ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/10 стр. 4-6
  • Дали науката го отстранила Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали науката го отстранила Бог?
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Од каде се појавиле природните закони?
  • Чија вера ќе ја избереш?
  • Научно ли е да се тврди дека сѐ настанало случајно?
  • Разумно ли е да веруваме во Бог?
    Разбудете се! 2010
  • Како настанале универзумот и животот?
    Разбудете се! 2002
  • Современо неверие — треба ли потрагата да продолжи?
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Вселена — осмислена творба или производ на случајноста?
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 11/10 стр. 4-6

Дали науката го отстранила Бог?

ЦЕЛИ педесет години, британскиот филозоф Ентони Флу бил високо почитуван во атеистичките кругови. Неговото дело Теологија и извртување на фактите (Theology and Falsification), издадено во 1950 год., „стана најпечатената филозофска публикација на 20 век“. Во 1986 год., за Флу се велеше дека е „најтемелниот критичар на теизмот“ (верување во еден или во повеќе богови). Затоа, за многумина беше шок кога во 2004 год. тој јавно изјави дека го сменил своето гледиште.

Што го навело на тоа? Со еден збор, науката. Тој се уверил дека вселената, природните закони и самиот живот не можеле да се појават чисто случајно. Дали ваквиот заклучок е разумен?

Од каде се појавиле природните закони?

Физичарот и писател Пол Дејвис истакнува дека науката успеала на извонреден начин да ги објасни природните појави, како што е дождот. Но, тој понатаму вели: „Кога станува збор за... прашања од типот: ‚Зошто постојат природни закони?‘, одговорот не е толку јасен. Научните откритија не помогнале да се одговорат. И понатаму остануваат истите важни прашања што нѐ мачат уште од раѓањето на цивилизацијата“.

Во 2007 год., Флу напиша: „Она што е важно не се самите правилности во природата, туку фактот дека овие правилности се математички прецизни, универзални и ‚заемно поврзани‘. Ајнштајн гледал на нив како на доказ за постоењето на виша интелигенција. Прашањето што треба да си го поставиме е: Што било причина за природата да стане таква каква што е? Ова прашање си го поставувале и разни научници — од Њутн до Ајнштајн и Хајзенберг — прашање за кое нашле и одговор: Бог“.

Всушност, многу угледни научници не сметаат дека е спротивно на науката да се верува во интелигентен прв причинител. Од друга страна, пак, да се каже дека вселената, законите што владеат во неа и живиот свет настанале случајно се коси со здравиот разум. Од секојдневното искуство знаеме дека секоја градба — а посебно една сложена градба — има и свој градител.

Чија вера ќе ја избереш?

Иако новите атеисти тврдат дека стојат под знамето на науката, факт е дека ниту атеизмот ниту теизмот не се темелат исклучиво на науката. И во двата случаи е потребна вера. Во атеизмот е потребна вера за да прифатиш дека сѐ настанало случајно и без никаква цел, а во теизмот вера во интелигентен прв причинител. Новите атеисти ја шират идејата дека „религијата бара слепа вера“, пишува Џон Ленокс, професор по математика на Универзитетот во Оксфорд (Англија). Тој понатаму вели: „Мораме посебно да нагласиме дека не се во право“. Според тоа, прашањето што треба да си го поставиме е чија вера е основана — верата на атеистите или верата на побожните лица? Да го земеме за пример потеклото на животот.

Еволуционистите спремно признаваат дека потеклото на животот е мистерија, иако постојат голем број различни теории. Познатиот нов атеист Ричард Докинс е уверен дека во вселената има многу планети и дека на некоја од нив кога-тогаш ќе настанел живот. Но, голем број угледни научници не го делат неговото мислење. Џон Бароу, професор на Универзитетот во Кембриџ, вели дека верувањето во „еволуција на животот и на интелигенцијата“ наидува на „ќорсокак при секоја фаза. Во една сложена и негостољубива средина постојат безброј фактори што би можеле да го спречат еволуирањето на животот. Затоа, би било крајна дрскост да се тврди дека сѐ е можно со доволно јаглерод и време“.

Треба да имаме на ум и дека животот не е само некаква мешавина од хемиски елементи. Напротив, се темели на сложени информации кодирани во ДНК. Според тоа, да се зборува за потеклото на животот значи да се зборува и за потеклото на овие биолошки информации. Дали слепата случајност може да даде сложени информации, како што се оние во една компјутерска програма, алгебарска формула, енциклопедија, па дури и рецепт за торта? Се разбира не. Па сепак, во поглед на софистицираноста и ефикасноста, ниедна од овие работи не би можела ни оддалеку да се спореди со информациите во генетскиот код на живите организми.

Научно ли е да се тврди дека сѐ настанало случајно?

Според атеистите „вселената е таква каква што е една голема мистерија и сосема случајно овозможува во неа да постои живот“ објаснува Пол Дејвис. „Да не беше така“ велат атеистите „немаше да постоиме и да дискутираме за неа. Сеедно дали вселената и нејзините составни делови зависат едни од други нема доказ дека некој ја создал дека има цел или смисла — барем не доказ кој би бил разумен за нас.“ „Предноста на ваквото гледиште“ вели Дејвис „е во тоа што е лесно да го одбраниш — толку лесно што можеме да си го користиме како изговор.“

Во својата книга Еволуцијата: теорија во криза (Evolution: A Theory in Crisis) молекуларниот биолог Мајкл Дентон заклучил дека теоријата на еволуција „повеќе личи на принцип на средновековната астрологија отколку на сериозна... научна теорија“. Тој ја нарекува Дарвиновата еволуција една од најголемите бајки на нашево време.

И навистина тоа што на случајноста ѝ се припишува улога на создател звучи како бајка. Замисли си ја следнава ситуација: Еден археолог гледа камен со груба правоаголна форма. Ваквата форма ѝ ја припишува на случајноста што би било сосема разумно. Но подоцна наоѓа биста што е совршено изработена до најситниот детаљ. Дали би тврдел дека овој предмет настанал случајно? Не. Здравиот разум му кажува дека некој мора да го направил. Следејќи ја истата логика Библијата вели: „Секоја куќа некој ја изградил а Бог е оној што изградил сѐ“ (Евреите 3:4). Се согласуваш ли со оваа изјава?

Професор Ленокс напишал: „Колку повеќе учиме за нашата вселена толку повеќе хипотезата дека постои Творец т.е. Бог кој ја создал вселената со одредена цел се покажува како најдобро објаснување зошто сме тука“.

За жал една од работите што го поткопуваат верувањето во Бог е злото што се врши во негово име. Од таа причина некои заклучиле дека на човештвото би му било подобро без религија. Што мислиш ти за тоа?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели