ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/12 стр. 3
  • Дали ни е потребен Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ни е потребен Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Што ќе му речеш на некој атеист?
    Нашата служба за Царството 1999
  • Треба ли да припаѓаш на некоја црква?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Зошто црквата го губи влијанието?
    Разбудете се! 1996
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/12 стр. 3

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ НИ Е ПОТРЕБЕН БОГ?

Дали ни е потребен Бог?

„Не веруваш во Бог? Не си сам — нѐ има милиони!“ Вака гласела пораката на едно рекламно пано што неодамна го поставила група атеисти. Тие очигледно сметаат дека ним не им е потребен Бог.

Од друга страна, многумина тврдат дека веруваат во Бог, но нивниот начин на живот покажува нешто друго. Салваторе Физикела, католички надбискуп, го рекол следново за членовите на неговата црква: „Веројатно никој не би препознал дека сме христијани затоа што живееме исто како оние што не веруваат во Бог“.

Некои се презафатени за да мислат на Бог. Според нив, тој е недостижен или премногу далечен за да игра некаква битна улога во нивниот живот. Во најдобар случај, тие се свртуваат кон Бог само кога се во тешка ситуација или кога им треба нешто — како тој да е слуга што им стои на располагање во секое време.

Други сметаат дека од религијата нема никаква корист. Трети не живеат како што проповеда нивната црква. На пример, 76 отсто од католиците во Германија сметаат дека нема ништо лошо во тоа еден маж и една жена да живеат заедно невенчано — што е спротивно на она што го учат и нивната црква и Библијата (1. Коринќаните 6:18; Евреите 13:4). Се разбира, католиците не се единствените кои согледуваат дека не живеат како што проповеда нивната религија. Верските водачи на многу религии се жалат дека нивните членови се однесуваат „практично како атеисти“.

Сето ова неизбежно води до прашањето: Дали навистина ни е потребен Бог? Ова прашање воопшто не е ново. За него читаме уште на првите страници од Библијата. За да дојдеме до одговорот, да разгледаме неколку работи што се спомнати во библиската книга 1. Мојсеева.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели