Теократски вести
Во следниве земји, каде што нашето дело неодамна беше официјално признаено, во ноември беше известена впечатлива активност во библиски студии:
Албанија: Вкупниот број од 99 објавители воделе 210 библиски студии.
Балтичките држави: Овие земји заедно известија вкупен број од 2.199 објавители и 4.632 библиски студии.
Бугарија: Нивните 296 објавители известија 657 библиски студии.
Извесен број охрабрувачки извештаи дојде и од Африка:
Централноафриканска република: Нов највисок број од 1.600 објавители беше достигнат во октомври, а тие известија 2.966 домашни библиски студии.
Чад: Во октомври, бројот на присутни на шесте денови на посебен состанок, заедно со 345-те објавители, беше 654.
Руанда: Во ноември, 1.762 објавители известија дека водат 6.270 домашни библиски студии.
Овие комбинирани извештаи даваат очигледен доказ дека Јехова сега ги исполнува своите ветувања да го забрза делото на собирање во наше време (Иса. 60:22).