ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/6 стр. 16-17
  • Дали си спремен да ја браниш својата вера?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си спремен да ја браниш својата вера?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Како можам да се справам со неправдата?
    Разбудете се! 2000
  • Постигнала повеќе отколку што очекувала
    Разбудете се! 2003
  • Нигериски ученици благословени заради верноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Како да најдам заеднички јазик со наставникот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/6 стр. 16-17

Дали си спремен да ја браниш својата вера?

ДАЛИ некогаш си се нашол во ситуација кога си чувствувал дека мораш да ја браниш својата вера? Да видиме што ѝ се случило на Сузана, една 16-годишна сестра од Парагвај. На часот по етика, некој спомнал дека Јеховините сведоци не ги прифаќаат „Стариот завет“, Исус Христос и Марија. Друг тврдел дека Сведоците се фанатици кои попрво би умреле отколку што би прифатиле медицинска нега. Како ќе си постапел да си бил таму?

Сузана му се помолила на Јехова и кренала рака. Бидејќи часот веќе привршувал, таа ја прашала професорката дали ќе може да изнесе презентација на своите верувања како Јеховин сведок. Професорката веднаш се согласила. Во текот на следните две седмици, Сузана ја подготвила презентацијата со помош на брошурата Јеховините сведоци — кои се тие? Што веруваат?

Конечно дошол денот на излагањето. Сузана објаснила од каде доаѓа името Јеховини сведоци. Објаснила и каква надеж имаме за иднината и зошто не прифаќаме трансфузија на крв. Потоа ги замолила учениците да поставуваат прашања. Повеќето од нив кренале рака. Професорката била вчудовидена од библиските одговори што ги дала младата девојка на нивните прашања.

Еден ученик рекол: „Јас еднаш бев во Салата на Царството и видов дека таму нема ниту една икона или кип“. Професорката сакала да знае зошто. Тогаш Сузана ги прочитала стиховите од Псалм 115:4-8 и 2. Мојсеева 20:4. Професорката изненадено рекла: „Па зошто нашите цркви се полни со кипови и икони кога Библијата јасно забранува да се користат?“

Оваа дискусија со прашања и одговори продолжила 40-тина минути. Кога Сузана ги прашала учениците дали би сакале да ја гледаат видеокасетата Без крв — медицината се справува со предизвикот (No Blood—Medicine Meets the Challenge), сите рекле дека сакаат. Затоа професорката се сложила дискусијата да продолжи и следниот ден. Откако ја гледале видеокасетата, Сузана објаснила кои алтернативи на трансфузијата се прифатливи за некои Јеховини сведоци. Во врска со ова, професорката изјавила: „Немав претстава дека постојат толку многу алтернативи на трансфузијата, а не сум знаела ни какви сѐ предности има човек да се лекува без да прими крв. Дали овие третмани се наменети само за Јеховините сведоци?“ Кога Сузана ѝ одговорила дека не се, професорката рекла: „Следниот пат кога Јеховините сведоци ќе ми дојдат на врата, сигурно ќе разговарам со нив“.

Наместо излагањето да трае само 20 минути, како што било планирано во почетокот, траело три часа. Една седмица подоцна и други ученици изнеле презентации на своите верувања како членови на други цркви. Кога завршиле, пак имало многу прашања, но учениците што го имале излагањето не можеле да ја одбранат својата вера. Професорката ги прашала: „Зошто вие не можете да ја браните својата вера како што ја одбрани вашата соученичка која е Јеховин сведок?“

Одговорот бил: „Тие ја проучуваат Библијата, а ние не“.

Тогаш професорката ѝ се обратила на Сузана: „Вие навистина ја проучувате Библијата и се трудите да го правите она што го вели таа. Заслужувате пофалба за тоа!“

Сузана можела да реши да не каже ништо. Сепак, со тоа што отворено зборувала, постапила по примерот на едно израелско девојче кое било заробено од Сиријците. Ова девојче, чие име не е наведено, станало робинка во домот на сирискиот воен заповедник Нааман, кој имал тешка кожна болест. Младата Израелка храбро ѝ рекла на својата господарка: „Кога мојот господар би му се обратил на пророкот што е во Самарија! Тој би го излекувал од лепрата“. Девојчето едноставно не можело а да не посведочи за вистинскиот Бог. Благодарение на тоа, Нааман на крајот почнал да му служи на Јехова (2. Цар. 5:3, 17).

Слично на ова девојче, и Сузана не можела а да не посведочи за Јехова и за неговиот народ. Со тоа што отворено истапила во одбрана на својата вера кога нејзините верувања биле доведени во прашање, Сузана ја послушала библиската заповед: „Христос, како Господар, нека биде свет во вашите срца и секогаш бидете спремни за одбрана пред секој што од вас бара да ја образложите надежта која е во вас, но тоа правете го благо и со длабока почит“ (1. Пет. 3:15). Дали си и ти спремен да ја браниш својата вера и дали го правиш тоа кога ќе ти се пружи прилика?

[Слика на страница 17]

Следниве работи можат да ти помогнат да ја одбраниш својата вера

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели