Можеш ли да го сториш тоа?
1 ,Што да сторам?‘ — прашуваш. Изреки 3:27 одговара: „Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне [ако е во моќта на твојата рака да го стори тоа, NW]“. Дали „е во моќта на твојата рака“ да ја прошириш твојата активност и учество во помошната или општата пионерска служба? Можеш ли да го сториш тоа?
2 Колку е охрабрувачки што минатата година во Македонија имаше просечно 16 општи и помошни пионери, однос од 1 пионер на 14 објавители.
3 Помошната пионерска служба го отвора патот да им се прави добро на другите. Минатата година имаше највисок број од 62 помошни пионери. Тоа е извонредно. Многу објавители барале начини да бидат почесто помошни пионери во текот на годината.
4 За да одредиш дали ти можеш ‚да го сториш тоа‘ или не, прво треба да ја земеш во обѕир својата срдечна желба (Мат. 22:37-39). Дела 20:35 велат: „Поблажено е да се дава, отколку да се зема“. Без сомнение, оние кои од срце великодушно пружаат духовна помош имаат исправна желба. За да се биде успешен објавител или пионер битна е таа желба.
5 Второ, разгледај ги своите моментални околности. Можеш ли да направиш прилагодувања во своите секојдневни работи за да служиш полновремено? Не може секој. Но, откако се разгледале себеси во молитва, секоја година илјадници наоѓаат начин да го ‚сторат тоа‘ (Кол. 4:5; wE 77 стр. 701). На пример, некои семејства избираат посебни месеци за некој или сите членови на семејството да бидат помошни пионери. Други семејства поддржуваат еден од нивните членови како општ пионер. Дали вашето семејство ги разгледало овие можности? (Види Изреки 11:25.)
6 Помагањето на другите да ја запознаат вистината е она што донесува вистинско задоволство, било да служиш како објавител или како пионер. Знаеме дека вистинската радост доаѓа од правењето добро на другите, особено ако се случи да „е во моќта на твојата рака да го стори тоа“.