Го сменила мислењето
◼ Пред неколку години, една наставничка во Батуми (Грузија) побарала од учениците да ги набројат Десетте заповеди. Била изненадена што Ана, една од нејзините ученички, ги кажала точно, а дала исцрпни одговори и на други библиски прашања. Наставничката се заинтересирала и ја прашала од каде знае толку многу. Кога Ана рекла дека ја проучува Библијата со Јеховините сведоци, наставничката ја прекинала велејќи дека тие се фанатици.
На друг час, наставничката барала од учениците да напишат состав за животот во Грузија и за многуте проблеми со кои се соочува оваа земја. Во заклучокот од својот состав, Ана напишала: „Напорите да се направат коренити промени во општеството се осудени на неуспех бидејќи во Еремија 10:23 се вели ‚дека патот на земниот човек не е во негова власт. Човекот кој оди не може да управува со своите чекори‘. Само Божјето Царство може да ги реши сите проблеми“.
Наредниот ден наставничката ја пофалила Ана пред одделението и рекла: „Уживав во овој прекрасен состав што Ана го напишала со свои зборови. Во него објаснила како е можно да се сменат условите во светот“. Наставничката била одушевена и од однесувањето на Ана, и пред целото одделение ја пофалила за нејзините добри манири и за скромната облека.
Кога ја посетиле Јеховини сведоци, наставничката им рекла дека порано ги сметала за фанатици, но дека сега го сменила мислењето поради нејзината ученичка Ана. Во 2007 год., оваа наставничка присуствувала на Спомен-свеченоста по повод смртта на Исус Христос заедно со Јеховините сведоци и внимателно ја следела програмата.
По Спомен-свеченоста, наставничката на Ана рекла дека е многу одушевена од тоа колку добро Јеховините сведоци ја познаваат Библијата. Сега Сведоците редовно ја проучуваат Библијата со неа. Дали и ти си личност што не дозволува предрасудите да ја спречат да ги испита убедувањата и однесувањето на другите? Зошто не побараш некој Јеховин сведок бесплатно да ја проучува Библијата со тебе?
[Слика на страница 21]
Ана го пишува својот состав