ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/12 стр. 18-19
  • Патување во минатото

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Патување во минатото
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Како да најдам заеднички јазик со наставникот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Нигериски ученици благословени заради верноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Живот за кој никогаш не зажалив
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Големиот учител им служел на другите луѓе
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/12 стр. 18-19

Писмо од САД

Патување во минатото

ЗАМИСЛЕТЕ СИ колку би било интересно да се вратите во минатото и да видите како живееле вашите предци! На некој начин, и ние отидовме на едно такво патување. Тргнавме од Швајцарија и стигнавме во САД. Повеќето луѓе мислат дека САД се многу модерна земја во секој поглед, но нашето патување нѐ врати 200 години во минатото. Сега ќе ви раскажеме нешто повеќе за тоа.

Бидејќи зборуваме германски јазик со швајцарски дијалект, бевме замолени да појдеме на три месеци во државата Индијана. Нашата цел беше да им ја пренесеме добрата вест за Божјето Царство на семејствата амиши што го задржале дијалектот на своите предци. Во Индијана живеат стотици вакви семејства.

Амишите се потомци на една група анабаптисти од 17 век. Името доаѓа од нивниот водач, Јакоп Аман, кој живеел во Швајцарија. Уште во тоа време, додека овие богобојазливи луѓе ја проучувале Библијата, сфатиле дека не е исправно да се крштаваат бебиња и да се оди во војска. Поради тоа, владата почнала да ги прогонува. Неколкумина од нив дури биле и убиени заради своите верски убедувања. Прогонството станувало сѐ посилно, па затоа многу од нив морале да избегаат на други места во Швајцарија и во Франција. До средината на 19 век, илјадници пребегнале во САД. Со себе ја понеле својата култура и швајцарскиот дијалект.

Кога ги посетивме овие љубезни луѓе, тие беа изненадени што на врата им дошле некои што го зборуваат нивниот дијалект! Замислете си како изгледаше тоа.

„Од каде знаете да зборувате како нас?“ — нѐ прашуваа на швајцарски дијалект.

„Затоа што сме од Швајцарија“ — им одговаравме ние.

„Но, вие не сте амиши!“ — збунето велеа тие.

Многумина нѐ поканија внатре и така можевме да видиме каков им е животот, кој изгледа како да му припаѓа на далечното минато. Наместо сијалици имаше газиени ламби, наместо автомобили имаше коњи впрегнати во чези, наместо чешма имаше бунар и ветерница, а наместо да слушаат радио, луѓето пееја песни.

Најголем впечаток ни остави понизноста и скромноста на жителите што ги посетивме. Многу амиши секојдневно ја читаат Библијата и со уживање разговараат за неа. Затоа имавме одлична можност да зборуваме за тоа каква е Божјата намера со луѓето и со Земјата.

Наскоро се рашири веста дека во тој крај дошле луѓе од Швајцарија. Многумина нѐ испратија кај своите роднини, а ние со задоволство се согласивме да појдеме и кај нив. Посебно бевме возбудени и полни со исчекување кога добивме покана да го посетиме училиштето на амишите. Се прашувавме како ќе си поминеме таму.

Тропнавме на училишната врата. Наставникот ни отвори и веднаш нѐ покани да влеземе во училницата, каде што 38 пара љубопитни очи гледаа во четворица непознати луѓе. Во една просторија беа собрани осум одделенија, а учениците беа на возраст од 7 до 15 години. Девојчињата беа облечени исто, во сини униформи и бели капи, а машките носеа црни панталони и темно сини кошули. Просторијата имаше висок таван. Три ѕида беа со сина боја, а на предниот ѕид имаше училишна табла. Веднаш до неа имаше еден глобус и неколку карти на светот свиткани во ролни. Во ќошот имаше голема железна печка.

Нѐ седнаа на столчиња пред целиот клас, а децата љубопитно гледаа во нас. Учителот го повикуваше секое одделение да дојде до катедрата и ги испрашуваше учениците за лекцијата од претходниот ден. Бевме пријатно изненадени кога учителот им поставуваше на децата прашања во врска со лекцијата за швајцарските Алпи. Учебниците беа прилично стари, и учителот нѐ праша дали Швајцарија сѐ уште е онаква каква што е прикажана во книгите. Дали кравите сѐ уште се качуваат на високите ливади во лето или и тогаш на планините сѐ уште има снег? Ние им ги покажавме нашите фотографии во боја, на кои се гледаа снежните планински врвови. Учителот зрачеше од радост, бидејќи во неговиот учебник имаше само црно-бели слики.

Жената на учителот, која му помагаше во работата, ни постави едно прашање кое често го слушаме: „Знаете ли да јодлате?“ Нашиот одговор беше „не“. Меѓутоа, бидејќи знаевме колку вешто пеат и јодлаат амишите, ги замоливме тие да ни отпеат нешто. Ни ја исполнија желбата. Останавме занемени од песната на тој хор од 40 гласа. Потоа, учителот ги пушти децата на краток одмор.

Жената на учителот нѐ замоли да им отпееме нешто. Бидејќи знаевме неколку швајцарски народни песни, се согласивме. Веста за тоа се расчу во школскиот двор, и за миг сите деца се вратија во училницата. Стоејќи среде класот, им пеевме најдобро што знаевме.

Подоцна бевме поканети на ручек кај едно 12-члено семејство амиши. Една долга дрвена маса беше полна со вкусни јадења — пире, шунка, пченка, леб, сирење, зеленчук, печива и други десерти. Пред оброкот, секој се помоли во себе. Додека си стававме од јадењата, разговаравме за Швајцарија, земјата на нивните предци, а тие ни раскажаа нешто за животот на фармата. Децата си шепотеа и се кикотеа додека јадеа. Кога сите завршија со јадење, имаше уште една молитва, што значеше дека децата може да станат — ама не за да си играат. Тие имаа задача да ја расчистат масата и да ги измијат садовите, што значеше дека прво мораат да наполнат вода од пумпата и да ја загреат.

Додека децата ги миеја чиниите, родителите нѐ поканија да појдеме со нив во дневната соба. Немаше кауч, но седнавме на удобни дрвени столици на нишање. Од креденецот извадија една стара германска Библија, и како што е обичај кај амишите, почнавме да водиме жива дискусија на библиски теми. Каква е Јеховината намера со Земјата и со луѓето? Што мислел Исус кога рекол дека кротките ќе ја наследат Земјата? Дали Бог навистина сака вечно да ги мачи злобните луѓе во пекол? Кој ја извршува Исусовата заповед да се проповеда добрата вест по целата населена Земја? Многу се радувавме што на овие — како и на многу други теми — можевме да разговараме со духовно настроени луѓе што имаа Библија.

Понесовме убави спомени од нашето патување во минатото, кое е полно со прекрасни искуства. Се надеваме дека овие посети и разговори на швајцарски дијалект отворија не само многу врати туку и многу срца за вистината од Божјата реч, Библијата. Искрено се молиме да биде така.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели