ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/10 стр. 3-4
  • Дали да живееш од денес за утре?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали да живееш од денес за утре?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Има ли смисла да правиме планови за иднината?
  • Освен на денешницата, мисли и на иднината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Вредеше да се послушаат предупредувањата
    Разбудете се! 2006
  • Што ни носи иднината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали твоите планови се во склад со Божјата намера?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/10 стр. 3-4

Дали да живееш од денес за утре?

„НИКОГАШ не мислам на иднината. Што ќе биде, ќе биде“, рекол познатиот научник Алберт Ајнштајн. И многу други го мислат истото. Понекогаш ќе речат: „Зошто да се заморувам со иднината?“ А има и такви што велат: „Не му ја мисли толку. Терај си го животот“. „Живеј го животот денес. Не се секирај што ќе биде утре.“

Луѓе со ваков став не сретнуваме само ние. Уште во старо време, животното правило на епикурејците било: „Јади, пиј и уживај! Ништо друго не вреди!“ И некои современици на апостол Павле велеле: „Да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме“ (1. Коринќаните 15:32). Тие мислеле дека овој краток живот е сѐ што имаме, па затоа ги поттикнувале и луѓето околу себе да го искористат до максимум.

Милиони други жители на Земјата воопшто не можат да го искористат животот за да уживаат до максимум. Условите во кои живеат се толку лоши што постојано се мачат и се борат да дојдат до корка леб. Зошто да мислат на утрешнината, кога таа најчесто е црна и безнадежна?

Има ли смисла да правиме планови за иднината?

Дури и луѓе што не живеат во толку тешки услови не гледаат вистинска причина да планираат за во иднина. Можеби си велат: „Зошто да се мачам со тоа?“ Некои можеби сметаат дека тие што прават планови на крајот ќе се разочараат, бидејќи плановите може да не им успеат. Дури и Јов, еден семеен поглавар од старо време, паднал во очај кога видел дека сите негови планови пропаднале, со што пропаднале и шансите тој и неговото семејство да имаат среќна иднина (Јов 17:11; Проповедник 9:11).

Шкотскиот поет Роберт Барнс ја споредил нашата тешка ситуација со ситуацијата на полското глувче чиешто дувло несакајќи го растурил со својот плуг. Целиот живот на глувчето буквално му се свртел наопаку, и единствено што му преостанувало било да бега за да спаси жива глава. Тогаш поетот си помислил: ‚Колку често и ние сме беспомошни кога работите ќе тргнат наопаку и не можеме ништо да смениме! Тогаш и најдобрите планови едноставно паѓаат во вода‘.

Според тоа, дали има некаква смисла да правиме планови за во иднина? Факт е дека постојат ситуации, како што е еден ураган или некоја друга природна катастрофа, кога последиците многу зависат од претходното планирање. Се разбира, никој не може да спречи невреме. Но, зарем не е точно дека, на пример, последиците од ураганот Катрина, кој го погоди градот Њу Орлеанс, ќе беа помали и за градот и за неговите жители доколку однапред биле преземени мерки на безбедност и бил направен план на дејствување?

Што мислиш ти лично? Дали е навистина добро да живееме од денес за утре и да не береме гајле за иднината? Ти предлагаме да размислиш за тоа откако ќе ја прочиташ следната статија.

[Слики на страница 3]

„Јади, пиј и уживај! Ништо друго не ти вреди!“

[Слика на страница 4]

Зарем последиците од ураганот Катрина нема да биле помали ако градот имал план на дејствување?

[Извор на слика]

U.S. Coast Guard Digital

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели