ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/1 стр. 13-17
  • Искрените ја прифаќаат пораката

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Искрените ја прифаќаат пораката
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Проповедај непристрасно
  • Благослови за оние што проповедаат „без престан“
  • Одлична книга за проучување на Библијата
  • „Да не се откажеме од правење добро“
  • Пред и потоа — таа нашла сила да се промени
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • ‚Внимавај на службата што си ја примил во Господарот‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Нема престанување во објавувањето на добрата вест
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/1 стр. 13-17

Искрените ја прифаќаат пораката

„Сите кои исправно гледаа на вечниот живот станаа верници“ (ДЕЛА 13:48).

1, 2. Како реагирале првите христијани откако го чуле Исусовото пророштво дека добрата вест ќе се проповеда по целиот свет?

БИБЛИСКАТА книга Дела содржи многу интересен извештај за тоа како реагирале првите христијани откако Исус прорекол дека добрата вест за Царството ќе се проповеда по целиот свет (Мат. 24:14). Тие ревносни проповедници им го трасирале патот на сите што подоцна тргнале по нивните стапки. Како резултат на сесрдното сведочење на Исусовите ученици во Ерусалим, илјадници луѓе, меѓу кои имало и „многу свештеници“, станале дел од собранието во првиот век (Дела 2:41; 4:4; 6:7).

2 Првите мисионери им помогнале на уште повеќе луѓе да станат христијани. На пример, еден од нив бил Филип. Тој отишол во Самарија каде што мноштвото внимателно го слушало она што им го кажувал (Дела 8:5-8). Павле патувал насекаде со различни придружници и ја ширел христијанската порака на Кипар, во некои делови од Мала Азија, во Македонија, Грција и Италија. Многу Евреи и Грци станале верници во градовите каде што проповедал тој (Дела 14:1; 16:5; 17:4). Тит служел на островот Крит (Тит 1:5). Петар проповедал во Вавилон, а до времето кога го напишал своето прво писмо, околу 62-64  год. од н.е., христијаните веќе проповедале во Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија (1. Пет. 1:1; 5:13). Колку возбудливи времиња биле тие! Христијаните што живееле во првиот век биле толку ревносни што нивните непријатели тврделе дека тие ‚го побуниле целиот свет‘ (Дела 17:6; 28:22).

3. Што постигнуваат денес објавителите на Царството со своето проповедање, и како се чувствуваш поради тоа?

3 Христијанското собрание доживува извонреден пораст и во нашево време. Зарем не се охрабруваш од годишниот извештај за проповедањето од кој може да се види што се постигнува во целиот свет? Зарем не се радуваш што знаеш дека објавителите на Царството воделе повеќе од 6 милиони библиски студии во 2007 службена година? Освен тоа, бројот на присутни на минатогодишната Спомен-свеченост по повод смртта на Исус Христос покажува дека речиси 10 милиони лица, кои не се Сведоци на Јехова, биле доволно заинтересирани за добрата вест за да присуствуваат на овој важен настан. Од сето ова се гледа дека сѐ уште има многу работа.

4. Кои лица ја прифаќаат пораката за Царството?

4 Денес, исто како и во првиот век, ‚сите кои исправно гледаат на вечниот живот‘ ја прифаќаат пораката на вистината (Дела 13:48). Јехова ги привлекува таквите луѓе кон својата организација. (Прочитај Агеј 2:7.) Како треба да гледаме на христијанската служба за потполно да учествуваме во ова собирање?

Проповедај непристрасно

5. Кои луѓе ја имаат Јеховината милост?

5 Христијаните во првиот век сфатиле дека „Бог не е пристрасен, туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“ (Дела 10:34, 35). Дали некој ќе има добар однос со Јехова или не, зависи од тоа дали покажува вера во откупната жртва на Исус (Јован 3:16, 36). А Јехова сака „најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1. Тим. 2:3, 4).

6. Од што мора да се чуваат објавителите на Царството, и зошто?

6 Не би било во ред објавителите на добрата вест да имаат предрасуди кон луѓето врз основа на нивната раса, општествена положба, изглед, вера или што и да било друго. Размисли за момент: Зарем не си благодарен што оној кој прв ти зборувал за библиските вистини немал предрасуди кон тебе? Тогаш, дали би било исправно да не му ја кажеш пораката на секого што би слушал, кога таа може да му го спаси животот? (Прочитај Матеј 7:12.)

7. Зошто не смееме да им судиме на оние на кои им проповедаме?

7 Јехова го поставил Исус за Судија, и затоа ние немаме право да им судиме на луѓето. Ова е сосема на место бидејќи, за разлика од Исус, ние можеме да судиме само ‚според она што го гледаме‘ или според ‚она што го слушаме‘, додека Исус може да ги чита најскриените мисли и помисли на срцето (Иса. 11:1-5; 2. Тим. 4:1).

8, 9. а) Каков човек бил Савле пред да стане христијанин? б) Што учиме од она што се случило со апостол Павле?

8 Луѓе со најразлично минато му стануваат слуги на Јехова. Еден истакнат пример за ова е Савле од Тарс, кој станал познат како апостол Павле. Савле, кој бил фарисеј, жестоко им се противел на христијаните. Тој бил искрено убеден дека тие не се вистински слуги на Јехова, и затоа го прогонувал христијанското собрание (Гал. 1:13). Од човечка гледна точка, сигурно изгледало дека тој би бил последниот што би станал христијанин. Сепак, Исус видел нешто добро во срцето на Савле и го избрал да изврши една посебна задача. Како резултат на тоа, Савле станал еден од најактивните и најревносните членови на христијанското собрание во првиот век.

9 Што учиме од она што се случило со апостол Павле? Можеби на нашето подрачје има такви кои се противат на пораката што ја проповедаме. Иако ни изгледа неверојатно дека некогаш некој од тие луѓе би можел да стане вистински христијанин, не треба да кренеме раце од нив и да мислиме дека се изгубен случај. Понекогаш дури и оние за кои си цврсто убеден дека нема да те слушаат, ќе ја прифатат пораката. Ние имаме задача и понатаму да им проповедаме „без престан“ на сите. (Прочитај Дела 5:42.)

Благослови за оние што проповедаат „без престан“

10. Зошто треба да им проповедаме и на луѓето што можеби нѐ плашат со својот изглед? Раскажи искуства од вашето место.

10 Изгледот може да лаже. На пример, Игнасиоa почнал да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци додека бил во затвор во една јужноамериканска земја. Луѓето се плашеле од него бидејќи бил многу насилен. Поради тоа, затворениците што изработувале некои предмети и им ги продавале на другите затвореници го праќале Игнасио да ги собере парите од нивните должници. Но, како што Игнасио почнал духовно да напредува и да го применува она што го учи, од силеџија постепено станувал љубезен. Денес никој не го праќа да му ги собере неплатените долгови, а Игнасио е среќен затоа што, поради библиските вистини и Божјиот дух, сега е нов човек. Освен тоа, многу е благодарен што објавителите кои ја проучувале Библијата со него биле непристрасни и не престанале да го поучуваат.

11. Зошто повторно навраќаме кај луѓето?

11 Една причина зошто повторно навраќаме кај луѓето со кои веќе сме зборувале за добрата вест е тоа што нивните околности и ставови можат да се сменат и навистина се менуваат. Можеби, откако последен пат сме им биле на врата, некој од нив се разболел од тешка болест, ја изгубил работата или, пак, имал смртен случај во семејството. (Прочитај Проповедник 9:11.) Настаните што се случуваат во светот можат да ги наведат луѓето сериозно да се замислат за својата иднина. Можеби тие настани ќе натераат некого што порано бил рамнодушен, па дури ѝ ни се противел, сега да сака да разговара. Затоа, не треба да се воздржуваме да им зборуваме за добрата вест на другите во секоја поволна прилика.

12. Како треба да гледаме на луѓето на кои им проповедаме, и зошто?

12 Се чини дека ние како луѓе сме склони да ги судиме другите и да ги делиме на вакви и такви. Но, Јехова го гледа секој засебно. Тој ги гледа добрите особини кај секого. (Прочитај 1. Самоилова 16:7.) И ние треба да се трудиме да гледаме така на луѓето што ги среќаваме во службата. Многу искуства покажуваат дека има добри резултати кога сме позитивни кон сите на кои им проповедаме.

13, 14. а) Зошто една пионерка имала негативен став кон една жена што ја сретнала во службата? б) Што учиме од ова искуство?

13 Сандра, која служи како пионер, еднаш била во служба од куќа до куќа на еден карипски остров. Во таа прилика се сретнала со Рут, која со воодушевување учествувала во карневалските прослави. Двапати била крунисана како државна кралица на карневалот. Таа покажала прилично голем интерес за она што го зборувала Сандра, и затоа се договориле да ја проучуваат Библијата. Сандра вели: „Кога влегов во дневната соба, веднаш ми падна в очи една голема слика од Рут облечена во блескав карневалски костим, како и трофеите што ги освоила. Дојдов до погрешен заклучок дека една толку позната личност што учествува во карневалските прослави сигурно нема да се интересира за вистината. Затоа престанав да ја посетувам“.

14 По извесно време, Рут дошла во Салата на Царството, и кога завршил состанокот, ја прашала Сандра: „Зошто престана да доаѓаш и да проучуваш со мене?“ Сандра ѝ се извинила и се договориле да продолжат со проучувањето на Библијата. Рут брзо напредувала, ги тргнала сликите од карневалот, почнала да учествува во сите собраниски активности и му го заветувала својот живот на Јехова. Се разбира, Сандра сфатила дека нејзината прва реакција била погрешна.

15, 16. а) Кој бил резултатот од тоа што една објавителка му сведочела на својот роднина? б) Зошто минатото на некој роднина не треба да нѐ спречи да му сведочиме?

15 Имало добри резултати и кога мнозина им сведочеле на членови од своето семејство што не се Сведоци, дури и кога изгледало неверојатно дека тие ќе ја прифатат пораката. Да ја земеме, на пример, Џојс, една христијанка од САД. Нејзиниот зет лежел по затвори уште од тинејџер. Таа раскажува: „Луѓето велеа дека тој е изгубен случај. Се занимаваше со дрога, крадеше и правеше уште куп други лоши работи. И покрај тоа, иако изгледаше неверојатно дека ќе ја прифати библиската вистина, јас продолжив да му зборувам за неа цели 37 години“. Нејзините стрпливи напори да му помогне биле богато наградени кога конечно почнал да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци и направил драстични промени во својот живот. Неодамна, на возраст од 50 години, зетот на Џојс се крсти на еден обласен конгрес во Калифорнија. Џојс вели: „Плачев од радост! Колку сум среќна што не кренав раце од него!“

16 Можеби ти е незгодно да зборуваш со некои роднини за библиските вистини затоа што имаат лошо минато. Но, ова не ја спречило Џојс да зборува за Библијата со својот зет. На крајот на краиштата, од каде знаеме што има некој во срцето? Можеби искрено ја бара религиозната вистина. Затоа, немој да дозволиш нешто да те спречи да му дадеш прилика да ја најде. (Прочитај Изреки 3:27.)

Одлична книга за проучување на Библијата

17, 18. а) Што покажуваат извештаите од целиот свет во врска со делотворноста на книгата Што навистина учи Библијата? б) Какви убави искуства си имал ти додека си ја користел оваа книга?

17 Од повеќе земји во светот стигнуваат извештаи дека книгата Што навистина учи Библијата?, која е наменета за проучување на Божјата реч, наидува на многу добар одѕив кај многу искрени луѓе. Пени, која служи како пионер во САД, со помош на оваа книга започнала да ја проучува Библијата со неколку луѓе. Меѓу нив биле и две постари лица кои биле ревносни верници во своите цркви. Пени не била сигурна како ќе реагираат на библиските вистини кои се разработени во книгата. Сепак, таа пишува: „Бидејќи информациите во неа се изнесени кратко, јасно и логично, им беше лесно да сфатат дека она што го учат е вистината и воопшто не се бунеа ниту се расправаа“.

18 Пет, објавителка од Британија, почнала да ја проучува Библијата со една жена која била бегалец од една азиска земја. Жената била принудена да бега од својата земја откако маж ѝ и синовите биле заробени од бунтовниците и повеќе не ги видела. Животот ѝ бил во опасност, домот ѝ бил запален и била жртва на групно силување. Поради сето ова, заклучила дека нема зошто да живее и повеќе пати размислувала да се убие. Но, кога почнала да ја проучува Библијата, стекнала надеж. „Едноставните објаснувања и сликите во книгата Што учи Библијата имаа огромно влијание врз неа“, пишува Пет. Жената брзо напредувала, ги исполнила условите да биде некрстен објавител и изразила желба да се крсти на следниот собир. Колку сме радосни што можеме да им помогнеме на искрените луѓе да ја разберат и да ја ценат надежта што ни ја дава Библијата!

„Да не се откажеме од правење добро“

19. Зошто е толку итно да проповедаме?

19 Со секој поминат ден, станува сѐ поитно да го извршуваме налогот да проповедаме и да правиме ученици. Илјадници искрени луѓе секоја година ја прифаќаат порака што ја проповедаме. Но, ‚големиот ден на Јехова е близу‘, што значи дека оние што сѐ уште се во духовна темнина „тетеравејќи се одат на погубување“ (Соф. 1:14; Изр. 24:11).

20. На што треба да биде решен секој од нас?

20 Сѐ уште има време да им помогнеме на таквите лица. Но, за да успееме во тоа, мора да се угледаме на христијаните од првиот век, кои ‚без престан поучувале и ја објавувале добрата вест за Христос, Исус‘ (Дела 5:42). Истрајно следи го нивниот пример и покрај тешкотиите, со тоа што непристрасно ќе им проповедаш на сите и вешто ќе ги поучуваш! „Да не се откажеме од правење добро“ бидејќи, ако истраеме, ќе жнееме богати благослови и ќе ја имаме Божјата наклоност (2. Тим. 4:2; прочитај Галатите 6:9).

[Фуснота]

a Некои имиња се сменети.

Како би одговорил?

• Кои лица ја прифаќаат добрата вест?

• Зошто не треба да имаме предрасуди кон оние на кои им проповедаме?

• Какви резултати се постигнуваат со книгата Што навистина учи Библијата?

[Слики на страница 13]

Илјадници искрени лица ја прифаќаат пораката

[Слики на страница 15]

Што можеме да научиме од промените што ги направил апостол Павле?

[Слика на страница 16]

Објавителите на добрата вест немаат предрасуди кон луѓето

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели