Постигнала повеќе отколку што очекувала
„ЗНАЕВ дека мојот професор по историја не ги сака Јеховините сведоци, но немав поим зошто“, вели 17-годишната Ребека од Германија. Затоа, кога професорот прашал кој сака да одржи говор пред целиот клас, Ребека се двоумела. Сепак, собрала храброст да го замоли да ѝ дозволи да одржи говор за прогонството на Јеховините сведоци под нацистичкиот режим во текот на II светска војна. На професорот му се допаднал тој предлог.
Учениците во класот уживале во излагањето на Ребека и зеле вкупно 44 списанија и брошури на таа тема. Потоа, Ребека му го дала својот материјал на професорот, како и неколку книги и видеокасети напишани или издадени од луѓе што не се Сведоци. На една видеокасета имало извештај за прогонството на Јеховините сведоци во Источна Германија во текот на Студената војна. Професорот бил особено заинтересиран за тоа бидејќи таа тема не му била многу позната.
Подоцна Ребека дознала зошто нејзиниот професор не ги сакал Јеховините сведоци. Ѝ објаснил дека одел на училиште со еден Јеховин сведок. Младичот не зборувал многу за својата вера ниту за својот живот како Сведок. Затоа, професорот заклучил дека Сведоците се чудни луѓе и решил да нема никаква врска со нив. Но, излагањето на Ребека му го променило мислењето. „Сега сме во многу подобри односи со професорот“, вели таа. „Исто така, научив дека ние како млади треба послободно да им зборуваме на другите за нашата вера.“
Но, тоа не било сѐ. Професорот им кажал на колегите за извонредниот говор на Ребека. По неколку дена, наставникот по етика ја замолил Ребека да одржи уште еден говор, и тоа не само пред еден клас туку во една многу посебна прилика — Годишнината во знак на сеќавање на ослободувањето од концентрациониот логор во Аушвиц на крајот на II светска војна. Биле присутни околу 360 ученици и десетина професори. На крајот на говорот, присутните зеле 50 брошури, а училиштето побарало уште 150 примероци за натамошно дистрибуирање.
Ребека постигнала многу повеќе отколку што очекувала. Добро сведоштво за нејзината вера било дадено не само пред нејзиниот клас туку и пред целото училиште. А нејзиниот професор ги надминал своите поранешни сомневања во врска со Сведоците.
[Слика на страница 22]
Нацистите му ја отсекле главата на Хајнрих Фундис. Стотици други Јеховини сведоци биле погубени во концентрационите логори
[Слика на страница 22]
На многу Јеховини сведоци им била понудена слобода ако го потпишеле овој документ со кој требало да се одречат од својата вера
[Извор на слика]
Со љубезна дозвола на Меморијалниот музеј на холокаустот во Соединетите Држави
[Слика на страница 23]
Деца како Бертолд Мевес биле одвоени од своите родители
[Слика на страница 23]
На оваа видеокасета е раскажан извештајот за храброста на Јеховините сведоци во нацистичка Германија
[Слика на страница 23]
На затворските униформи бил пришиван пурпурен триаголник за да можат да се препознаат Јеховините сведоци