ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/6 стр. 8-11
  • Тие ја сакале Божјата Реч

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тие ја сакале Божјата Реч
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Англичаните најдобро ќе го научат Христовиот закон на англиски јазик“
  • Библија и за детето зад плугот
  • „Сосема невозможно“
  • Библија во перница
  • Дали и ти ја сакаш Божјата реч?
  • Како дошла Библијата до нас — дел два
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Вилијам Тиндејл — човек со визија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Книга која „зборува“ живи јазици
    Книга за сите луѓе
  • Божјата Реч останува засекогаш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/6 стр. 8-11

Тие ја сакале Божјата Реч

ВАЖНИТЕ пораки честопати се пренесуваат на многу јазици за да можат да ги разберат што повеќе луѓе. Библијата, која е Божја Реч, содржи една таква порака. Иако е напишана многу одамна, сѐ што стои во неа „е за наша поука“ и ни дава утеха и надеж за иднината (Римјаните 15:4).

Затоа, логично е што Библијата, која ја содржи најважната порака што постои, ја има на многу јазици. Низ историјата, некои луѓе воделе вистинска борба за да ја преведат, и покрај некоја тешка болест, државни забрани или закана со смрт. Зошто? Затоа што ја сакале Божјата реч. Информациите што следат се само делче од впечатливата историја на преведувањето на Библијата.

„Англичаните најдобро ќе го научат Христовиот закон на англиски јазик“

Џон Виклиф е роден некаде во 1330 год. Во тоа време, богослужбата во Англија се одржувала на латински јазик. Но, обичниот народ зборувал англиски. Луѓето си разговарале на англиски, па дури и му се молеле на Бог на англиски.

Виклиф, кој бил католички свештеник, течно зборувал латински. Сепак, бил уверен дека не е исправно свештениците да го поучуваат народот за Светото писмо на латински, кој го сметал за јазик на повисоката класа. Тој напишал: „Знаењето за Божјиот закон треба да се пренесува на јазик што најлесно се разбира, бидејќи се учат работи од Божјата реч“. Затоа, Виклиф и неговите соработници оформиле еден тим за да ја преведат Библијата на англиски јазик. За тоа им биле потребни околу 20 години.

Католичката црква не била многу воодушевена од идејата дека ќе има нов превод на Библијата. Во една книга се објаснува зошто била против таквиот проект: „На тој начин обичниот народ ќе можел да ја спореди едноставноста на првобитното христијанство со католицизмот во тоа време... Првпат јасно се видело колкава била разликата помеѓу учењата на основачот на христијанството и неговиот самопоставен заменик [папата]“ (The Mysteries of the Vatican).

Папата Григориј XI издал пет едикти со кои го осудил Виклиф. Но, овој преведувач не дозволил ништо да го запре. Тој одговорил: „Англичаните најдобро ќе го научат Христовиот закон на англиски јазик. Мојсеј го чул Божјиот закон на својот јазик, а исто и Христовите апостоли“. Некаде во 1382 год., кратко пред смртта на Виклиф, неговиот тим го издал првиот англиски превод на целата Библија. Десетина години подоцна, еден од неговите соработници издал ревидиран превод кој бил уште полесен за читање.

Бидејќи сѐ уште не биле измислени печатарските машини, секој манускрипт требало внимателно да се препишува рачно — потфат што барал многу труд и можел да трае и до десет месеци! Сепак, Црквата толку се плашела дека Библијата ќе се рашири меѓу народот што еден надбискуп се заканил дека ќе го екскомуницира секого што ќе ја чита. Повеќе од 40 години по смртта на Виклиф, по наредба на еден папски концил, свештениците го откопале неговото мртво тело, му ги запалиле коските и пепелта ја фрлиле во реката Свифт. Сепак, оние што искрено сакале да ја дознаат вистината, правеле напори да дојдат до Библијата на Виклиф. Професор Вилијам М. Блекберн рекол: „Биле направени безброј примероци од Библијата на Виклиф, кои се ширеле меѓу народот и им биле оставани во наследство на следните генерации“.

Библија и за детето зад плугот

По 200 години, англискиот јазик што го зборувал Виклиф многу застарел. Еден млад свештеник од близината на Бристол се нервирал што само малку луѓе можеле да ја разберат Библијата. Во една прилика, овој свештеник, кој се викал Вилијам Тиндејл, чул како некој учен човек рекол дека би било подобро да се биде без Божјиот закон отколку без законот на папата. Тиндејл одговорил дека, ако му дозволи Бог, ќе се погрижи за кратко време дури и детето зад плугот да знае повеќе за Библијата отколку тој учен човек.

Виклиф преведувал од латинската Вулгата и рачно го препишувал Светото писмо. Но, Тиндејл, кој во 1524 год. ја напуштил Англија и заминал за Германија, почнал да преведува директно од хебрејски и грчки јазик. Својот превод го отпечатил во Келн на печатарска машина. Непријателите на Тиндејл наскоро дознале за преводот и го наговориле Сенатот во Келн да нареди да се конфискуваат сите примероци.

Тиндејл побегнал во градот Вормс (Германија), каде што продолжил со својата дејност. По кратко време, примероци од Грчките списи што ги превел Тиндејл на англиски јазик тајно биле пренесени со брод во Англија. За шест месеци биле продадени толку примероци што итно бил свикан состанок на бискупите и била издадена наредба да се запалат сите Библии.

За да го запре ширењето на Библијата и наводниот ерес на Тиндејл, бискупот од Лондон му наредил на сер Томас Мор да го нападне Тиндејл со моќта на своето перо. На Мор особено му пречело тоа што Тиндејл го користел зборот „собрание“ наместо „црква“, и „старешина“ наместо „свештеник“. Со овие зборови бил оспорен авторитетот на папата и разликата помеѓу свештеничката класа и обичните верници. Томас Мор го осудил Тиндејл и за тоа што го превел грчкиот збор ага́пи со „љубов“, а не со „милостина“. „И тоа било опасно за Црквата“, стои во книгата Ако ме поживее Бог, „бидејќи отвореното намалување на важноста на милостината би можело да се одрази лошо на високите донации, на индулгенциите и на наследството што верниците биле убедувани да го даваат за да си го обезбедат патот до рајот“ (If God Spare My Life).

Томас Мор се залагал за палење на „еретиците“, што било причина Тиндејл да биде задавен и неговото тело да биде запалено на колец во октомври 1536 год. На Томас Мор, пак, подоцна му била отсечена главата откако паднал во немилост на царот. Меѓутоа, Римокатоличката црква го прогласила за светец во 1935 год., а во 2000 год. папата Јован Павле II му оддал чест како на светец-заштитник на политичарите.

Тиндејл не добил такво признание. Меѓутоа, пред да умре тој, неговиот пријател Мајлс Кавердејл го подготвил преводот на Тиндејл како комплетна Библија — првиот англиски превод направен од оригинални јазици! Секое дете зад плугот сега можело да ја чита Божјата реч. А што е со Библијата на други јазици освен англискиот?

„Сосема невозможно“

И покрај тоа што семејството и пријателите го одвраќале од неговите намери, британскиот мисионер Роберт Морисон, посветен на својата желба да ја издаде комплетната Библија на кинески јазик, тргнал за Кина во 1807 год. Не му било лесно да го направи својот превод. „Изгледаше сосема невозможно да се изведе тој потфат“, рекол Чарлс Грант, кој во тоа време бил директор на Источноиндиската компанија.

Кога пристигнал, Морисон дознал дека на Кинезите им било забрането да ги учат странците да го зборуваат кинескиот јазик. Во спротивно, ги чекала смртна казна. За да се заштити себеси и оние што се нафатиле да го учат, Морисон не излегувал надвор извесно време. Еден извештај вели дека, „по две години учење, можел да зборува на мандарински и на уште неколку дијалекти, како и да чита и да пишува“ на тој јазик. Во меѓувреме, императорот издал наредба да се казни со смрт секој што ќе печати христијански книги. И покрај таквата закана, на 25 ноември 1819 год., Морисон завршил со преведувањето на целата Библија на кинески јазик.

