ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА
Дали Бог ги слуша сите молитви?
Бог ги слуша луѓето од сите народи (Псалм 145:18, 19). Од неговата Реч, Библијата, дознаваме дека тој сака да му ги кажеме сите наши грижи (Филипјаните 4:6, 7). Сепак, има молитви кои Бог не ги слуша. На пример, тој не сака да повторуваме напамет научени молитви. (Прочитај Матеј 6:7.)
Освен тоа, Јехова не ги прифаќа молитвите на оние што намерно не сакаат да го слушаат (Изреки 28:9). Во минатото, Бог не сакал да ги сослуша молитвите на Израелците кои биле виновни за убиство. Значи, треба да исполниме одредени услови за Бог да нѐ слушне кога му се молиме. (Прочитај Исаија 1:15.)
Што да правиме за Бог да ги слушне нашите молитви?
Не можеме да му се молиме на Бог ако немаме вера (Јаков 1:5, 6). Мора да бидеме уверени дека тој постои и дека нѐ сака. Можеме да си ја зајакнеме верата со тоа што ќе ја проучуваме Библијата, бидејќи вистинската вера се темели на доказите запишани во Божјата Реч. (Прочитај Евреите 11:1, 6.)
Кога се молиме, треба да бидеме искрени и понизни. Дури и Божјиот Син, Исус, бил понизен кога се молел (Лука 22:41, 42). Значи, наместо ние да му кажуваме на Бог што да прави, треба да ја читаме Библијата за да дознаеме што сака тој да правиме ние. Така ќе можеме да се молиме во склад со Божјата волја. (Прочитај 1. Јованово 5:14.)