ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/11 стр. 13-14
  • Библијата и нејзиниот неверојатен опстанок

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата и нејзиниот неверојатен опстанок
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што се случило со други древни документи?
  • Што е со библиските текстови?
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Кога била пишувана Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Борбата за преживување на Библијата
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Богатство од египетските купишта ѓубре
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/11 стр. 13-14

Библијата и нејзиниот неверојатен опстанок

БИБЛИЈАТА е најзастапената книга во светот — се проценува дека досега се произведени 4,8 милијарди примероци. Само во 2007 год. биле отпечатени повеќе од 64.600.000 Библии. За да имаш претстава што значи тоа, да спомнеме дека истата таа година, најпродаваниот роман имал прв тираж од 12 милиони примероци во САД.

Но, за да стане најиздаваната книга, Библијата морала да совлада многу опасни препреки. Низ историјата, таа била забранувана и палена, а оние што ја преведувале биле малтретирани и убивани. Сепак, една од најголемите закани за опстанокот на Библијата не било жестокото противење туку бавниот процес на распаѓање. Зошто?

Библијата е збирка од 66 помали книги, а најстарите од нив ги напишале или ги составиле припадници на израелскиот народ пред повеќе од 3.000 години. Писателите и оние што ги препишувале текстовите, ги запишувале вдахновените пораки на трошни материјали, како што биле папирусот и кожата. До ден-денес сѐ уште не е откриен ниеден од тие оригинални ракописи. Но, пронајдени се илјадници древни преписи на помали и поголеми делови од книгите што ја сочинуваат Библијата. Фрагмент од една од тие книги, Евангелието според Јован, е напишан само неколку децении откако апостол Јован го составил оригиналниот текст.

„Текстот на хебрејската Библија [Стариот Завет] е неверојатно прецизно пренесен, нешто што не се среќава во грчката и латинската класична литература“ (професор Хулио Треболје Барера)

Зошто е вистинско чудо што воопшто опстанале некакви преписи од Библијата? И колку точно денешните Библии ги пренесуваат пораките што ги запишале нејзините писатели?

Што се случило со други древни документи?

Опстанокот на Библијата е една неверојатна приказна, ако се земе предвид што се случило со записите на народите што живееле во времето на Израелците. На пример, Феничаните им биле соседи на Израелците во првиот милениум пр.н.е. Поморските трговци го ширеле своето фонетско писмо низ целото Средоземје. Исто така, профитирале од богатата трговија со папирус со Египет и со земјите во кои била раширена грчката култура. Сепак, во списанието National Geographic го пишува следново во врска со Феничаните: „Нивните ракописи, најчесто напишани на тенок папирус, се распаднале, па затоа она што го знаеме за Феничаните се темели главно на необјективните извештаи на нивните непријатели. Иако се вели дека и самите Феничани имале богата литература, таа била сосема изгубена уште во старо време“.

Што е со записите на древните Египќани? Добро се познати хиероглифите што ги врежувале или ги сликале на храмските ѕидови и на други места. Египќаните се познати и по тоа што го измислиле папирусот како материјал за пишување. Меѓутоа, во врска со египетските записи на папирус, египтологот К. А. Кичен вели: „Се проценува дека околу 99 отсто од сите папируси напишани од околу 3000 год. пр.н.е. до грчко-римскиот период, сосема исчезнале“.

А како е со римските записи на папирус? Размисли за овој пример. Според книгата Римски воени извештаи на папирус (Roman Military Records on Papyrus), римските војници очигледно добивале плата три пати годишно, а извештаите се правеле на папирусни потврди за исплата. Се проценува дека во текот на 300 години, од времето на Август (27 пр.н.е.-14 од н.е.) до времето на Диоклецијан (284-305 од н.е.), имало 225.000.000 поединечни потврди за исплата. Колку од нив останале до денешен ден? Пронајдени се само две што можат да се прочитаат.

Зошто опстанале само толку малку древни документи напишани на папирус? Трошните материјали, како што се папирусот и кожата, која била еден друг вообичаен материјал за пишување, брзо се распаѓаат во влажни климатски услови. Во еден речник стои: „Поради климата, папирусните документи од тој период [првиот милениум пр.н.е.] можеле да останат неоштетени само ако се наоѓале во сува пустина и во пештера или засолниште“ (The Anchor Bible Dictionary).

Што е со библиските текстови?

Оригиналните библиски книги очигледно биле напишани на трошни материјали како оние што ги користеле Феничаните, Египќаните и Римјаните. Тогаш, зошто информациите што ги содржи Библијата опстанале и сега таа е најпечатената книга во светот? Професор Џејмс Л. Кугел изнесува една причина. Тој вели дека оригиналните ракописи биле препишувани „многу, многу пати дури и во периодот додека Библијата сѐ уште се пишувала“.

Каква споредба може да се направи помеѓу современите преводи на Библијата и древните ракописи? Професор Хулио Треболје Барера, член на тимот од експерти одговорни да ги проучат и објават древните ракописи познати како Свитоците од Мртвото Море, вели: „Текстот на хебрејската Библија е неверојатно прецизно пренесен, нешто што не се среќава во грчката и латинската класична литература“. Угледниот библиски изучувач Ф. Ф. Брус вели: „Доказите за точноста на записите од Новиот Завет се многу поголеми од доказите за точноста на многу списи на класичните автори, чија автентичност никој не ни помислува да ја оспори“. Понатаму, тој вели: „Да беше Новиот Завет збирка на световни списи, нивната автентичност би се прифатила без никакво сомневање“. Се разбира, Библијата е една извонредна книга. Дали си одвојуваш време да ја читаш секој ден? (1. Петрово 1:24, 25).

Денес сѐ уште постојат околу 6.000 рачно напишани примероци од Хебрејските списи, наречени Стар Завет, и околу 5.000 примероци од Грчките списи, наречени Нов завет

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели