ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 15/4 стр. 12-13
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Што пишува во Библијата за абортусот?
    Одговор на библиски прашања
  • Абортус
    Разбудете се! 2017
  • Прозорец во матката
    Разбудете се! 1996
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 15/4 стр. 12-13

Прашања од читателите

Има ли надеж да биде воскреснато бебе кое умрело во матката на мајката?

На оние што никогаш не почувствувале колку боли да се изгуби нероденото дете, можеби им е тешко да си замислат со какви чувства се борат оние што претрпеле таква загуба. За некои родители загубата е многу болна. Една мајка изгубила пет деца уште пред да се родат. Подоцна била многу среќна што можела да одгледа два здрави сина. Но, никогаш не ги заборавила петте неродени бебиња. До крајот на својот живот точно знаела колку години ќе имало секое од децата што ги изгубила. Дали христијанките што доживеале вакво нешто имаат основа да се надеваат дека ќе воскреснат децата што ги изгубиле на таков начин?

Едноставниот одговор на ова прашање е — не знаеме. Библијата никаде не зборува директно за тоа дали ќе воскреснат мртвороденчињата или бебињата што го изгубиле животот поради спонтан абортус. Но, во Божјата реч има начела кои се однесуваат на оваа тема и кои би можеле да ни дадат извесна мера утеха.

Да разгледаме две прашања што се поврзани со ова. Прво, според Јехова, кога почнува човечкиот живот — при зачнувањето или при раѓањето? И второ, како гледа Јехова на едно неродено дете — како на посебна единка или само како на збир од клетки и ткива во матката на жената? Библиските начела ни даваат јасен одговор и на двете прашања.

Мојсеевиот закон јасно покажувал дека животот не почнува при раѓањето, туку многу порано. Од каде го гледаме ова? Според Законот, ако некој предизвикал смрт на неродено дете, можел да добие смртна казна. Обрни внимание на оваа заповед: „Ќе земеш живот за живот“a (2. Мој. 21:22, 23). Според тоа, нероденото дете во матката на мајката е живо и веќе е посебна единка. Оваа вечна вистина им помогнала на милиони христијани да го сметаат абортусот за тежок грев против Бог.

Значи, нероденото дете е живо, но колку е скапоцен неговиот живот за Јехова? Според истиот закон, возрасниот што ќе ја предизвикал смртта на некое неродено дете требало да биде убиен. Очигледно, животот на нероденото дете е многу скапоцен во Божји очи. Освен тоа, и многу други стихови во Библијата откриваат дека Јехова ги смета неродените деца како посебни единки. На пример, воден од светиот дух, во врска со Јехова, цар Давид рекол: „Ме засолнуваше во утробата на мајка ми... Твоите очи ме видоа додека бев зародок, во твојата книга сите негови делови беа запишани — и деновите кога настануваа“ (Пс. 139:13-16; Јов 31:14, 15).

Јехова гледа дека нероденото дете си има свои посебни карактеристики и може да согледа за кои сѐ убави работи има потенцијал. Додека Ревека, жената на Исак, била бремена со близнаци, Јехова кажал пророштво во врска со двете момчиња што се удирале во нејзината матка. Од тоа пророштво се гледа дека тој веќе видел некои нивни црти што ќе имаат влијание врз многу луѓе во иднина (1. Мој. 25:22, 23; Рим. 9:10-13).

И случајот со Јован Крстител е интересен. Во Евангелието според Лука читаме: „Кога Елисавета го чу поздравот на Марија, детето во нејзината утроба потскокна. И Елисавета се исполни со свет дух“ (Лука 1:41). Кога го опишувал овој настан, Лука, кој бил лекар, употребил еден грчки збор што може да се однесува и на неродено дете и на новороденче. Истиот збор го употребил и кога зборувал за Исус кој лежел како бебе во јаслите (Лука 2:12, 16; 18:15).

Гледано во целина, дали Библијата прави голема разлика помеѓу бебето во матката на мајката и бебето што ќе се роди и ќе го вдиши својот прв здив? Па, не изгледа така. Ова е во склад и со откритијата на современата наука. На пример, истражувачите утврдиле дека бебето во матката може да чувствува и да реагира на надворешни дразби. Според тоа, не е ни чудо што една бремена жена чувствува многу силна приврзаност кон детето што расте во неа.

Сите бебиња не се носат исто време во матката. Размисли за ова: Една мајка може предвреме да роди живо бебе кое по неколку дена умира. Друга мајка може да го износи бебето до крај, но тоа да умре пред самото породување. Дали првата мајка има надеж дека нејзиното дете ќе биде воскреснато само затоа што случајно се родило предвреме, а втората мајка нема таква надеж?

Како заклучок, можеме да кажеме дека Библијата јасно поучува дека животот почнува при зачнувањето и дека Јехова го смета нероденото дете за посебна и скапоцена единка. Со оглед на овие библиски вистини, можеби некои мислат дека не би било во ред да се каже дека нема надеж за воскресение за неродените деца што ќе умрат. Можеби дури мислат дека таквото гледиште не е во согласност со нашиот библиски став против абортусот, кој главно се темели на овие вистини.

Во минатото, во ова списание беа покренати некои практични прашања од кои се чинеше дека нема голема веројатност да бидат воскреснати децата што умираат пред да се родат. На пример, дали во рајот Бог би ставил во матката на една жена дури и делумно развиен ембрион? Меѓутоа, со подлабоко проучување, размислување и молитви, Водечкото тело дојде до заклучок дека таквите прашања, всушност, не се пресудни за надежта во воскресение. Исус рекол: „За Бог сѐ е возможно“ (Мар. 10:27). И она што самиот Исус го доживеал ја потврдило вистинитоста на оваа изјава. Неговиот живот бил префрлен од небото во матката на една млада девица — иако од човечка гледна точка тоа било сосема невозможно.

Тогаш, дали сево ова значи дека, според Библијата, децата кои ќе го изгубат животот пред да се родат ќе бидат воскреснати? Мораме да истакнеме дека Библијата не дава директен одговор на ова прашање и затоа немаме основа да бидеме догматични. Оваа тема може да покрене безброј прашања. Но, најдобро е да не нагаѓаме. Едно знаеме: Дали ќе воскреснат или не, ќе одреди Јехова Бог, кој е многу милостив и милосрден (Пс. 86:15). Неоспорно е дека тој од сѐ срце сака да ја поправи штетата што ја предизвикува смртта, и тоа ќе го направи со воскресението (Јов 14:14, 15). Можеме да бидеме сигурни дека Бог секогаш го прави она што е исправно. Јехова ќе ни ги излекува многуте рани што ни ги нанесува животот во овој злобен свет кога со љубов ќе го води својот Син „да ги уништи делата на Ѓаволот“ (1. Јов. 3:8).

[Фуснота]

a Некои преводи на овие стихови оставаат впечаток дека само смртта на мајката повлекува смртна казна. Меѓутоа, изворниот хебрејски текст покажува дека законот важел доколку дошло до смрт било на мајката било на нероденото дете.

[Слика на страница 13]

Јехова ќе ни ги излекува сите болки

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели