ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp16 Бр. 4 стр. 4
  • Библијата го преживеала забот на времето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата го преживеала забот на времето
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Сличен материјал
  • Како преживеала книгата?
    Книга за сите луѓе
  • Библијата и нејзиниот неверојатен опстанок
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Борбата за преживување на Библијата
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Библијата опстанала и покрај обидите да биде изменета
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
wp16 Бр. 4 стр. 4

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА — КАКО БИЛА ЗАЧУВАНА?

Библијата го преживеала забот на времето

ЗАКАНА: Писателите и препишувачите на Библијата главно пишувале на папирус и на пергаментa (2. Тимотеј 4:13). Зошто овие материјали го довеле во опасност опстанокот на Библијата?

Папирусот се кине, избледува и со текот на времето ја губи цврстината. „На крајот, од едно парче папирус може да остане само мрежа испреплетени конци или грст прашина“, велат египтолозите Ричард Паркинсон и Стивен Кверки. „Кога е ставен во нешто, еден свиток може да фати мувла или да изгние од влагата, а ако е закопан, може да го изедат глодари или инсекти, особено белите мравки.“ Некои папируси, пак, откако биле пронајдени биле изложени на преголема сончева светлина или влажност, што уште повеќе го забрзало нивното распаѓање.

Пергаментот е поиздржлив од папирусот, но и тој може да се уништи ако погрешно се ракува со него или ако е изложен на екстремни температури, на влажност или на светлина.b И пергаментот го напаѓаат инсекти. Затоа, во врска со древните записи, една историска книга вели дека „било чиста реткост некој да остане неуништен“ (Everyday Writing in the Graeco-Roman East). Ако на сличен начин пропаднеле и библиските записи, пораката што ја содржеле засекогаш ќе била изгубена.

КАКО ОПСТАНАЛА БИБЛИЈАТА: Еврејскиот закон налагал секој цар да си ги препише за себе првите пет книги од Библијата (5. Мојсеева 17:18). Освен тоа, професионалните препишувачи направиле толку многу ракописи што до првиот век од н.е. светите списи ги имало во синагогите низ целиот Израел, па дури и во далечната Македонија! (Лука 4:16, 17; Дела 17:11). Како некои стари ракописи преживеале до наше време?

1. Глинен ќуп; 2. Извадок од Свитоците од Мртвото Море

Ракописите познати како Свитоците од Мртвото Море преживеале со векови затоа што биле складирани во пештери на подрачја со сува клима

Пештера во која биле пронајдени некои библиски ракописи

„За да ги сочуваат свитоците од светите списи, Евреите ги ставале во ќупови“, вели Филип Комфорт, изучувач на Новиот завет. Очигледно, и христијаните подоцна продолжиле да го прават истото. Затоа, некои рани библиски ракописи биле пронајдени во глинени ќупови, како и во темни сопчиња и пештери и во особено суви подрачја.

КРАЈНИОТ ИСХОД: Илјадници библиски ракописи, од кои некои се стари и преку 2.000 години, опстанале до ден-денес. За ниеден друг запис од старо време не се пронајдени толку многу ракописи што потекнуваат од толку одамна.

a Папирусот е материјал за пишување направен од едно водно растение со истото име. Пергаментот е направен од животинска кожа.

b На пример, официјалниот потпишан примерок на Декларацијата за независност на САД бил напишан на пергамент. Денес, по помалку од 250 години, тој е толку избледен што буквите едвај се читаат.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели