ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 162
  • Што пишува во Библијата за абортусот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што пишува во Библијата за абортусот?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата?
  • Кога започнува човечкиот живот?
  • Дали Бог ќе ѝ прости на некоја жена која направила абортус?
  • Дали абортусот е оправдан ако е загрозен животот на мајката или на детето?
  • Абортус
    Разбудете се! 2017
  • Абортус — дали е тоа решение?
    Разбудете се! 1995
  • Абортусот не е најидеалното решение
    Разбудете се! 2009
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 162
Една бремена жена стои пред огледало

Што пишува во Библијата за абортусот?

Што вели Библијата?

Во Библијата не се зборува за абортус во смисла на намерно отстранување на плодот, односно фетусот. Но од многу библиски стихови може да дознаеме кое е Божјето гледиште за човечкиот живот, вклучувајќи го и животот на едно неродено дете.

Животот е дар од Бог (1. Мојсеева 9:6; Псалм 36:9). За него е скапоцен секој човечки живот, вклучувајќи го и животот на детето додека е во матката на мајката. Според тоа, ако некој намерно го прекине животот на едно дете, тоа е исто како да го убил.

Во Законот што Бог им го дал на Израелците, пишувало: „Ако се степаат мажи и повредат бремена жена, па од неа излезе детето, но не дојде до смрт, тогаш виновникот мора да плати отштета колку што ќе му одреди нејзиниот маж. Нека плати преку судии. Но, ако дојде до смрт, тогаш ќе земеш живот за живот“ (2. Мојсеева 21:22, 23).a

  • Кога започнува човечкиот живот?

  • Дали Бог ќе ѝ прости на некоја жена која направила абортус?

  • Дали абортусот е оправдан ако е загрозен животот на мајката или на детето?

Кога започнува човечкиот живот?

Во Божји очи човечкиот живот започнува од самото зачнување. Во неговата Реч, Библијата, очигледно е дека Бог гледа на секое неродено дете како на личност. Размисли за следниве примери кои покажуваат дека Бог не прави разлика помеѓу животот на едно неродено дете и животот на едно дете кое е родено.

  • Под водство на светиот дух, цар Давид му рекол на Бог: „Твоите очи ме видоа додека бев зародок“ (Псалм 139:16). Значи, Бог го сметал Давид за личност уште пред да се роди.

  • Освен тоа, уште пред пророкот Еремија да се роди, Бог знаел за каква посебна цел ќе го користи. Бог му рекол: „Пред да те обликувам во утробата на мајка ти, јас те познавав. Пред да излезеш од нејзината утроба, јас те посветив. Те поставив за пророк на народите“ (Еремија 1:5).

  • Библискиот писател Лука, кој бил лекар, користел ист грчки збор за да опише едно неродено дете и едно новороденче (Лука 1:41; 2:12, 16).

Дали Бог ќе ѝ прости на некоја жена која направила абортус?

Бог може да им прости на жените кои направиле абортус. Ако го прифатат Божјето гледиште за животот, нема потреба да ги измачуваат чувства на вина. „Јехова е милосрден и добар... Колку што е исток далеку од запад толку ги оддалечува од нас нашите престапи“b (Псалм 103:8-12). Јехова ќе им прости на сите оние што искрено се каат за гревовите што ги направиле во минатото, вклучувајќи го и абортусот (Псалм 86:5).

Дали абортусот е оправдан ако е загрозен животот на мајката или на детето?

Ако го земеме предвид гледиштето на Библијата за животот на едно неродено дете, не е оправдано да се изврши абортус поради можни ризици за здравјето на мајката и детето.

Што може да се каже за ретките ситуации кога за време на породувањето мора да се донесе одлука дали да се спаси животот на мајката или животот на детето? Во таков случај, оние што се вклучени во тоа мора сами да одлучат чиј живот ќе се обидат да го спасат.

a Некои преводи наведуваат на заклучок дека во овој закон најважно било она што се случува со мајката, а не со фетусот. Но, всушност, во хебрејскиот текст се зборува за несреќа во која умира било мајката било детето.

b Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата (Псалм 83:18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели