доказ дека тие се интелигентно направени. Дури и голем број признати научници не ја прифаќаат идејата дека разновидните облици на живот што постојат на Земјата настанале по пат на еволуција.

Некои од овие научници нудат друга теорија наречена „интелигентен дизајн“ и тврдат дека биологијата, математиката и здравиот разум даваат цврсти докази дека целокупниот жив свет е производ на интелигенција. Тие настојуваат да ја вклучат оваа теорија во наставната програма на училиштата. Ваквите „војни“ против еволуцијата главно се водат во САД, но сличен тренд се забележува и во Англија, Пакистан, Србија, Турција и Холандија.

Тука нешто недостасува!

Луѓето што веруваат во „интелигентен дизајн“ многу внимателно ги бираат зборовите кога ја објаснуваат својата теорија. Тие избегнуваат да го спомнат „дизајнерот“, односно Творецот. Дали ти се верува дека една творба може да постои без творец? Поборниците на оваа теорија „не наведуваат конкретно кој или што би можело да биде тој творец“, се вели во The New York Times Magazine. Писателката Клаудија Волис забележува дека приврзаниците на оваа нова теорија „многу внимаваат да не го спомнат Бог во своите расправи“. А списанието Newsweek забележува дека „,интелигентниот дизајн‘ не спомнува ни дали постои ‚дизајнер‘ ни кој е тој“.

Но, сигурно и тебе ти е јасно дека тоа прашање е неизбежно. Зар е возможно некој да тврди дека вселената и живиот свет се интелигентно направени, а да не каже кој е тој што ги направил или барем да земе во обѕир дека тој можеби постои?

Дебатите околу тоа дали да се признае постоењето на творец или не, донекаде се вртат околу следниве прашања: Ако се прифати фактот дека постои Творец, нема ли тоа да го спречи научниот и интелектуалниот напредок? Дали ќе се повикаме на интелигентен Творец само тогаш кога нема друго објаснување? И дали навистина е логично да заклучиме дека сите тие прекрасни творби во природата мора да имаат Творец? Во следната статија ќе бидат разработени овие и слични прашања.

[Слики на страница 3]

Според Чарлс Дарвин, сложеноста на живиот свет се должи на природна селекција

[Извор на слика]

Дарвин: Од фотографија на Mrs. J. M. Cameron/U.S. National Archives photo

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели