ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/10 стр. 14
  • „Пркос кој заслужува почит“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Пркос кој заслужува почит“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Храбрите чувари на интегритетот триумфираат над нацистичкото прогонство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Јеховините сведоци храбри наспроти опасноста од нацистите
    Разбудете се! 1998
  • Верата на испит во нацистичка Европа
    Разбудете се! 2003
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/10 стр. 14

„Пркос кој заслужува почит“

ДОДЕКА немилосрдно владеел како германски канцелар, Адолф Хитлер примил десетици илјади писма. Во 1945 год., откако советската армија ја зазела територијата околу Берлин, многу од овие писма биле однесени и зачувани во архивите во Москва. Историчарот Хенрик Еберле темелно разгледал илјадници од овие писма за да дознае кој и зошто му ги праќал на Хитлер. Еберле ги изнел своите заклучоци во книгата со наслов Briefe an Hitler (Писма до Хитлер).

„На Хитлер му пишувале учители и ученици, калуѓерки и свештеници, невработени лица и врвни бизнисмени, адмирали и војници“, вели д-р Еберле. „Некои во него гледале нов Месија, а други го сметале за олицетворение на злото.“ Дали и некои црковни лица му пишале во знак на протест поради ѕверствата што ги вршеле нацистите? За жал, тој добил само неколку такви писма.

Меѓутоа, во архивите во Москва, Еберле нашол папка во која имало еден куп писма што Јеховините сведоци од цела Германија му ги испратиле на Хитлер. Во нив го изразувале своето незадоволство од постапките на нацистите. Всушност, Сведоците од околу 50 земји му испратиле на Хитлер околу 20.000 писма и телеграми во знак на протест заради малтретирањето на Јеховините сведоци. Илјадници Сведоци биле уапсени и стотици други биле убиени или умреле како последица од малтретирањето од страна на нацистите. На крајот, д-р Еберле рекол: „Кога ќе се сетиме на милионите жртви на нацистичкиот режим, овој број [на убиени Сведоци] изгледа мал. Сепак, тој сведочи за нивниот пркос кој заслужува почит“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели