ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/6 стр. 6-7
  • Ограничувањата на науката

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ограничувањата на науката
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сличен материјал
  • Науката и твојот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Како настанале универзумот и животот?
    Разбудете се! 2002
  • Да се помират науката и религијата
    Разбудете се! 2002
  • До каде можете да имате доверба во науката?
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/6 стр. 6-7
Научник во лабораторија

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА И НАУКАТА

Ограничувањата на науката

Во последниве години има наплив од книги во кои се застапува гледиштето на таканаречените нови атеисти. Ваквите книги го привлекуваат вниманието на голем број луѓе и предизвикуваат многу дискусии и дебати. Во врска со ова, неврологот Дејвид Иглман напишал: „Од овие книги некои читатели добиваат впечаток дека научниците имаат одговор за сѐ“. Потоа додал: „Меѓутоа, науката треба секогаш да биде отворена за нови идеи зашто резултатите од истражувањата честопати знаат да изненадат“.

Астроном гледа низ телескоп

И навистина, низ вековите неретко се случувало надарени научници да дојдат до неочекувани откритија додека се труделе да ги одгатнат тајните на природата. Меѓутоа, некои правеле и сериозни грешки. На пример, Исак Њутн е еден од најголемите научници на сите времиња. Тој докажал дека гравитацијата ги држи планетите, ѕвездите и галаксиите во вселената. Го измислил калкулусот, гранка од математиката што наоѓа примена во компјутерската технологија, астронаутиката и нуклеарната физика. Меѓутоа, Њутн се занимавал и со алхемија, квазинаука во која се користеле астрологија и магични формули во обид да се добие злато од олово и од други метали.

Повеќе од 1.500 години пред Њутн, грчкиот астроном Птолемеј го набљудувал небото само со голо око. Можел да ги следи планетите на ноќното небо, а бил и многу добар картограф. Но, тој верувал дека Земјата е центар на сѐ. Во врска со Птолемеј, астрофизичарот Карл Саган напишал: „Тоа што неговата идеја за геоцентрична вселена се одржала 1.500 години е потсетник дека интелектуалната способност не е гаранција дека нема да се направи огромна грешка“.

Научник чита Библија

И денес научниците се соочуваат со слични предизвици. Ќе успеат ли целосно да ја објаснат вселената? Мораме да признаеме дека е постигнат голем напредок на полето на науката и сите ние ги чувствуваме нејзините благодети. Но, во исто време, мораме да имаме на ум дека науката има и свои ограничувања. Физичарот Пол Дејвис рекол: „Доколку сакаме да дојдеме до едно единствено сеопфатно објаснување за вселената, осудени сме на неуспех“. Овие зборови пренесуваат една непобитна вистина: луѓето не можат потполно да ја разберат природата. Затоа, кога се изнесуваат тврдења дека науката може да даде објаснување за сѐ што постои, би било разумно на таквите тврдења да гледаме со резерва.

Библијата ни го дава она што науката не може

Во врска со чудата во природата, Библијата се изразува со овие зборови: „Ете, тоа се само делчиња од [Божјите] дела, за него слушаме одвај слаб шепот“ (Јов 26:14). Постои огромна ризница на знаење за која луѓето едноставно го немаат клучот. Колку се вистинити зборовите што апостол Павле ги запишал пред околу 2.000 години: „О длабочино на Божјето богатство, мудрост и знаење! Колку се неистражливи неговите судови и несфатливи неговите патишта!“ (Римјаните 11:33).

Совети што науката не може да ги даде

Науката ни помага да дознаеме многу работи за природата, но Библијата ни дава начела и совети што ни помагаат да бидеме во мирољубиви односи со другите и да имаме среќен и исполнет живот. Да спомнеме неколку примери.

  • Дланка покажува стоп

    Свет без криминал

    Покажувај почит кон животот

    „Не убивај“ (2. Мојсеева 20:13).

    „Секој што го мрази својот брат е убиец“ (1. Јованово 3:15).

    Биди миротворец

    „Избегнувај го злото и прави добро, барај мир и тежнеј кон него!“ (Псалм 34:14).

    „А плодот на праведноста се сее во мир и ќе го соберат оние што творат мир“ (Јаков 3:18).

    Не биди насилен

    „Јехова го испитува и праведниот и злиот, а душата Негова многу го мрази оној што го сака насилството“ (Псалм 11:5).

    „Не завидувај му на насилен човек и не тргнувај по ниту еден од неговите патишта. Зашто, на Јехова му е одвратен расипаниот човек“ (Изреки 3:31, 32).

  • Семејство

    Среќен семеен живот

    Слушај ги родителите

    „Деца, слушајте ги своите родители во Господарот, зашто тоа е праведно. ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ — тоа е првата заповед проследена со ветување: ‚За да ти биде добро и да останеш долго на земјата‘“ (Ефешаните 6:1-3).

    Воспитувај ги децата

    „Не раздразнувајте ги своите деца, туку воспитувајте ги со стега од Јехова и помагајте им да го усвојат неговиот начин на размислување“ (Ефешаните 6:4).

    „Не огорчувајте ги своите деца, за да не станат малодушни“ (Колошаните 3:21).

    Сакај го и почитувај го својот брачен другар

    „Секој од вас да ја сака својата жена како самиот себе, а жената длабоко да го почитува својот маж“ (Ефешаните 5:33).

  • Дрво

    Заштита на природата

    Во врска со оние што во древниот Израел ја загадувале земјата во кој и да било поглед, во Библијата читаме: „Земјата се загади под своите жители... и нејзините жители носат вина“ (Исаија 24:5, 6). Бог ги смета за одговорни оние кои безмилосно ја уништуваат животната средина. Тој вели дека ќе „бидат уништени оние што ја уништуваат земјата“ (Откровение 11:18). Нема да поминат неказнето за она што го прават.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели