Млади — вешто насочувајте ги своите чекори
1 Нашиот Татко, Јехова, лично е заиинтересиран за духовниот напредок на младите луѓе. Со мудрото слушање на неговите љубезни заповеди, младите не само што го радуваат неговото срце, туку наоѓаат и освежување за своите души (Изр. 27:11; Мат. 11:28-30). Му дозволуваат на Јехова вешто да им ги насочува чекорите (Изр. 16:9, ДК).
2 Христос Исус го дал примерот во неговата младост како таков кој стекнал одобрување и од Бог и од луѓето (Лука 2:52). Младите денес треба да се стремат да го прават истото. Дека младиот човек вешто ги насочува чекорите треба да биде видливо преку неговото тежнеење по духовни работи. На 12-годишна возраст Исус бил познат по неговата желба да разговара со другите за Јехова (Лука 2:46, 47). Младите луѓе денес покажале слична желба да им ја објаснуваат својата вера на другите (wE 1.7.1990 стр. 29-30; wC 1.4.1988 стр. 31).
3 Што можете вие младите да сторите токму сега, а особено во текот на претстојните летни месеци за да ‚му оддавате чест на Јехова со вашите скапоцени работи‘ (Изр. 3:9, NW). Зошто не го зголемиш времето кое обично го поминуваш во делото на проповедање и поучување за добрата вест, па дури и како помошен пионер? Би можел да бидеш изненаден од зголемената радост и другите користи кои обично доаѓаат од зголеменото учество во службата. Тоа исто така ќе ти даде прилика да работиш во службата на подрачјето со поголем број различни објавители. Би можел да започнеш веднаш ако повикаш еден или двајца искусни објавители да работат со тебе овој викенд.
4 Родителите можат да им дадат огромно охрабрување и помош на своите деца ако користат време за вежбање, покрај тоа што ќе ги придружуваат во службата. Други зрели од собранието можат да преземат иницијатива ако ги замолат младите да ги придружуваат во службата од куќа до куќа и во вршењето на повторни посети и библиски студии. Блиското дружење со такви духовно јаки објавители ќе ги изгради младите и ќе им помогне да ‚се стремат кон зрелост‘ (Евр. 6:1, NW).
5 Секој христијанин има потреба да ја подобри својата способност на поучување. Младите не се исклучок. Дали вие млади темелно се подготвувате за задачите кои имате предност да ги изнесете во Теократската школа на проповедање? Дали имаш редовен распоред за читање и лично проучување како и за размислување? Дали спремно го применуваш материјалот што го разгледуваш? Дали добро се подготвуваш за состаноците за да можеш во потполност да го разбереш материјалот и да бидеш подготвен да дадеш коментари? Дали ги забележуваш корисните точки што се изразени за време на состаноците и дали се обидуваш да ги користиш предлозите што се изнесени во Наша служба за Царството?
6 Немој да ги пропушташ приликите да учествуваш во чистењето на Царската сала и да им помагаш на постарите или изнемоштени браќа и сестри во нивните куќни работи или на други практични начини. Немој да занемаруваш редовно да даваш прилози за да помогнеш околу грижата за трошоците на Царската сала и за делото на Друштвото ширум светот.
7 Ако ‚внимаваме соодветно на Јеховината реч‘ и ако му дозволиме да ги насочува нашите чекори, тој ќе нѐ води до среќа и зголемени предности во службата (Пс. 119:9, NW).