ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/95 стр. 8
  • Добра вест за кротките

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добра вест за кротките
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Нуди ги списанијата во твојата служба
    Нашата служба за Царството 2005
  • Нуди списанија во секоја прилика
    Нашата служба за Царството 1995
  • Како да ги понудиш списанијата
    Нашата служба за Царството 2011
  • Биди кроток и радувај го Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 5/95 стр. 8

Добра вест за кротките

1 Живееме во време кога се приближува судот (Езек. 9:5, 6). Итно треба да бидат информирани кротките луѓе насекаде за да се подготват за она што претстои. Во својата срдечна доброта, Јехова го ополномоштил својот народ ‚да им ја објавува добрата вест на кротките‘ (Иса. 61:1, 2, НС). Нашите списанија ни помагаат да ја објавуваме оваа добра вест надалеку и нашироко.

2 Стражарска кула и Разбудете се! нѐ обезбедуваат со цврста духовна храна која нѐ зајакнува и нѐ мотивира. Стражарска кула ги утешува кротките со добрата вест дека Божјето Царство наскоро ќе ја претвори Земјата во рај. Разбудете се! изградува доверба во ветувањето на Творецот за еден мирољубив и безбеден нов свет. Широката дистрибуција на овие списанија е еден од најбрзите начини да им се однесе добрата вест на кротките. Кои точки за разговор можеме да ги истакнеме од најновите броеви?

3 Можеш да ја презентираш „Стражарска кула“ од 1 мај, укажувајќи на статијата „Да се извлече корист од секојдневното читање на Библијата“ и поставувајќи го прашањето:

◼ „Што мислите, каква корист можеме да извлечеме од читањето на Библијата? [Дозволи одговор.] Самата Библија, во Римјаните 15:4, ни помага да размислиме за тоа прашање. [Прочитај Римјаните 15:4.] Повеќето луѓе во нашево место имаат Библија, но само некои наоѓаат време да ја читаат редовно. Ние веруваме дека во Библијата се наоѓа единствениот извор на сигурна надеж за иднината, и ќе извлечеме корист ако ја читаме.“ Дај додатни соодветни коментари, а потоа понуди ги списанијата.

4 Во „Стражарска кула“ од 15 мај има една интересна статија со наслов „Нов живот за нашите претци“. Можеби ќе можеш да подбудиш интерес со следниов увод:

◼ „Многумина честопати се прашуваат какви биле нивните претци. Поради тоа што тие се мртви и ги нема, повеќето луѓе заклучуваат дека никогаш нема да го знаеме тоа. Што мислите? Постои ли некаква веројатност некогаш да ги запознаеме нашите претци?“ Дозволи одговор. Прочитај Јован 5:28, 29 и објасни како Бог ветил дека ќе им даде нов живот во рајска Земја.

5 Ако работиш со списанијата пред 14 мај, не заборави да понесеш со себе примероци од Веста за Царството бр. 34 и да ги нудиш секому кој сѐ уште не добил примерок. Кога ги дистрибуираме списанијата, не треба да заборавиме дека станарите, доколку сакаат, се добредојдени да дадат мал прилог за да го поддржат нашето дело. Секогаш треба да бидеме спремни да ја делиме нашата литература, сфаќајќи дека може да ја прочитаат други членови на семејството, како и пријатели кои можеби ќе ги посетат (1. Тим. 6:18). Добрата вест што им ја носиме на кротките може да им го спаси животот (1. Тим. 4:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели