Можеш ли повторно да стапиш во пионерските редови?
1 Во последниве пет години, илјадници општи пионери утврдиле дека е неопходно да ги напуштат пионерските редови. Дали си ти еден од нив? Ако си, без сомнение си имал причина да се откажеш од оваа предност. Можеби тоа било нешто неочекувано и над твоја контрола. Дали таа причина постои сѐ уште? Ако здравјето, финансиските проблеми или семејните обврски те принудиле да престанеш, дали тие околности се подобриле? Можеш ли да направиш разумни прилагодувања кои ќе ти дозволат повторно да уживаш во благословите на општата пионерска служба? Си размислувал ли за повторно пријавување?
2 Како што знаеш, ако сакаш да успееш како пионер, од тебе се бара добра организација и внимателно планирање. Иако обично нема многу време за рекреација, кратките периоди во кои пионерот ќе се релаксира честопати се позадоволувачки и понаградувачки (Изр. 19:17; Дела 20:35). Ако останеш зафатен во службата, ќе бидеш заштитен од влијанието на саможивиот, лагоден начин на живот по кој тежнее светот. Јехова ветил дека ќе те направи духовно богат ако си самопожртвуван и ги ставаш интересите на Царството на прво место. Сигурно ќе доживееш искрена радост и задоволство ако работиш со сето срце во Јеховината служба (Изр. 10:22; Кол. 3:23, 24).
3 Треба ли на полновремената служба да се гледа како на привилегија која можат да ја добијат само малкумина? Не. Со оглед на нашиот завет при преданието, секој христијанин треба сериозно да размислува за полновремената служба, освен ако околностите му го оневозможуваат тоа (Марко 12:30).
4 Ако твоето здравје и библиските одговорности очигледно не ти дозволуваат во моментов да бидеш пионер, можеш да бидеш уверен дека Јехова знае и те разбира. Тој ќе те награди за твојата верност во она што ти го дозволуваат околностите (1. Кор. 4:2; 2. Кор. 8:12). Сепак, ако во моментов изгледа поволно да бидеш повторно пионер, зошто не му пристапиш на претседавачкиот надгледник и не побараш молба?
5 Може ли семејството да ти помогне? Можеби си ги напуштил редовите на пионерите затоа што требало да се грижиш за семејните обврски. Можно ли е други членови на семејството сега да се во состојба да помогнат за да ти овозможат да се вратиш во пионерските редови? Некои, со мала помош во извршувањето на некои одговорности, можеле повторно да ја извршуваат пионерската служба.
6 Добрата соработка и малку додатни напори од страна на другите членови на семејството би го овозможиле тоа. Помошта може да биде финансиска или помош во превоз, како и редовно договарање да се работи заедно во службата. Веројатно има и други начини на кои тие можат да помогнат. Ако околностите не ти дозволуваат повторно да ја прифатиш оваа предносна служба, можеби таквата помош може да му се даде на друг член на семејството кој може да го стори тоа.
7 Зошто да не разговарате за ова прашање како семејство? Изгледите можеби ќе бидат добри ако тоа ви стане семеен проект. Ако може уште еден да се вклучи во пионерските редови, тогаш целото семејство со право може да чувствува дека има удел. Таквиот великодушен дух не само што ќе придонесе во сведочењето за Царството на подрачјето туку и уште повеќе духовно ќе ги зближи членовите на семејството (Лука 6:38; Фил. 2:2-4).