Во 1836 год., биле отпечатени околу 2.000 примероци на целата Библија на кинески јазик, 10.000 примероци од Грчките списи, како и 31.000 други делови на Светото писмо. Љубовта кон Божјата реч го овозможила она што изгледало „сосема невозможно“.

Библија во перница

Две недели откако стапиле во брак во февруари 1812 год., американскиот мисионер Адонирам Џадсон и неговата жена, Ен, тргнале на долг пат, кој во 1813 год. ги одвел во Бурма, каде што се населиле.a Веднаш се фатиле за учење бурмански, кој е еден од најтешките јазици во светот. По неколку години, Џадсон напишал: „Учиме јазик што го зборува еден народ на другиот крај од светот, чии мисли имаат тек сосема поинаков од нашиот... Немаме ниту речник ниту толкувач за да ни објасни макар еден единствен збор“.

Тешкотиите со јазикот не го натерале Џадсон да се предаде. Тој го завршил својот бурмански превод на Христијанските грчки списи во јуни 1823 год. Подоцна, во Бурма избувнала војна. Како осомничен шпион, Џадсон бил фрлен в затвор, ставен во три пара железни пранги и врзан за еден долг колец за да не може да се движи. „Една од првите работи за кои прашал господин Џадсон веднаш штом нему и на госпоѓа Џадсон им било дозволено да се видат и да си зборуваат на англиски, бил преведениот ракопис на Новиот Завет“, напишал Франсис Вајланд во една книга за животот на Џадсон, издадена во 1853 год. Од страв да не биде уништен од влагата и од мувлата ако стои закопан под куќата, Ен го зашила ракописот во една перница и му го однела на својот маж во затворот. И покрај многу тешките услови, ракописот преживеал.

По многу месеци поминати в затвор, Џадсон бил пуштен на слобода. Но, неговата радост не траела долго. Подоцна истата година, Ен добила силна треска и умрела по неколку недели. А само шест месеци подоцна, и неговата ќеркичка Марија, која немала ни полни две години, умрела од неизлечлива болест. Иако бил скршен од болка, Џадсон продолжил со својата работа. Целата Библија конечно била завршена во 1835 год.

Дали и ти ја сакаш Божјата реч?

Љубовта кон Божјата реч што ја покажале овие преведувачи не е ништо ново. Во древниот Израел, псалмистот му пеел на Јехова Бог: „Колку го сакам твојот закон! Цел ден размислувам за него“ (Псалм 119:97). Библијата е многу повеќе отколку ненадминливо литературно дело. Таа содржи една многу важна порака. Дали ја читаш редовоно Божјата реч за да можеш да размислуваш за неа? Биди уверен дека, ако ја читаш и ако се трудиш да го применуваш она што го учиш, ‚ќе бидеш среќен‘ што го правиш тоа (Јаков 1:25).

[Фуснота]

a Денес Бурма е позната како Мјанмар, а бурманскиот јазик како мјанмарски.

[Истакната мисла на страница 8]

„Англичаните најдобро ќе го научат Христовиот закон на англиски јазик“ (ЏОН ВИКЛИФ)

[Слики на страница 9]

Вилијам Тиндејл и една страница од Тиндејловата Библија

[Извор на слика]

Тиндејл: Од книгата The Evolution of the English Bible

[Слики на страница 10]

Роберт Морисон и неговиот превод на Библијата на кинески јазик

[Извори на слики]

Се чува во Asian Division of the Library of Congress

Роберт Морисон, Гравура на W. Holl, од The National Portrait Gallery Volume IV, издадена о. 1829 (литографија), Џорџ Чинери (1774-1852) (after)/Приватна колекција/Ken Welsh/The Bridgeman Art Library International

[Слики на страница 11]

Адонирам Џадсон и неговиот бурмански превод на Библијата

[Извор на слика]

Џадсон: Гравура на John C. Buttre/Dictionary of American Portraits/Dover

[Извори на слики на страница 8]

Виклиф: Од книгата The History of Protestantism (Vol. I); Библија: Со љубезна дозвола на American Bible Society Library, Њујорк

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели