Дојди повторно таму каде што си наишол на интерес
1 Многумина од нас имале успех во растурањето на списанија и брошури. Но, важно е да дојдеме повторно и да се обидеме да поттикнеме натамошен интерес. Колку ќе успееме да го поттикнеме зависи од тоа колку добро се подготвуваме пред да направиме повторна посета.
2 Имај на ум дека врз многу луѓе влијае неединството коешто го гледаат во светот околу себе. Тоа ги загрижува подеднакво и младите и старите. Априлското издание на Разбудете се! содржи статии кои го испитуваат прашањето за светско единство. Овие статии даваат увид кој може да им помогне на лицата со искрени срца со доверба да гледаат радосно кон иднината и да сфатат дека светското единство може да биде реалност. Тоа ќе им помогне на луѓето од сите профили да сфатат што навистина е важно во животот. Кога ќе се вратиш со новите списанија за да го следиш натамошниот интерес, побарај статии кои можат да го надоградат она за кое си разговарал со станарот при твојата прва посета. Можеби новите списанија ќе содржат статии кои говорат за тоа како да се излезе на крај со проблемите со кои се соочува човештвото во овој разединет свет, или ќе ги опфатат благословите коишто Бог ги ветува за иднината. Ако си подготвен со конкретни статии од новите списанија, тоа ќе ти помогне делотворно да го водиш твојот разговор.
3 Може да одлучиш да понудиш брошура користејќи го овој пристап:
◼ „Последниот пат уживав во нашата кратка дискусија за иднината на Земјата. Можете ли да си замислите каков би бил животот ако Бог му стави крај на злото и страдањата? [Покажи ја сликата на 30. страница од брошурата Духовите на умрените]. Забележете ги сите овие библиски стихови на 29. и 30. страница кои ги опишуваат благословите што ќе ги донесе Божјето Царство. [Одбери еден стих и прочитај го директно од брошурата.] Би сакал да ви ја оставам оваа брошура.“
4 Кога ќе дојдеш повторно, можеби ќе дознаеш дека станарот добива своја религиозна литература и смета дека тоа е доволно. Можеш да речеш:
◼ „Без оглед на нашата религија, сите сме погодени од исти грижи — криминал, сериозни болести, загадување — зар не? [Дозволи коментар.] Сметате ли дека постои некакво реално решение за овие проблеми? [Прочитај 2. Петр. 3:13.] Целта на нашата литература е наведена на 2. страница во Стражарска кула. [Прочитај одбрани реченица-две.] Многу луѓе кои не се Јеховини сведоци уживаат во читањето на нашите публикации поради надежта која тие ја даваат, а која е темелена на Библијата.“ Ако станарот реагира поволно, објасни ја нашата програма на проучување на Библијата.
5 Може да го примениш овој пристап:
◼ „Последниот пат кога бев овде, зборувавме за можните изгледи на нашиот свет во иднина. Што мислите за овие вести? [Спомни некоја актуелна вест поради која луѓето се загрижени.] Кога луѓето слушаат вакви работи, се прашуваат што ќе стане од овој свет, зар не? Веруваме дека таквите работи покажуваат дека живееме во ‚последните денови‘ кои се проречени во Библијата во 2. Тимотеј 3:1-5.“ Откако ќе прочиташ некои особини, можеш да го прашаш дали сретнал луѓе кои одговараат на овој опис. Продолжи со дискусија за еден од поднасловите на страници 297-302(2) во книгата Расудување.
6 Ако се подготвуваме добро и покажуваме искрена желба да помогнеме, можеме да бидеме уверени дека луѓето со чесни срца ќе слушаат (Јован 10:27, 28).