Добро искористи го своето време
1 Јехова е свесен за времето. Тој сака и ние да бидеме свесни за истото. Преку својата организација ни помага да го постигнеме тоа. Подбудени сме да бидеме „секогаш богати во делото Господово“ (1. Кор. 15:58). На овој начин, можеме да бидеме поделотворни во Јеховината служба.
2 Сите ние го имаме истиот временски износ — 168 часа седмично. Колку добро го користиме своето време? Дали покажуваме дека навистина знаеме кое време е сега од Јеховина гледна точка? Дали вниманието ни е одвлечено со неважни активности?
3 Важно е да бидеме добро организирани. Многумина се обидуваат да одржат една листа на приоритети. Секоја работа е ставена на листата според нејзината важност. Како може тоа да се одреди? Библијата вели дека човекот треба да „го гледа доброто во секој свој труд“ (Проп. 3:13). Некои задачи даваат подобри резултати отколку другите. Земи ги во обѕир резултатите што ги дава секоја од нив. Дали од завршената работа ќе се добие значителна корист? Ќе ‚го видиш ли доброто‘ од својата напорна работа? Ако не, тогаш тоа не е задача со висок приоритет.
4 Во нашата служба: Цениме кога другите доаѓаат навреме на состаноците за служба, внимателно ги слушаат упатствата и навреме заминуваат на подрачјето. Треба порадо да бидеме зафатени со проповедање отколку со чекање. Павле очигледно имал цврст став кон добриот ред кога напишал: „Сѐ да се врши како прилега и уредно“ (1. Кор. 14:40).
5 Кога сме во службата на проповедање, може да изгубиме драгоцено време во паузите за кафе. Меѓутоа, кога временските прилики се лоши, паузата ќе нѐ освежи и ќе ни помогне да продолжиме. Сепак, многумина претпочитаат да бидат зафатени со сведочење на луѓето, откажувајќи се од дружење со браќата на паузите за кафе во текот на времето што е одвоено за службата. Потребна е рамнотежа.
6 „И штркот . . . ги знае своите определени времиња“ за селидба, а мравката „ја приготвува храната лете“ за да биде подготвена за зимата, вели Библијата (Ерем. 8:7; Изр. 6:6-8). Тука лежи тајната на доброто користење на времето. И ние мораме да ги знаеме ‚определените времиња‘. Без да бидеме претерано крути, треба да сме свесни за времето. Не е доволно само да знаеме што треба да направиме туку и кога треба да се направи истото. Треба да ни стане навика да размислуваме однапред, земајќи ги во обѕир можните одолжувања. Исто така, треба да бидеме спремни да скратиме од некои активности за да ни остане време за нешто поважно, како што е подготовката за нашите состаноци, за службата на проповедање и за други теократски активности.
7 Ние сакаме да бидеме како нашиот небесен Татко, Јехова Бог, кој нѐ учи дека „сѐ има свое време“ (Проп. 3:1). Со добра употреба на нашето време, можеме ‚службата своја да ја исполнуваме добро‘ (2. Тим. 4:5).