Доаѓај повторно таму каде што си оставил списанија или брошури
1 Исус ги охрабрил своите следбеници да прават ученици (Мат. 28:19). Тоа не значи само да се остави литература; ние сакаме да им помогнеме на луѓето да напредуваат духовно. За да го сториме тоа, мораме да дојдеме повторно со цел да им пружиме натамошна помош на оние кои покажуваат интерес.
2 Ако на првата посета си истакнал статија од едно од списанијата, ќе биде добро кога ќе дојдеш повторно да дискутираш на истата тема:
◼ „Кога претходно ве посетив, ви го свртев вниманието на една статија од Стражарска кула (или Разбудете се!) која ни помогна да сфатиме дека е потребно да ја испитаме Библијата. Божјата намера човештвото да има подобра иднина се сосредоточува на неговата влада на Царството. Во Михеј 4:3, 4 е забележано неговото ветување дека ова Царство ќе им стави крај на сите војни.“ Откако ќе го прочиташ стихот, претстави ја брошурата „Гледај!“ и покажи му ја илустрацијата на кориците. Разгледајте го првиот пасус и стиховите кои се наведени во тој пасус, споменувајќи дека Михеј 4:3, 4 е еден од нив. Договори се за на повторната посета да продолжите со дискусијата за пасус 2.
3 Ако се гледа дека станаровиот интерес е минимален или дека нема време да разговара, може да одлучиш само да го внесеш во својот список за обиколка со списанија:
◼ „Бидејќи покажавте интерес за списанијата што ви ги оставив претходно, мислев дека ќе уживате и во најновите броеви. Верувам дека оваа статија ќе ви биде посебно интересна.“ Покажи ја статијата за која сметаш дека ќе му се допаѓа. (Многумина кои го сториле ова откриле дека луѓето се спремни да дадат прилог без да им кажеме било што.) Понуди му да дојдеш повторно со следните броеви.
4 Ако станарот ги чита списанијата и изразува ценење за нив, може да одлучиш да му понудиш претплата:
◼ „Бидејќи изгледа дека уживате во Стражарска кула, ќе ми биде задоволство да ви ги носам најновите броеви како што ќе доаѓаат. Ако сакате, можам да се погрижам редовно да ви се испраќа по пошта за да бидете сигурни дека ќе го добиете секој број.“ Ако сака претплата, можеш да додадеш: „За нашата литература нема цена бидејќи нашето дело се потпира со доброволни прилози. Ако сакате да дадете мала донација за нашето дело, ќе ми биде драго да ја прифатам“.
5 Ако си оставил брошура, но си немал прилика да покажеш како се проучува, планирај да го сториш тоа на повторната посета. Имаме разновидни брошури. Пронајди ги интересните мисли во онаа која планираш да ја употребиш. Тоа ќе ти помогне да ги охрабриш искрените да научат повеќе за работите кои Исус ги заповедал (Мат. 28:20).