ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/99 стр. 8
  • Што ќе му речеш на некој атеист?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ќе му речеш на некој атеист?
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Атеистите во напад
    Разбудете се! 2010
  • Можно ли е да се стекне вера во Творец?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали науката го отстранила Бог?
    Разбудете се! 2010
  • Содржина
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 12/99 стр. 8

Што ќе му речеш на некој атеист?

1 „Јас сум атеист“, ѝ рекла некоја професорка од Полска на една мисионерка во Африка. Сепак, сестрата можела да води дискусија со жената и ѝ ја дала книгата Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Кога мисионерката повторно дошла следната седмица, професорката ѝ рекла: „Повеќе не сум атеист!“ Таа ја прочитала целата книга Создавање и замолила за библиска студија. Што можеш да направиш за да им сведочиш успешно на оние кои велат дека не веруваат во Бог? Како прво, разгледај ги различните причини зошто луѓето го изјавуваат тоа.

2 Фактори кои придонесуваат кон неверување: Сите атеисти не биле воспитани како такви. Многумина биле изложени на некаква религија и некогаш верувале во Бог. Меѓутоа, некои сериозни здравствени или семејни проблеми или, пак, извесни неправди што ги доживеале, ја ослабнале нивната вера. Кај други, наставните предмети што ги имале во школите за високо образование имале негативно влијание врз нивниот концепт за Бог. Забележи ги следниве примери на атеисти кои на крајот изградиле цврста вера во Јехова Бог и станале негови Сведоци.

3 Една жена од Париз била родена со тешка болест на коските. Иако била крстена како католик, таа изјавувала дека е атеист. Кога ги прашала калуѓерките зошто Бог допуштил да се роди со таква инвалидност, нивниот одговор бил: „Затоа што те сака“. Таа не сакала да ја прифати таквата апсурдна идеја. Размисли и за еден млад човек од Финска кај кого била дијагнозирана неизлечлива болест на мускулите и бил врзан за инвалидска количка. Мајка му го одвела кај некој пентакосталец кој тврдел дека лекува болни. Но, не дошло до чудотворно лекување. Како резултат на тоа, младиот човек изгубил интерес за Бог и станал атеист.

4 Еден човек во Хондурас пораснал како католик, но студирал социјалистичка филозофија и атеизам. Убеден од факултетското образование дека човештвото е производ на еволуција, тој престанал да верува во Бог. Исто така, една жена од Соединетите Држави пораснала како методист. На факултетот имала часови по филозофија. Како влијаеле тие врз нејзиното верување? Таа рекла: „За едно лето ја уништија и најмалата трошка вера што ја имав во религијата“.

5 Да се достигнат срцата на искрените: Многу луѓе кои велат дека не веруваат во Бог, би сакале да дознаат дали постои решение за проблемите со лошото здравје, неслогата во семејствата, неправдата итн. Тие се искрено заинтересирани да пронајдат одговори на прашањата како што се: ‚Зошто постои злото?‘ ‚Зошто на добрите луѓе им се случуваат лоши работи?‘ и ‚Која е смислата на животот?‘

6 Некои маж и жена кои живееле во Швајцарија биле воспитани како атеисти. Кога прв пат дошле во контакт со вистината, нивната реакција била негативна. Но, тие имале сериозни семејни проблеми и размислувале за развод. Кога Сведоците ги посетиле повторно, со помош на Библијата ѝ покажале на двојката како да ги надмине своите проблеми. Биле изненадени од практичните совети што ги содржело Писмото и се согласиле на библиска студија. Нивниот брак бил зајакнат, напредувале духовно и се крстиле.

7 Што можеш да му речеш на некој атеист: Кога некој ќе ти рече дека е атеист, настојувај да откриеш од која причина го вели тоа. Дали тоа е заради образованието што го добил, заради проблемите што ги доживеал или затоа што ги увидел лицемерството и лажните науки на религијата? Би можел да го прашаш: „Дали отсекогаш сте мислеле така?“ или „Која е причината за вашиот заклучок?“ Неговиот одговор ќе ти помогне да одлучиш што да кажеш. Каде што ќе треба да се дадат јаки аргументи, книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе? може да биде токму она што е потребно.

8 Би можел да започнеш разговор со некој атеист прашувајќи го:

◼ „Дали некогаш сте се запрашале: ‚Ако постои Бог, зошто има толкаво страдање и неправда во светот?‘ [Дозволи одговор.] Може ли да Ви покажам кое е библиското гледиште на оваа тема?“ Прочитај Јеремија 10:23. Откако ќе прочиташ, прашај го што мисли за текстот. Потоа покажи му ги страници 16 и 17 во брошурата Ќе постои ли некогаш свет без војни? Или, пак, наместо тоа, можеш да го употребиш 10. поглавје од книгата Творец. Понуди му да ја земе публикацијата и да го прочита материјалот. (За други предлози, види ја книгата Расправљање, страници 57—59).

9 Како што е познато, нема сите атеисти да ја прифатат вистината. Но, има многумина кои се спремни да разгледаат и некое друго гледиште. Користи логика, убедливост и, над сѐ, користи ја моќта на Божјата Реч за да им помогнеш да ја согледаат вистината (Дела 28:23, 24; Евр. 4:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели