ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/5 стр. 22-25
  • Бетелот во Бруклин — 100 години постоење

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бетелот во Бруклин — 100 години постоење
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто се префрли во Бруклин?
  • Зошто беше наречен Бетел?
  • Срдечен дочек на посетителите
  • Дали ова е можеби најдобрата кариера за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Да се гледа со ценење на ‚домот Божји‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Јехова го собира и опремува својот народ за дело
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
  • Отворена покана!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/5 стр. 22-25

Бетелот во Бруклин — 100 години постоење

ЗА ЊУЈОРК СИТИ, 1909 година беше многу значајна. Беше пуштен мостот Квинсборо, кој ги поврзуваше општините Квинс и Менхетен, а исто така и мостот Менхетен, со кој оваа општина беше поврзана и со Бруклин.

Таа година беше значајна и за Јеховините сведоци. Претходно, Чарлз Тејз Расел, претседател на Watch Tower Bible and Tract Society, законската корпорација на Јеховините сведоци, виде можност добрата вест за Божјето Царство да почне да се проповеда во поголем обем (Матеј 24:14). Тој сметаше дека ќе се направи огромен чекор кон постигнувањето на таа цел ако седиштето на оваа непрофитна корпорација се префрли од Питсбург (Пенсилванија) во Бруклин (Њујорк). Подготовките за преселбата почнаа во 1908 год., а во почетокот на следната година беше завршено со целата преселба.

Зошто се префрли во Бруклин?

Оние што предводеа во проповедничкото дело во тоа време знаеја дека проповедите објавени во весници беа ефикасен начин на ширење на библиската вистина. Всушност, до 1908 год., седмичните проповеди на Расел излегуваа во 11 весници, со вкупен тираж од 402.000 примероци.

Меѓутоа, Расел напиша: „Браќата што се запознати со методите на весниците... нѐ уверуваат дека, ако доаѓаат од некое [попознато место], седмичните проповеди веројатно ќе бидат објавени низ сите Соединети Американски Држави и, за една година, можеби редовно ќе ги печатат стотици весници“. Затоа, почнаа да бараат најдобра локација од каде што ќе може да се шири проповедничкото дело.

Зошто го избраа Бруклин? Расел рече: „Откако му се молевме на Бог за таа работа, сите заклучивме дека Бруклин (Њујорк) ќе биде најпогоден центар за извршување на жетвата, затоа што има многубројно население... и затоа што е познат како ‚Градот на црквите‘“. Резултатите ја оправдаа оваа одлука. За кратко време, проповедите на Расел излегуваа во 2.000 весници.

Њујорк беше добар избор од уште една причина. Во 1909 год., подружници беа отворени и во Велика Британија, Германија и Австралија, а кратко потоа и во многу други земји. Затоа, логично беше светското седиште да се смести во град кој има пристаниште, но и важни патни и железнички врски.

Зошто беше наречен Бетел?

Првобитното седиште на Watch Tower Bible and Tract Society беше основано во 1880-тите, во Алегени (сега дел од Питсбург, Пенсилванија). Во тоа време се нарекуваше Библиска куќа. Во 1896 год., таму работеа 12 души.

Но, со преселбата во Бруклин во 1909 год., новата станбена зграда на членовите на персоналот беше наречена Бетел.a Зошто? Имотот што го купи Watch Tower Society на „Хикс Стрит“ бр. 13-17 беше сопственост на познатиот свештеник Хенри Вард Бичер, и стана познат како Бетелот на Бичер. Беше купена и претходната резиденција на Бичер, сместена на „Колумбија Хајтс“ бр. 124. Во Стражарска кула од 1 март 1909 год. пишуваше: „Сигурно изгледа многу значајно што го купивме стариот Бетел на Бичер и потоа случајно ја добивме и неговата поранешна резиденција... Новиот дом ќе го наречеме ‚Бетел‘, а новите канцеларии и салата ‚Бруклински табернакул‘. Овие имиња ќе го заменат терминот ‚Библиска куќа‘“.

