ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/5 стр. 3-4
  • Што би одговорил Исус?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што би одговорил Исус?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Христијаните треба да им помагаат на другите
  • „Не се дел од светот“
  • Солта — скапоцен производ
    Разбудете се! 2002
  • Како христијанските учења влијаат врз општеството?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • „Добиена од најдобрите родители“
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/5 стр. 3-4

Што би одговорил Исус?

Многу побожни луѓе сметаат дека религијата треба да се меша во политиката. Тие веруваат дека религијата може да одигра важна улога во решавањето на проблемите што го засегаат човештвото. Но, други верници мислат дека религијата и политиката не треба да имаат ништо заедничко. Што мислиш ти? Треба ли овие влијателни сили да соработуваат?

ИСУС ХРИСТОС е опишан како „највлијателниот лик во историјата на религијата“. Тогаш, замисли си дека можеме да му го поставиме следново прашање: Треба ли религијата да се меша во политиката? Што би одговорил тој? Додека бил на Земјата, Исус го дал одговорот на ова прашање и со зборови и со дела. На пример, во прочуената Проповед на гората, тој им кажал на своите следбеници неколку работи кои можеле да им помогнат да сфатат каква треба да биде нивната улога како граѓани. Да разгледаме некои мисли од таа позната проповед.

Христијаните треба да им помагаат на другите

Исус опишал каков став треба да имаат неговите следбеници кон луѓето околу нив со следниве зборови: „Вие сте солта на земјата. Но, ако солта стане несолена, како ќе ѝ се обнови соленоста? Таа веќе не е за ништо друго, освен да се фрли надвор и да ја газат луѓето. Вие сте светлината на светот... Нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да го слават вашиот Татко, кој е на небесата“ (Матеј 5:13-16). Зошто Исус ги споредил своите ученици со сол и со светлина?

Затоа што сакал да покаже дека неговите следбеници може да имаат позитивно влијание врз луѓето. Но, солта не може да ја конзервира храната ако не е ставена врз неа. Една светилка не може да осветли темна соба ако е надвор од неа. Освен тоа, според зборовите на Исус, неговите следбеници се како сол не само за одредена група луѓе туку за целото човештво. Неговите следбеници се како светлина не само за одреден број луѓе туку за сите оние што искрено сакаат да го запознаат Бог. Исус никогаш не им заповедал на своите ученици да се изолираат на некое место на Земјата и да основаат свои заедници. Тој никогаш не им рекол да живеат одвоено од другите и да немаат никаков контакт со луѓето кои не ги делат нивните верски убедувања. Напротив, како што солта мора да дојде во допир со храната и како што светилката мора да биде во собата за да ја осветли, така и христијаните не треба да се изолираат од другите луѓе, туку треба да им помагаат.

„Не се дел од светот“

Меѓутоа, тоа што Исус им рекол на своите ученици дека треба да им помагаат на другите покренува едно важно прашање околу нивниот став кон политиката. Зошто? Кратко пред да умре, за своите следбеници Исус во молитва побарал од Бог: „Не те молам да ги земеш од светот, туку да ги зачуваш од Злобниот. Тие не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот“ (Јован 17:15, 16). Но, како е можно христијаните да не бидат дел од светот а истовремено да бидат корисни членови на општеството? За да дојдеме до одговорот, да ги разгледаме следниве три прашања:

• Каков став кон политиката имал Исус?

• Треба ли христијаните денес да се вклучат во политиката?

• Како христијанските учења влијаат врз општеството?

[Истакната мисла на страница 4]

Исус не сакал неговите следбеници да се изолираат од општеството

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели