ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 15/12 стр. 18
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Кога си во долгови до гуша
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • „Не го знаете ниту денот ниту часот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • „Историјата не лаже“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • 2 | Мудро ракувај со парите
    Разбудете се! 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 15/12 стр. 18

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

Како да го изгаснеме „огнот“ кој може да го запалиме со нашиот неконтролиран говор?

Треба да си го преиспитаме срцето. Наместо да критикуваме некој брат, треба да размислиме што нѐ тера да мислиме или да зборуваме лошо за него. Дали можеби го правиме тоа за да испаднеме подобри од него во очите на другите? Освен тоа, критикувањето може уште повеќе да влоши некоја напната ситуација (15/8, страница 21).

Како Мојсеевиот закон го открива Божјиот став кон жените?

Израелките имале прилично голема слобода, а им било достапно и добро образование. Исто така, требало да им се искажува почит и нивните права биле заштитени (1/9, страници 5-7).

Кои настани треба да се случат пред да дојде Јеховиниот ден?

Ќе се разгласи објава за „Мир и сигурност!“ Народите ќе го нападнат и ќе го уништат Големиот Вавилон. Ќе следи напад врз Божјиот народ. Потоа ќе започне војната Армагедон, по која Сатана и неговите демони ќе бидат фрлени во бездна (15/9, страница 4).

Како ни помага тоа што не знаеме кога ќе дојде крајот на овој свет?

Тоа што не го знаеме денот и часот ни дава можност да покажеме што навистина имаме во срцето. Освен тоа, ни дава можност да го израдуваме Божјето срце. Ни помага да бидеме самопожртвувани и да се потпираме уште поцелосно на Бог и на неговата Реч. Исто така, ни помага да станеме подобри христијани, затоа што сегашните неволји нѐ пречистуваат и ни ја зајакнуваат верата (15/9, страници 24-25).

Како може да го користиме стихот од 1. Мојсеева 3:19 кога разговараме со некој што верува во пекол?

Овој стих вели дека, кога ќе умре, Адам ќе се врати во земниот прав, а не дека ќе оди во пекол (1/10, страница 13).

Што претставуваат ‚седумте ѕвезди‘ спомнати во Откровение 1:16, 20, кои Исус ги држи во својата десна рака?

Тие ги претставуваат помазаните старешини, но она што е кажано за нив се однесува и на сите старешини во собранијата (15/10, страница 14).

Што може да направи една брачна двојка ако има некои долгови?

Мажот и жената треба отворено и смирено да разговараат за долговите. Од помош ќе им биде да размислат со колкав буџет располагаат моментално. Можат ли некако да го зголемат приходот или да ги намалат трошоците? Освен тоа, треба да одредат по кој редослед ќе ги отплаќаат долговите и да се обидат да преговараат со кредиторите за нов начин на отплаќање. Сепак, треба да имаат урамнотежено гледиште во врска со парите (1. Тим. 6:8; 1/11, страници 19-21).

Како Исус покажал понизност во склад со пророштвото од Исаија 50:4, 5?

Во тие стихови се вели дека оној кому Јехова му дал „учен јазик“ нема ‚да се сврти на другата страна‘. Исус покажал понизност со тоа што внимателно слушал додека неговиот Татко го поучувал. Тој бил желен и спремен да учи од Јехова додека гледал од прва рака како Бог покажува понизност постапувајќи милостиво со несовршените луѓе (15/11, страница 11).

Како една поштенска марка во Естонија е доказ за беспрекорноста на Јеховините сведоци?

Во 2007 год., Естонската државна пошта издала поштенска марка во знак на сеќавање на геноцидот што Сталин го спровел над Естонците. Бројот 382 кој е запишан на марката се однесува на бројот на Сведоците и нивните деца кои биле депортирани во 1951 год. во работните логори во внатрешноста на Русија (1/12, страници 27-28).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели