Книга на исполнети пророштва
„Не остана неисполнето ниту едно ветување од сите добри ветувања што ви ги даде Јехова, вашиот Бог“ (ИСУС НАВИН 23:14)
ЗОШТО БИБЛИЈАТА Е НЕШТО ПОСЕБНО? Познато е дека гатачите од древни времиња претскажувале работи кои биле двосмислени и неверодостојни, а ништо подобри не се ни денешните хороскопи. Футурологијата ја претскажува иднината врз основа на сегашните движења во општеството и ретко се обидува да предвиди конкретни настани со векови однапред. За разлика од тоа, библиските пророштва се детални и секогаш се исполнуваат, дури и тогаш кога со нив ‚од дамнина се јавува она што уште не било‘ (Исаија 46:10).
ПРИМЕР: Во шестиот век пр.н.е., пророкот Даниел имал видение во кое бил претскажан ненадејниот пораз што Медо-Персија го доживеала од страна на Грција. Во тоа видение било проречено и дека, штом победничкиот цар на Грција ќе ‚стане силен‘, неговото царство ќе „се скрши“. Кој ќе го заменел? Даниел напишал: „Од неговиот народ ќе се подигнат четири царства, но нема да ја имаат неговата моќ“ (Даниел 8:5-8, 20-22).
ШТО ВЕЛАТ ИСТОРИЧАРИТЕ: Преку 200 години по времето на Даниел, Александар Велики станал цар на Грција. По десет години од своето владеење, ја поразил Медо-Персија и го проширил своето царство дури до реката Инд (во денешен Пакистан). Но, на возраст од 32 години, неочекувано умрел. На крајот, по битката близу Ипс (Мала Азија), неговото царство било расцепкано. Четирите победници во таа битка го поделиле Грчкото Царство меѓусебе. Сепак, ниту еден од нив не ја достигнал моќта на Александар.
ШТО МИСЛИШ ТИ? Има ли друга книга што содржи пророштва кои секогаш се исполнувале? Или Библијата е нешто посебно?
[Истакната мисла на страница 4]
„Во Библијата... се запишани толку многу пророштва што едноставно е невозможно нивното исполнување да биде случајно“ (A LAWYER EXAMINES THE BIBLE, ОД ИРВИН Х. ЛИНТОН)
[Извор на слика на страница 4]
© Robert Harding Picture Library/SuperStock