Денес, проширените објекти во Бруклин и на уште две други места во државата Њујорк, имено во Волкил и во Патерсон, вклучувајќи ги и станбените згради и печатницата и канцелариите, се нарекуваат Бетел. Всушност, сега има Бетели во 113 земји во светот. Во нив служат повеќе од 19.000 доброволци што помагаат да се пренесат библиските информации.

Срдечен дочек на посетителите

Објектите беа свечено отворени на 31 јануари 1909 год. Понеделник, 6 септември 1909 год., беше ден кога во Бетел можеа да дојдат посетители. Стотици Истражувачи на Библијата, како што тогаш беа познати Јеховините сведоци, го разгледаа објектот. Многумина од нив дојдоа директно од еден христијански конгрес што се одржа во Саратога Спрингз, околу 320 километри северно од Њујорк Сити. Чарлс Тејз Расел лично ги пречекуваше и ги поздравуваше посетителите.b

Посетителите сѐ уште се добредојдени во Бетел. Всушност, секоја година повеќе од 40.000 лица ги разгледуваат објектите во Бруклин. Бруклинскиот Бетел и понатаму игра многу важна улога во ширењето на веста за Јеховиното Царство, за благослов на безброј милиони луѓе.

a Хебрејскиот збор „Бетел“, или „Ветил“, значи „Божји дом“. Во Библијата, Ветил бил значаен израелски град. Само градот Ерусалим се спомнува почесто од него.

b Повеќе историски детали можеш да најдеш во англиското издание на книгата Јеховините сведоци — објавители на Божјето Царство, страници 718-723, издадена од Јеховините сведоци.

Што знаеш за Watch Tower Bible and Tract Society?

Корпорацијата што денес е позната како Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania беше регистрирана во 1884 год. под називот Zion’s Watch Tower Tract Society. Нејзината цел беше да се пренесе и во другите земји библиската вистина, особено преку отпечатената литература. И денес Watch Tower Bible and Tract Society сѐ уште е едно од законските средства што Јеховините сведоци ги користат во целиот светc (Филипјаните 1:7).

Watch Tower Bible and Tract Society има отпечатено Библии и библиски публикации на 473 јазици. А на 72 јазици издаде повеќе од 150 милиони примероци на Светото писмо — превод Нов свет, комплетно или дел од него. Освен Преводот Нов свет, Заедницата отпечати со свои сопствени преси или даде да се печатат следниве библиски преводи: American Standard Version, The Bible in Living English, The Emphatic Diaglott, Холмановиот Linear Parallel Edition, King James Version (вклучувајќи и издание за Истражувачите на Библијата) и The New Testament Newly Translated and Critically Emphasized, второ издание.

Освен што печатеа Библии, само во изминативе десет години Јеховините сведоци произведоа повеќе од 20 милијарди артикли, како што се книги, списанија, трактати, CD-а, DVD-ја и други библиски материјали.d Повеќето од овие артикли беа произведени, спакувани и испратени од Бетелите во Австралија, Аргентина, Бразил, Британија, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Јужноафриканска Република, Канада, Колумбија, Кореја, Мексико, Мјанмар, Нигерија, САД, Филипини, Финска и Шпанија.

1998-2008

ПРОИЗВОДСТВО

Книги

458.230.708

Списанија

11.292.413.199

Трактати

7.996.906.376

Брошури

862.050.233

CD/MP3

34.621.130

DVD

13.500.125

Друго

129.083.031

Вкупно

20.786.804.802

c Во 2008 год. имаше 7.124.443 Јеховини сведоци во 236 земји. Тие беа организирани во 103.267 собранија.

d Овие публикации не се продаваат. Библиското образовно дело што го извршуваат Јеховините сведоци се финансира со доброволни прилози.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели