ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/9 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • ,Верниот роб‘ го положува испитот!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • „Роб“ што е и верен и разборит
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Кој е верниот и разборит роб?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • „Тие го следат Јагнето“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/9 стр. 31

Прашања од читателите

Што мислел Исус кога рекол дека неговиот верен роб ќе биде „разборит“?

Исус го поставил прашањето: „Значи, кој е верниот и разборит роб кого неговиот господар го поставил над своите слуги за да им дава храна во вистинско време?“ (Матеј 24:45). Тој „роб“ што дава духовна „храна“ е собранието од христијани помазани со свет дух. Зошто Исус ги нарекол разборити?a

За да сфатиме што сакал да каже Исус со зборот „разборит“, најдобро ќе биде да ги разгледаме неговите учења. На пример, кога зборувал за „верниот и разборит роб“, Исус ја кажал споредбата со десетте девици кои чекале да дојде младоженецот. Девиците нѐ потсетуваат на помазаните христијани пред 1914 год., кои со нетрпение чекале да дојде големиот Младоженец, Исус Христос. Кога пристигнал младоженецот, пет од тие девици немале доволно масло, и затоа не присуствувале на свадбата. Другите пет биле разборити. Тие си зеле доволно масло, па затоа нивните светилки можеле уште да светат кога дошол младоженецот, и им било дозволено да влезат на свадбата (Матеј 25:10-12).

Кога Исус почнал да владее како Цар во 1914 год., многу од помазаните христијани очекувале веднаш да му се придружат на небото. Но, за нив имало сѐ уште работа на Земјата, а некои не биле подготвени за тоа. Исто како глупавите девици, тие не се зајакнале духовно однапред, па затоа не биле подготвени да продолжат да ја шират духовната светлина. Сепак, повеќето помазаници биле духовно зајакнати бидејќи постапиле разборито, односно мудро и промислено. Кога сфатиле дека ги чека уште многу работа, тие радосно се зафатиле со неа. Така докажале дека се „верниот и разборит роб“.

Размисли и за начинот на кој Исус го употребил зборот „разборит“ во Матеј 7:24. Исус рекол: „Секој што ги слуша овие мои зборови и ги извршува, ќе биде како разборит човек, кој си ја изградил куќата на карпа“. Разборитиот човек гради на цврст темел за да биде подготвен во случај на бура. За разлика од него, глупавиот човек гради на песок, и затоа ја губи својата куќа. Според тоа, разборит следбеник на Исус е оној што однапред гледа какви лоши последици ќе има доколку постапува според човечката мудрост. Бидејќи е прониклив и добро ги проценува работите, тој својата вера, постапките и поучувањето цврсто ги темели на Исусовите поуки. На сличен начин постапува и „верниот и разборит роб“.

Исто така, забележи во кој контекст се користи зборот „разборит“ во многу преводи на Хебрејските списи. На пример, фараонот го поставил Јосиф да ги надгледува резервите од храна во Египет. На овој начин, Јехова му обезбедил храна на својот народ. А зошто бил избран токму Јосиф? Фараонот му рекол: „Никој не е толку разборит и мудар како што си ти“ (1. Мојсеева 41:33-39; 45:5). На сличен начин била опишана и Авигеја. Во Библијата за неа пишува дека била „многу разборита“. Таа им однела храна на Јеховиниот помазаник, Давид, и на неговите луѓе (1. Самоилова 25:3, 11, 18). Јосиф и Авигеја може да се наречат разборити бидејќи сфатиле која е Божјата волја и постапиле промислено, добро проценувајќи ги работите.

Значи, со тоа што го опишал верниот роб како разборит, Исус покажал дека оние што ќе бидат претставени со тој роб ќе бидат проникливи, ќе постапуваат промислено и добро ќе ги проценуваат работите бидејќи својата вера, постапките и поучувањето ги темелат на вистините од Божјата реч.

[Фуснота]

a „Разборит“ е превод на грчкиот збор фро́нимос. Во својата Студија на зборови од Новиот завет (Word Studies in the New Testament), М. Р. Винсент вели дека овој збор најчесто се однесува на практична мудрост и промисленост.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели