Зошто Бог го дозволува злото?
ЧОВЕК не мора да оди далеку за да сфати дека светот е полн со зло и страдање. Војните одземаат животи и на војници и на цивили. Криминалот и насилството стануваат секојдневие. Предрасудите и неправдата се толку чести што можеби си ги осетил и на своја кожа. И кога ќе помислиш на сѐ што си видел и си доживеал, најверојатно се прашуваш: ‚Зошто Бог го дозволува тоа зло?‘
Ти не си првиот што го поставил тоа прашање. Пред околу 3.600 години, еден верен Божји слуга, кој се викал Јов, прашал: „Зошто остануваат живи злите?“ (Јов 21:7). А пред околу 2600 години, пророкот Еремија, вознемирен од злото што го правеле неговите сонародници, се чудел: „Зошто е успешен патот на злобните, зошто уживаат мир сите што ги изневеруваат другите?“ (Еремија 12:1). И Јов и Еремија знаеле дека Бог е праведен. Но, сепак, се прашувале зошто има толку многу злоба. Веројатно и тебе те збунува истото.
Некои луѓе го обвинуваат Бог за злото и за страдањето. Други си велат: ‚Ако е Бог семоќен, праведен и ако нѐ сака, тогаш зошто не стори нешто за да го спречи сето страдање? Зошто дозволува до ден-денес да има зло?‘ Во следната статија ќе го добиеме одговорот на тие и на други важни прашања.
[Извор на слика на страница 3]
AP Photo/Adam Butler