ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/3 стр. 10-12
  • Помош за жртвите на циклонот во Мјанмар

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помош за жртвите на циклонот во Мјанмар
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Јеховините спасувачки дела сега
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Тоа што не можеше да го однесе ниедна бура
    Разбудете се! 2003
  • Помагање на соверниците — света служба во чест на Јехова
    Божјето Царство владее!
  • Работи кои ураганот Ендрју не можеше да ги уништи
    Разбудете се! 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/3 стр. 10-12

Помош за жртвите на циклонот во Мјанмар

НА 2 мај 2008 год., циклонот Наргис го погоди Мјанмар со огромна сила и брзо стана ударна вест во целиот свет.a Речиси 140.000 луѓе беа прогласени за мртви или исчезнати откако делтата на реката Иравади ја зафати силна бура.

За чудо, не беше повреден ниту еден од многуте Јеховини сведоци во тоа место. Мнозина од нив се спасија затоа што се засолнаа во нивните добро изградени Сали на Царството. Во едно место, 20 Сведоци и 80 други селани седеа на покривот на Салата на Царството 9 часа затоа што водата достигна висина од 5 метри. Сите преживеаја. За жал, 300 луѓе од истото село го изгубија животот. Во многу села, Салите на Царството беа единствените градби што не се урнаа.

Два дена по циклонот, подружницата на Јеховините сведоци во Јангон испрати една екипа доброволци за да им помогнат на објавителите во собранието Ботингон, кое се наоѓа на устието на делтата. Доброволците мораа да патуваат низ предели што беа тешко погодени од циклонот, да се чуваат од разбојници и да минуваат покрај мртви тела што веќе почнале да се распаѓаат, но успеаја да стигнат до Ботингон со доволно резерви на ориз, тестенини, вода и свеќи. Тие беа првите доброволци што стигнаа таму. Откако им ги дадоа намирниците на Сведоците што живееја таму, тие одржаа библиски предавања за да ги охрабрат браќата и им оставија Библии и библиска литература, бидејќи циклонот им однесе сѐ што имаа.

Сведоците што беа погодени од циклонот покажаа извонреден став. Еден Сведок од едно собрание во уништениот регион на реката Иравади рече: „Сѐ изгубивме. Сите куќи ни се уништени. Пропадна сѐ што имавме насадено. Сета питка вода е загадена од поплавата. Меѓутоа, браќата и сестрите не се секираат како другите. Тие имаат доверба во Јехова и во неговата организација. Ќе ги следиме сите упатства што ќе ги добиеме, сеедно дали да останеме во селото или да одиме на друго место“.

Една група од 30 Сведоци, кои исто така изгубија сѐ, радосно пееја песни за Царството додека патуваа 10 часа до местото каде што една екипа за помош донесе храна, облека и им обезбеди покрив над главата. Пред да стигнат таму, чуја дека во еден од блиските градови се одржува покраински собир на Јеховините сведоци. Одлучија најнапред да појдат на собирот за да добијат духовна храна и да уживаат во друштвото на другите христијани.

Во целата област што беше погодена од циклонот беа уништени 35 куќи на Сведоци, 125 домови беа оштетени, а 8 Сали на Царството беа само делумно оштетени. Добро е што подружницата не претрпе посериозни штети.

Во почетокот, поради циклонот подружницата беше сосема отцепена бидејќи имаше паднато големи дрвја што ги блокираа околните патишта. Само неколку часа откако се смири бурата, повеќе од 30 лица од подружницата со голи раце почнаа да ги расчистуваат дрвјата. Додека работеа, минувачите застануваа и се чудеа. За кратко време, неколку жени што се Сведоци пристигнаа со освежителни пијалаци и свежо овошје за работниците, како и за соседите, кои не можеа да си веруваат на очите. Кога еден новинар забележал што се случува, прашал: „Кои се овие луѓе што работат толку добро?“ Откако му кажале, тој рекол: „Би сакал повеќе луѓе да покажат поголема солидарност, како што прават Јеховините сведоци!“

Сведоците брзо основаа два одбора за помош во различни делови од земјата за да можат да бидат згрижени сите браќа во погодените области. Во екипите за помош работеа стотици доброволци. За неколку дена беа изградени нови куќи за Сведоците што ги изгубија своите домови. Кога пристигна една екипа за помош за да ѝ изгради нова куќа на една жена која беше Јеховин сведок, нејзините соседи просто не можеле да веруваат во она што го гледале. Една сосетка рекла: „На оваа жена куќата ѝ ја изгради нејзината црква. Ниеден од моите пријатели будисти не дојде да ми помогне. Требаше да станам Сведок кога таа ми проповедаше!“

Кога градежните работници и одборот за помош ја проверија состојбата на една куќа во Танлин, која беше речиси цела разрушена, останаа трогнати кога семејството во кое сите се Сведоци им рече: „Ова не е ништо страшно. Нашата куќа е добро. Можеме да живееме овде — и тоа без проблем! Ама некои Сведоци немаат никаква куќа. Одете и помогнете им ним!“

Во еден кварт на Јангон, некои луѓе се обиделе да се засолнат во една црква. Меѓутоа, вратата била заклучена и никој не можел да влезе. Луѓето многу се налутиле и сакале да ја скршат. Спротивно на тоа, Јеховините сведоци им помогнаа на многу луѓе да се засолнат во Салите на Царството додека траеше циклонот. На пример, во една Сала на Царството во Дала, една брачна двојка Сведоци прибрале 20 избезумени соседи што побарале засолниште таму. Утрото, тие фамилии немале каде да се вратат и биле гладни. Мажот нашол некој човек што продавал ориз и купил доволно за сите тие луѓе.

Некои од членовите на едно семејство во Јангон се Јеховини сведоци, а други припаѓаат на различни цркви. По циклонот, сите од семејството дошле на состанок во Салата на Царството. Зошто? Една жена од тоа семејство објаснила: „Од нашата црква ни рекоа дека ќе дојдат и ќе нѐ посетат по невремето, но не дојдоа. Се појавија само Сведоците. Ни дадовте ориз и вода. Вие не сте како другите цркви!“ Членовите на семејството што не се Сведоци уживаа во разговорите на темел на статијата од Стражарска кула „Јехова нѐ слуша кога бараме помош“, па дури и коментираа повеќе пати.

Една жена ја проучувала Библијата со Сведоците и дошла на нивниот собраниски состанок една седмица по налетот на циклонот. За време на состанокот се читало писмо од подружницата, во кое било дадено известување за тоа што било преземено за да се помогне и беа раскажани искуствата на оние што го преживеале циклонот. Додека се читало писмото, жената почнала да плаче. Била бескрајно восхитена и радосна кога чула дека е поведена грижа за сите Сведоци и дека сите се добро. Потоа и нејзе ѝ оставиле некои неопходни артикли и ѝ подигнале шатор веднаш до куќата. Рекла дека се чувствувала навистина добро згрижена од Сведоците.

Исус рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35). И ученикот Јаков нагласил дека вистинската вера треба да биде поткрепена со добри дела (Јаков 2:14-17). Јеховините сведоци сериозно ги сфаќаат тие зборови и покажуваат таква љубов со тоа што им помагаат на оние што се во неволја.

[Фуснота]

a Во една енциклопедија стои: „Во регионот на Атлантикот и на Карибите, тропските циклони обично се нарекуваат урагани, додека на западниот Пацифик и во областите на Кинеското Море се користи зборот тајфун“ (The Encyclopædia Britannica).

[Истакната мисла на страница 11]

Библијата вели дека вистинската вера треба да биде поткрепена со добри дела

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели